Бик во комбинација со подзнак лав, кога ќе се зачепчи за нешто, не пушта, нити попушта, резонира, логицира, афектира во големи количини, под одредени околноси и услови експлодира, лошата страна на паричката. Вкопан во земјата, бикот не му дозволува на лавот да се “прчи“ и во гро план да се изрази неговата суета, го кара, го смирува разгаленото детиште, го спушта на земја, а овој пак, ржи во нужни ситуации, во шпицот пред шалтер во банка коа некој наудрен те настапнува на жуљ, а под напон и притисок од 200 цигли, успехот на секое поле не му бега, две противречни природи на материјалист и идеалист кои расипуваат расположение со меѓусебно докажување, препукување и попуштање е тогаш лесни за манипулација си ги насочувам кога, каде и како треба. Средината на блиските како преставници на најинтуитивните и уметнички риби, ракови, скорпии ми делуваат небесно поспано, ја расплинуваат имагинацијата и ми го пореметуваат материјалистичкиот свет на гледање на работите и излегува детето од светот на Недојдија, способно за љубовта во секаква форма со сите нејни уметнички изрази, па макар и била вулгарна. Констелација из снова
Близнаци со подзнак близнаци.... http://www.youtube.com/watch?v=wTFaTG6c9Mk Песнава ко за мене Само што кај мене е вистина....