Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што требало да нè научат на училиште, ама не нè научиле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 18 март 2021.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.490
    Допаѓања:
    165.898
    Пол:
    Женски
    Интересно дефинитивно. Јас памтам во мое образование рано основно сме учеле ова али никогаш пак не се повторило или пак да сме имале некоја вежба. Сме имале вежба за сообраќајно однесување како пешак, глумевме ролплеј во училница. Еве до ден денес го памтам. :D

    Јас го имав предметов. Генерација или две после мене го снема. Па после пак кај брат ми беше изборен. Само за жал ние само салати праевме и сендвичи и ништо друго. :smirk:
     
    На mira.mira, Bezobrazna01, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    За самоодбрана ми текна и мене ама ми помина времето за редактирање и не сакав друг пост да пишувам.
    Дефинитивно треба во склоп на физичко да се посвети малце време и на ова.

    За ова во средно имавме обука за во случај на пожар како треба да излеземе и постапиме. Ама не беше како вежба повеќе пати да ја повторуваме, туку само еднаш.
    И беше баш реално од страна на пожарната беше организирано, запалија огин во метални канти. И од еднаш реално никој ништо не запомни, сите трчавме и после чекавме надвор додека да изгасат.
     
    На mira.mira, Bezobrazna01, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    Ми текна уште нешто. Имам читано дека некаде децата ги учат на градинарство. Мислам дека и тоа е многу потребно да се учи особено во раните одделенија. Ова е целосно практично, децата се учат за различни семиња, како да одржуваат различни растенија и најважно како да си растат сопствена храна. Плус е уште една можност децата да поминуваат време надвор и да се раздвижат наместо цел ден во клупи со книги.
     
    На edna_malecka, poi, Celltica и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.037
    Едно од побитните работи во животот:nod:, сабајлево мислев на ова во склоп на темава. (y)
    Фала што го срочи за мене, оти ако почнам јас за важноста на биљарството, 3 дена ќе пишувам и најпосле ќе ме банираат(facepalm).
     
    На Celltica, Bezimenka90, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.387
    Пол:
    Женски
    Се сетив за орална хигиена.
    Многу битна, многу.

    Колку пати сум имала прилика да зборувам со личности кои ги мрзи да измијат забите, не да труи, корне.
    Редовно менување на четка а не иста да користиш година две.
    Ако ти е расипан забот, многу е веројатно и од него да доаѓа незгодната миризба, посети стоматолог да го среди проблемот.
    Стварно е незгодно.

    Е и тоа треба.
     
    На Just_a_kid, edna_malecka, poi и 8 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.771
    Допаѓања:
    266.797
    Прости домаќински работи.
    На потежок начин научив :u:

    Него, како да обојам облека црно?
    Т.е. црна е, да обновам боја?
     
    На Just_a_kid, edna_malecka, poi и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    1. Samoodbrana
    2. Da se prepoznae manipulacija od sekakov vid
    3. Menstrualna higiena I higiena na telo
    4.Meditacija I smiruvanje na umot
    5. Zanaetski veshtini so koi vo teshki vreminja mozes da se prehranis
    6. Ekonomija na ziveenje,da znaeme I so minimalni sredstva da ziveeme
    7. Pochituvanje na razlichnosti
    8. Pochituvanje na stari I nemokni I empatija kon niv
    9. Optimisam I uzivanje I sreka na sekojdnevni nesta(izgrejsonce, ubav izbor...)
    10. Nesebichna I bezuslovna ljubov
     
    На Just_a_kid, edna_malecka, Biljarkata и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Сте опфатиле скоро се, да не се повторувам.

    Ќе одговорам на ова:

    За добар дел од сите работи мислам дека има веќе постоечки предмети. Пример граѓанско право, бизнис, биологија, има веќе предмет психологија, само што не е задолжителен.

    Да додадам мислам дека треба како задолжителен предмет да се воведе логика и да се стимулира логичкото размислување кај учениците, наместо досегашното учење на памет.
    Џабе ќе дадат пример како да се потполни уплатница, кога утре кај број на повикување ќе пише буквално "број на повикување" место да го пише е*аниот број. :D

    Исто сметам дека некои работи се непотребни толку детално да се учат, како на пример бизнис планот. Што е толку потребен ко да секој втор ученик ќе отвара своја фирма утре, а уште не ги научиле основите на економијата како понуда и побарувачка?
     
