Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што требало да нè научат на училиште, ама не нè научиле?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 18 март 2021.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.387
    Пол:
    Женски
    За сексуално образование ќе се согласам.
    Многумина не знаат како се забременува, поставуваат премногу глупави прашања, табу тема им е разговор со родител на тема секс.
     
    На SummerGirl и Космонаут им се допаѓа ова.
  2. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    3.365
    Пол:
    Женски
    Самодовербата е многу битна работа.

    Теорија да, ама праксата исто толку е важна (да не речам и поважна).
     
    На Hisha, Dentina и Bratot им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Хортикултура, пружање прва помош, постапување и снаоѓање при опасни и животозагрозувачки ситуации...
    Готвење мислам нема потреба, тоа се учи дома. Плетење и везење во 21. век е само хоби.
    И на бон-тон воопшто не обрнуваат внимание |(, а е неопходен.
     
    Последна измена: 6 октомври 2023
  4. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Како се прави и како се води свој бизнис.
    Се траскаме, учиме факултети од четири години, за потоа да пијаме апчиња за смирување кај некој приватник, кој нема ни средно. Како да се справиш со кризи после напуштање на работен однос, како да менаџираш со финансии. Готвење, чистење, земјоделие и хортикултура.
    Практични работи, помалку хипокризија и глумење.

    За машкиве, предмет како и се приоѓа на девојка и како жената не е само објект за исполнување на твоите сексуални фантазии. Да гледаат порно, ама едукативно со објаснување, не она силувањено на pornhub.
    Жените да не глумат субмисивност за да влезат во брак, а потоа да корнат коси оти тоа се очекува од нив. Биди тоа што си, ако не му се допаѓаш ќе дојде друг.

    Како да се препознаат психопати, социопати и нарцисоидни личности. Соодветна евалуација на истите, да си се дружат само сами со себе.
     
    На eliesaab и Malesia им се допаѓа ова.
  5. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    За животот..

    Многу непотребни работи се учат (особено во основно) а баш тоа што треба, општи работи за живот, не се учат. Затоа новиве генерации забегуваат уште пред пубертет да ги фати
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Општи работи за живот дома треба да се учат.

    Во темава вака низ коментари многу измешани брзини гледам. Не може училиште да подготви никого за живот толку колку што некои очекуваат. Животот е училиште. Не се учи се' во школо.
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    Еве основното од претходните коментари пошто моментално друго не ми текнува: прва помош, ментално здравје (не мора да се учат лекции, барем нешто основно за да се нормализира дека е исто како и физичкото, па и многу повеќе битно), сексуално образование, бон тон порано само се спомнуваше како поим, воопшто ништо не се обрнуваше внимание на тоа и многу други работи.

    Не сите имаат родители кои им посветуваат доволно внимание и ке седнат да разговараат со децата за било каков проблем и да им даваат совети за да може да научи нешто дома. Некои воопшто и немаат родители.
     
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Пред се основни работи како хортикултура , важноста на менталното здравје , сексуално образование ( за повисоките одделенија во основното образование ) , преживување во опасни ситуации ..

    Ќе се осврнам на темата " бон-тон " . Тоа се учи од дома . Ако јас не го научам моето дете да каже добро утро на улица , кој да го научи ? Да , наставниците можат да потпомогнат во општата култура , но не и да им го вкоренет истото . Тоа се учи од родители , баби , сестри , браќа итн .
     
    Последна измена: 10 јуни 2024
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.