Јас сега планирам да се запишам на физиотерапевт во Битола на Св.Климент Охридски и многу ми е страв како ќе почнам сама. Инаку студира ли некој на овој универзитет ?
Ја сега оваа година сакам да се запишам односи со јавноста на Правниот "Јустинијан Први" и многу ми е страв нез како е таму, предавања, професори, скрипи, организираност.... Знам само дека бил нов смерот (од пред 3 години) Студира ли некој на овој факултет или па знае нешто ?
Завршив -поточно во мај ми беше апсолвентската -БИТОЛА студирам на ВИСОКАТА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА-општа медицинска сестра..
Студирав Информатика на ЕУРМ (Европски Универзитет) 2007-2010, после вонредно средно медицинско за медицинска сестра тоест медицински брат 2011-2013
Извини вака што упаѓам на пост од 2016 ама ќе бидам сега прва година на овој факултет со истиот смер, така да би те замолила ако не ти е тешко да ми кажеш нешто повеќе за предметите,професорите и сл. Фала многу.