1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што требало да нè научат на училиште, ама не нè научиле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 18 март 2021.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.435
    Пол:
    Женски
    Ах е то не знам. Сега ме задума. Знам дека тие шо ги познавав од гимназија сите имаа, и во една од двете наши гимназии сум била на час на пракса. АМа можи има поделби по смерови, не помислив на то.
     
    На mode-kristina, nextredstyle и Amellie13 им се допаѓа ова.
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.773
    Мислам дека и барем еден од општествените смерови (Б) има психологија, а математичкиот смер целокупно нема.

    @edna_malecka мислам дека нашата политичка неписменост допринесува да бидеме во таква ситуација каква што сме.
     
    На mode-kristina, Peperutce1115, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    41.686
    Пол:
    Женски
    Да и јас така знам. Само општествените дека имаат.
    Инаку, дел од работите кои ти ги наброја, се учат по Граѓанско. Е сега кај нас е проблем што теоретски си постојат, но и тие само колку за оцена, а не за да се сфати суштината на работите.
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    ОХБ , ЈУА и ЈУБ имаа по една година.Ама еве кај мене конкретно во генерација само ЈУА смер се формираше и тоа беа некои 15 луѓе, колку што ми текнува, значи мал интерес :D.Не се обрнува внимание на психологија, вака целокупно.
     
    На mode-kristina и Amellie13 им се допаѓа ова.
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.773
    Искрено, не се ни сеќавам, може и до мене е што не ги знам, не велам не :D.
     
  6. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Според мене не станува збор за типична пракса, туку пополнување на обрасци, формулари, уплатници за време на часот. Исто, би било убаво да има посета на банки и други институции за да не се чудиме каде да одиме кога ќе влеземе првпат.

    Имав доста потешкотии кога започнав на факс, од уплатници па сè до пополнување пријави за испит. И се согласувам со тебе дека овие работи не треба да се учат во основно, туку во 3-4 година.

    Останатите предлози се супер.Одлична е идејата за прва помош. За сексуалното образование веќе се има дискутирано и е неопходно, па дури и при крај на основно треба да се воведе.

    Но, мислам дека главниот проблем е неажурноста на професорите. Ако се сеќавам добро, во учебниците имавме лекции за тоа како се пишуваат молби, писма и сл, но ние ги прескокнувавме тие лекции. По Бизнис истото беше, ќе предадеше професорот накратко и толку. Имавме и Граѓанско образование каде професорката ни ги читаше лекциите од збор до збор без да ја објасни суштината. Исто, друг проблем е тоа што најчесто ваквите предмети се изборни и ретко кој ги одбира.
     
    На Bezimenka90, Stephen Amell, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Абе добро сега пополнување формулари и пријави не е нешто на кое треба да се посвети повеќе од пола саат работа да се научи...за банки и институции, да, треба подобро запознавање со нивната работа и услуги.
     
    На Bezimenka90, f.girl и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    41.686
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа, не мислев на тебе.
    Општо зборувам, да не ме сфати грешно.

    Дека прашањето на Демон беше кои постоечки предмети можат да ги вклучуваат работите кои не не' научиле. Сакав да кажам дека и да постои нештото, не се обрнува внимание кај нас, само теорија напамет набубана. Не секаде и не секој.
     
    На nextredstyle, theowndemon и pdb123 им се допаѓа ова.
  9. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.773
    Не, не, не си го сфатив така, туку јас го велам :D. Искрено, не паметам ништо од тоа што сме учеле во основно (граѓанско беше во 8-мо, така?), освен работи од поматематичките науки затоа што се поврзани и се учат во континуитет :D. Ама тоа е до мене и мојата слаба меморија :wasntme:.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Можно е да. Јас бев ОХ-А и немавме, другарка ми на ЈУ-А имаа. Стварно не знам зошто некои имаа некои не, психологијата и сѐ она што опфаќа е потребно за сите без разлика дали се математичари, економисти, правници итн.
     
    На mode-kristina, nextredstyle и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    39.962
    Пол:
    Женски
    Еден куп ствари.

