Дипломирав на машински факултет во Скопје и полека но сигурно почнав да мислам дека погрешен факултет сум студирала. А сега ради рекреација се запишав и на доквалификација.
Осигурување... Сум се потценила, мислам дека можам многу повеќе... Не дека е ептен лесно, ама можам јас и многу повеќе...
Филолошки факултет Блаже Конески- српски јазик и книжевност, така се водиме, инаку ги учиме и предметите од македонски јазик. Кога ќе завршам ќе можам и македонски и српски да предавам. Апсолвент со уште некој испит. А сега сакам и психологија да запишам, желба ми е, и мислам дека ќе ме биде. Па здравје само, ако се запишам ќе се пофалам.
Филозофски, социологија. Сега би сакала да се префрлам на друг или едноставно да се откажам, но ќе туркам до каде можам. Инаку сега сум на пола, трета година сум.