Ајде малку да се подискутира на темава доста беа мислења од 10 каракатери максимум. Не дека многу верувам во хороскоп ама откако фемина ни е на терен сите си го читаме редовно, дури и братми и многу други другари. Знакот ми е шкорпија и ретко кога ми е точен, кога ги прочирав карактеристиките за шкорпија пред некое време и тие исто така не ми се точни, на сето тоа си реков "океј е, глупости, ретко кога е точно за било кој" и онака тоа отсекогаш ми било некоја невозможна наука. Пред некое време си реков да прочирам нешто повеќе за стрелец затоа што сум родена последниот ден од шкорпија да видиме што ќе кажат ѕвездите и верувале или не од страна на карактеристики и дел од месечниот хороскоп ви се точни во целост. Продолжив да си ги читам и двата знаци, пуста шкорпија не ми се дава. Има некој да каже нешто повеќе околу ова, има ли некое слично искуство.
Јас имам хрватски Вечен календар(Stoljetni kalendar) според којшто Шкорпија трае од23-ти Октомври до 22-ри Ноември,а Стрелец од23-ти Ноември до 21-ви декември!Тој е најточен,на интернет на Википедија не се точни датумите за траењето на секој хороскопски знак,па можеби затоа си имала забуни што си точно во хороскоп!Инаку,на карактерот на личноста влијае и подзнакот и Месечината во кој знак се наоѓа,влијае и кинескиот хороскоп,јапонскиот,ацтечкиот и сите други можни хороскопи за секој аспект од човековата личност!Не се секирај за тоа што си во хороскоп,битно е само ти да бидеш добра личност што ги сака и им помага колку што може на другите луѓе!Се надевам дека ти помогнав и дека сега некои работи ти се многу појасни!
^ хахах многу добар крај на постот, ти благодарам И ова е мистериозна наука, која тешко може да и се верува, а и на крај краева пак лично јас кога и да прочитам хороскоп за рок од една минута ми е заборавен, се е навика. Инаку си преферирам за читам статии на психа.цом, има многу за видови личности и такви работи многу позначајни од хороскопот
Види, зависи од годината на раѓање, некогаш се случува некој знак неколку часа или еден ден подолго да се задржи, некогаш порано да заврши... Оди на овој линк http://astro.cafeastrology.com/cgi-bin/astro/natal пополни го, покрај датум ќе напишеш и час и место на раѓање, кога ќе ти излезат резултатите ќе прочиташ во табелата кај sun sign дали си шкорпија или стрелец