1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што студиравте и дали работите според струка?

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 16 август 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Тука може да се искажат тие што имаат дипломирано. :) Па девојки, на кој факултет дипломиравте и дали сте задоволни со изборот? Како се снајдовте по дипломирањето и дали работите тоа што го завршивте или нешто сосема трето?
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    По темава ако се водиме значи сите се со средно образование и се невработени ... :^) :lol:


    Он топик ... Може да кажам дека и јас спаѓам во група кај што едно учев а сосем друго ќе работам кое нема допирна точка со сегашнава професија ... |(
    Ама не жалам , точно дека ми беше многу потешко да учиш нешто што не го сакаш , нешто што не те интересира и не ти е за во иднина... Ама кога ќе подразмислам од таа бранша сега имам солидни познавања , ако не учев тогаш сега поима ќе немав од некои работи , кои ми се нашле и ќе ми се најдат во животот :)
     
  3. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Јас лани дипломирав на филолошки факултет,англиски јазик и литература...и сеуште сум невработена. Работам чат-пат нешто хонорарно преведувам, ама официјална работа немам. Многу, многу не се надевам, некако во системов на нашава држава тешко е за работа, се се вработуваат со тешки врски. Епа што да правиме ако сме од некое просечно семејство, а не од буџетарско...
    Дај боже еден ден да се вработам да ми се исплати трудот па и да помогнам дома, на моите кои ме финансирале цел живот.
     
  4. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Во нашата Македонија тешко за работа јас дипломирав едно а работам друго на струката немам ден работено.Не се многу каам.2011 дојдов до подобро работно место платата ми е уште со средно но ми ветиа во октомври ке ми го сменат решението а и со тоа зголемување на платата.Убаво е тоа што го учиш после и да го работиш но во мојот случај не е така.Јас сум од тие генерации кога немаше вработување никакво а не на струката ептен тешки ургенции.сите фабрики во Македонија кога пропаднаа жртва на транзицијата.Во институцијата каде што работам е се млад кадар дипломирани кој работат на струка амбициозни кој одат напред за да се стекнат со титули Mr i Dr ама се и финансиски добро потковани земаат големи плати а се млади слободни не се во брак платите се за нив а тука се и мама и тато.Тоа е срека и јаки врски феминки мој да си се запослиш на струка.Несакам да сум песимист имаме многу факултети во Македонија но каде ке се запослуваат дипломираните.
    Има твој колешки асистентки кој работат на Штипскиот универзитет имат звање помлад асистент или наставници.Многу од нив патуваат од Скопје.Ама се ти е јасно.....
     
  5. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    Дипломиран професор по италијански јазик и книжевност.
    Работам на брод, дипломата дома фаќа прашина.
     
  6. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Завршив туризам и имав многууу среќа,што веднаш ме примија на работа ;)
    ехх да беше така :lol:
    најдов работа по струка но по една година дотогаш работев во радио,по струка работев уште додека студирав,но потоа вработија друга,да таа остана трудна и ете пак си ја вратив работата :)
     
  7. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Студирав психологија а работам како агент за недвижности.
     
  8. Ivanna25

    Ivanna25 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Студирав економија и работам во банка, по струка. Заљубена сум многу во својата професија и изборот што го направив за мојата кариера.