    Ете, ќе се согласам за почеток со @Amellie13 за во кујната.
    Многу не знаат да готват, и мислат дека е смешно и интересно.
    Не мислам дека треба да бидеш експерт за готвење ама основни работи треба да се знаат.
    Кога некој ќе ми рече дека шпанско село им е пржење јајца, останувам со подотворена уста.
    Мислам дај, доколку останеш сам дома или пак седиш во студентски, нема да чекаш нон стоп од мајка да ти готви или праќа а и не верувам дека па и нон стоп ќе одеш по ресторани или сендвичари и да јадеш.

    Сексуално воспитување.
    Често ги читам темите во Секс, не знаат како се останува бремена, не знаат за спб, им е срам да одат на гинеколог а да не збориме ако се работи за машки гинеколог, срамота.
    21 век сме, има интернет, ако истиве информации не ги добиваш на училиште можеш да прогуглаш и да го најдеш она што те интересира наместо да се глупираш по интернет и да поставуваш бесмислени прашања од типот ми сврши на стомак дали можам да останам бремена?

    Ќе се согласам и за пополнување на формулари, пополнување за уплата во пошта/банка.
    Пишување cv, и слични такви работи.
    Имам забележано многумина не знаат што да пишаат во поле националност и често се распрашуваат = Што да пишам овде?
    Мислам, втф?
    Тоа е основно што треба да го знаеш.

    За психичкото, менталното здравје исто така.
    Треба да ги потикнат дека не е срамно да се посети психијатар/психолог.
    Многу се срамат и плашат поради тоа што ќе рече народот зошто Петра минатиот вторник отишла кај Слаѓана која е психолог.

    Да не се повторувам, битните работи се кажани на темава. :)
     
    Последна измена: 18 март 2021
    На Guns N` Roses, edna_malecka, Celltica и 7 други им се допаѓа ова.
  12. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.088
    Пол:
    Женски
    Многу работи. Ако земам да набројувам, ќе нема крај, а сексуалното образование по коешто се плука, фокусот на менталното здравје, домаќинството се веќе набројани. Ви рекла и толеранцијата затоа што така ќе научиме да не исмејуваме и понижуваме некој што е поразличен од нас.

    @theowndemon никој не замерува ако зборуваш на дијалект, напротив. Вистина е дека не нè научиле правопис, ама овде не се мисли на дијалекти, туку на основните правила во македонскиот јазик. Колку луѓе пишуваат незнам, неможам, нај убаво, прибидејќи, посекако, кој (за множина), Швецка, одкако, свати итн. , а имале петки по тој предмет. Многу работи има што мора да се знаат без оглед на тоа дали зборуваш на стандарден јазик или на дијалект. Слободно зборувај си на дијалект.

    @Amellie13 јас бев ПМБ и немавме психологија како предмет. За јазичните смерови не знам, ама знам дека ОХБ имаат психологија.
     
    На nextredstyle, Amellie13, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    31.187
    Не прочитав шо сте пишале, ќе пишам за работи кои ми текнаа во моментот.

    Пред се, како да се пополни уплатница за во банка, основното нешто. Многу пати сум била сведок млада, образована личност не знае една уплатница да потполни.
    Друго, како да се напиши Cv. Многу пати читам како не се знае шо треба да содржи едно сиви и како да се напиши.
    Како да се отвори трансакциска сметка во банка. Ова не само за кај нас, кога ќе научат за тука ќе знаат и за странство.
    Мислам дека ова се најосновни работи и е срамота да не знае млада образована личност.

    Психологија како дел, но не она класично професорот ќе предадава, учениците ќе поспијат и готово. Туку разговори за секоја тема. Јас учев психологија во средно и на факс, но не учат сите. И дека е нормално да се оди на психолог и психијатар. Не е тоа ништо срамно ни страшно.

    Друго, сексуална едукација, заштита од болести и бременост, најобавезно. Често читам низ форум не сакаат бебе, ама партнерот свршил во нив без заштита, па си ја чукаат главата. Сексуалната едукација е многу битна, се повеќе млади стапуваат се помали во сексуални односи, а не знаат во шо се в пуштаат, шо сум јас многу против тоа.