    На Ugly Duckling, edna_malecka, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.490
    Допаѓања:
    165.898
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ова е предвидено ама никој нема седнато да му кажи на децата како да учат со разбирање. Инаку предметите општо гледано почесто поттикнуваат логичко мислење наспроти креативно. За жал, многу малку се поттикнува креативно мислење во нашето образование, а е доста, доста важно.
     
    На MeowMeow, nextredstyle и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  10. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Во Македонија сериозно за кредити требаше да нé научат, колку вкупно те кошта еден кредит.
     
    На Angie1432, edna_malecka, pdb123 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Дека оние кои чесно учат и се трудат нема да успеат колку тие кои имаат врски и способност да ги газат останатите.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    16.959
    Пол:
    Женски
    При крајот на средното образование(а со тоа станување и полнолетен)да се учи кои се обврски ги имаме ние кон законот,државата,каква одговорност имаме,на кој начин не штити нас законот,кои се нашите права и должности.
     
    На Bezobrazna01, theowndemon и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.467
    Допаѓања:
    12.414
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам со членките погоре дека мора секој човек да знае да чисти, готви, пере, пегла. Едноставно по некој сплет на околности некој луѓе никогаш во животот нема да имаат потреба тоа да го прават самостојно и тоа е океј.. Другото се е веќе набројано..
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Прво и најосновно, што според мене мора да се учи од најрана школска возраст е бонтон. Основните манири се нешто што влијае на целата перцепција на една личност, и посебно внимание треба да се посвети во фаза на оформување на личноста. Џабе се сите други научени вештини, секој вид на едукација, ако децата од мали не се научат на бонтон. Барем за мене, првото нешто што може да ме одврати од човек, без разлика колку едуциран, какви вештини поседува и што може сам да направи, е ако нема основна култура. Посебно разочарувачки е кога од мали деца се гледа дека немаат асполутно никакво воспитание, а има еден куп деца што не знаат дека треба да кажат едно основно „добар ден“ или “здраво“ на комшија.

    Бидејќи на воспитанието најмногу влијаат пред се домашните, мислам дека мора да се обрне внимание и во училиштата. Џабе ќе ги учиме на домаќинство и градинарство, кога човек е социјално суштество и пред се му требаат тие основни социјални вештини.
     
    На Ugly Duckling, Angie1432, Bezobrazna01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Прво нешто што треба секој образовен систем да го усвои е фокус врз критичко размислување, и ставање крај на шаблонскиот систем.
    Кај нас тоа е научна фантастика, почнувајќи прво од менталитетот во домот, па на општеството, и на крај луѓето со егзекјутив улоги.
    Ако секој просветен работник вложи малце повеќе воља и енергија од потребниот минимум кој се бара во работата со деца, верувам дека ќе има некаква промена кон подобро. Притоа не наметнувајќи ги своите убедувања, ова е најважниот дел во целата историја.

    Лично на мене, најголем проблем ми беше да ја преминам целата бариера основана на заблудата дека образованието во склоп на образователниот систем е клучот до успехот. Целиот процес, сите правила и авторитети, почитта, оценувањето... уат а лоуд оф бул.
    И тоа доаѓа од оддличен ученик со репутација и обемно знаење.

    Значи, имам знаење, карактер, и ќе си земам право да тврдам дека сум личност која размислува рационално, логички и критички.
    Научив се' што треба(ше) од книгите што ги имавме, и многу малку повеќе од тоа што ме интересира настрана. Се' тоа е повеќе од основниот авриџ стандарт, џаст фор ди рекорд. Ама немаше опции за нешто повеќе ако сам не го побараш и избориш за да добиеш шанса да пробаш само, не пак за некој чекор повеќе. Слаба интеракција, незаинтересираност, не достапност...

    Сега гледам да примам информација од секаде и да ја обработам за да го извадам максимумот. А врз база на претходно искуство, да најдам начин да остварам што сакам.

    Часови за извршување домаќински задачки не мислам дека задолжително треба да има, дома секој гледа што се прави и треба да се прави, и најбитно како се прави, од најмала возраст. Момчињата не треба да бидат исклучени од такво воспитување, за подоцна учител да ги учи како се прави. А на девојчињата не треба да им се вкоренува парадоксалниот стереотип дека тие треба да работат во домот.
    Ако некој сака, нека има опција за избор, да. Бидејќи не секој ќе пројави интерес за нешто повеќе од основата која ја има дома.

    Подигнување на свеста за се' друго, човекови права, ментално здравје, сексуално образование, човекова интеракција, животна средина итн., треба да се зголеми 10 пати, а таму каде што воопшто ја нема, да се почне одма со работа.

    Но пред се', потребно е да има држава и систем за народот кој функционира.
     
    На Ugly Duckling, edna_malecka и Bezobrazna01 им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.037
    Не можеш тоа да научиш, постојана променлива е:D.
    Ама би можеле да имате предмет- народни поговорки. Пример- пушти си ги нозете колку што ти е долга чергата (или не земај потрошувачки кредит); сиромавиот секогаш плаќа два пати, евтиното месо ни кучињата не го јадат и сл. Секако, тоа не е во духот на заштита на банкарскиот сектор и конзумеризмот општо, па никој нема да ве научи.
    Многу логичко ми е мислењево- можеби затоа што и предмет логика сум имала:?:...или ради предметот филозофија е ова:wasntme:.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Да не бидам сфатена погрешно, некогаш има смисла да се земе кредит, да речеме за живеалиште, тоа знаеме дека ретко кој може да го заштеди во разумно време во Македонија или да го искешира целосно.
    Само навистина имам впечаток дека повеќето луѓе немаат елементарно познавање колку вкупно чини кредит, со сите камати и имам впечаток дека луѓето земаат кредити за сосема нелогични работи, како на пример правење на свадба, одење на одмор. Лично познавам луѓе за одмор што земаат кредит, пред да ги познавам нив и лично од нив да слушнам мислев дека не постои како појава и дека е онака изрека во Македонија.

    Ама сериозна сум дека во Македонија битно е да научат луѓево основи на вадење проценти и што значи камата. Ние учевме негде таму во основно кога учевме за проекти, ама тоа беше некои 2 задачи што мислам дека не беше ни доволно.

    И се сложувам за елементарни општествени вештини што беа спомнати погоре, како уредно составување CV, основа на пополнување формулари ние учевме, ама по тоа што читам горе не се учи, елементарно готвење или основи на домаќинство сметам дека е во основно покорисен предмет од ОТП (не знам сега како се вика, знам дека сум од одамна, мислам техничко образование). Генерално за основно и средно мислам дека многу корисни работи можат да се вклучат за да знаеш да функционираш подобро како единка. Еве јас лично на факултет се научив добар дел од сите овие работи, зошто имав потреба. Не дека нема да се научи човек кога мора, ама ако веќе учиме музичко за да имаме елементарно познавање, сметам дека и нешто во оваа насока би било корисно.

    А да, и CV мислев до скоро дека нема потреба, после дојдов во допир професионално со интервјуирање луѓе за работа и сешто видов во CV.

    Едит: И репродуктивно здравје пред адолесценција. Мислам дека адолесценцијата сé порано почнува и некако касно ми гледа тоа во биологија што се учи негде во 8мо.
     
    Последна измена: 22 март 2021
    На Bezobrazna01 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.037
    За сето погоре наведено, еден збор кажав- потрошувачки кредит;)
    Народни поговорки од блиски народи- скупе су паре:D

    Едит- како ве читам, имам впечаток дека секоја наредна генерација, учи помалку корисни работи од таа претходната.:smirk:
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    [​IMG]
    Дури и Мане знаешe бе :D
     
    На Just_a_kid, Ugly Duckling и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Како прво, требаше да не научат како да учиме :D. Ако не знаеме како да учиме како воопшто и ќе научиме нешто. :rofl:
     
    На Bezobrazna01 му/ѝ се допаѓа ова.