    Пред се, повеќе учење на култура, почит и на вистинските вредности. Оти се повеќе вредностите се губат, за жал.
     
    Последна измена: 18 март 2021
    На edna_malecka, Snowflake97, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.435
    Пол:
    Женски
    Нема врска остај, ептен сељачки наслов имав напишано и првата реченица беше ко мајтап за насловот ама модератор ми го смена. :rofl:
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Социјална интеграција и адаптација.
    Решавање проблеми и конфликти.
    Реални, секојдневни обврски... дома, на улица, во институции, во друштво.
    Како функционира системот?
    Соживот.
    Инклузија.

    Нема дијалог во школите.
    Наставникот предава или испрашува, децата одговараат или слушаат.
     
    На edna_malecka, M.B., Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Како да се стекне самодоверба!
     
    На edna_malecka, WildMk и Limpan им се допаѓа ова.
  17. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    3.085
    Пол:
    Женски
    1. Сексуална едукација
    2. Да не запознаат со повеќе болести по биологија, како настамуваат, кои се симптомите и слично
    3. Во основните училишта треба да се воведе практична настава по предметите( хемија, биологија и физика)
    4.Како да бараме работа, и како да аплицираме за работа( основно образование)
    Постои и друго но не ми текнува во моментот.
     
    На edna_malecka, WildMk, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    3.598
    Пол:
    Женски
    Како да не шириме зло!
     
    На edna_malecka и mode-kristina им се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Веќе се што е потребно и што би кажала сте напишале.

    Уште од основно училиште децата треба да се учат најпрво дека имаат одговорности, како во домот, училиштето, во општеството и општо низ животот, бидејќи се повеќе децата не се свесни за тоа и се понашаат 'како дува ветрот'.

    Околу готвењето некој имаше спомнато погоре, дефинитивно е потребно бидејќи стварно е срамота една салата да не знаеш да си направиш, а има доста деца што стварно не знаат.
    Јас памтам порано кога јас бев основно се воведе еден час ако не се лажам беше 'вештини на живеење' не знам дали сеуште постои, ама на тој час ние учевме тоа, правевме туршија, кисели краставички, месевме тесто, плетевме и сл, па ни беше доста интересно и се забавувавме, ги имавме како блок часови секогаш 6ти и 7ми ама беа доста забавни без предавање без ништо, ако веќе не постои часов мора повторно да се воведе.

    Околу психологијата јас учев во средно ама само една година, според мене психологија треба да се воведе уште од прва средно и секоја година да се учи.

    И сексуално образование задолжително уште во основно, исто порано додека бев во основно идеа од црвен крст и ни предаваа околу спб, бременост, дрога и сл, сега стварно не знам како немаат такви предавања децава, а потребни се и тоа премногу. Бидејќи живееме во такво општество уште како во камено време па девојчиња сеуште се срамат да отидат на гинеколог, уште од мали некако погрешно не учеле дека тоа е срамно, интимните делови се срамни, бебето штркот го носи.

    Секако основните работи како пополнување уплатници, или вадење на некои документи, изводи, венчаници и сл, тоа мора да се учи во школо, за ова се потребни само два часа да се научи. Еве искрено јас сеуште не знам како се пополнува уплатница и секогаш кога треба да плаќам со уплатница им викам на шалтер да ми ја пополнат. Околу вадењето документи, од каде се вадат, што се ти е потребно да носиш, за да не се случува тоа оди ова ти фали, после уште 10 други работи фалат и никако не можеш со комплетни документи да отидеш и да завршиш работа од прва.
     
    На edna_malecka, Billy Idol, bicycle и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MeowMeow

    MeowMeow Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Да не набројувам работи што ги пишале и другите, само ќе додадам и самоодбрана и заштита, како да се реагира во случај на пожар, поплава, земјотрес и слично, а и како што вика @pdb123 запознавање со основни права и препораки за исхрана, физички активности и здраствени препораки.
     
    На Ugly Duckling, edna_malecka, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.