1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што треба да знаете за сексот и забременувањето? Прочитајте и информирајте се

Дискусија во 'Секс' започната од x.Daisy.x, 24 февруари 2015.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.423
    Сексот не е само физичко дејство.
    Сексот не е рефлексија на твојата вредност како личност.
    Сексот е различно искуство за мажот и жената.
    Сексот треба да биде изграден на темел од согласност.
    Сексот треба да биде пријатен за двете страни.

    Учење на здрави граници и на согласност пред и во пубертет

    Децата треба да научат да можат да кажат „да“ или „не“ и да знаат како да прифатат „не“ за одговор без преговори, напнување, инсистирање. Треба да научат важноста на „не прави лошо“ затоа што е поврзазно со некој или нешто друго. Да се научи дека ако нешто не е пријатно го имаат правото таа активност да престане. Треба да знаат кога да престанат, но и да застанат и да се изборат за себе си. Учење на согласност е вештина што ќе ја користат низ целиот живот.

    • Дали сум подготвена да имам секс?

    Ова иако често прашање нема одговор. Тоа се базира на тебе, твоите ставови, размислувања, и е тотално субјективно. Иако не се препорачува на малолетници и често е исмејувано и огрдувано тоа е твој личен избор. И доколку си решил/а да имаш секс, подобро е да бидеш доволно информирана и подготвена за истото.

    • Прв секс, химен

    Првиот секс може но и не мора да биде болен. Доколку си доволно опуштена и подготвена тоа искуство може да биде попријатно. Со самото тоа доаѓаме до заклучок дека првиот секс може но и не мора да има крв. Хименот е мембрана.
    [​IMG]
    што значи дека може да се рашири. Мит е дека хименот се кине, во смисла дека таму нема никаква дупка и е целосно затворено. При немање доволно влажност, грубост, стегнатост, можно е да дојде до крварење односно „кинење“. Лубрикантот може да биде од голема помош доколку не си опуштена и те боли.


    Како правилно се поставува кондом:


    Градба на женски репродуктивен систем

    [​IMG]

    БОНУС: Чудно е што многу девојки не си ја знаат сопствената анатомија, или се чудат дека „долу“ имаат 3 дупки а не 2.
    Секако првата би била мочниот канал, втората вагиналиот а третата анусот.

    • Дали сум бремена?

    Ако си имала секс со личност од машки пол во изминатите 42 недели, има можност да си бремена. Само апстиненцијата е 100% ефективна форма на заштита од бременост. Дури и кога е користен правилно секој вид на заштита (кондоми, пилули, спирала) не успеал барем еднаш.
    Така што прашањето дали си бремена не е баш корисно прашање. Она што сакаш да го знаеш е колкава е веројатноста за истото, а тоа зависи од многу фактори. Ако сакаш да бидеш сигурна, најубаво ќе биде да направиш тест.

    • Имав незаштитен однос. Колкави се шансите да сум бремена?

    Најважниот фактор во оваа ситуација е дали си имала однос во период од 5 дена пред овулација. Спротивно на популарните мислења, ако имаш однос на почетокот на циклусот или на крајот, шансите за бременост се скоро 0. (Но не се со сигурност 0, прочитај ја точката погоре.)

    • Имам нередовен циклус/полицистични јајници/многу долга менструација, можно ли е сепак да сум бремена?

    Да. Овулацијата е потешко да се предвиди ако имаш нередовен циклус, така што си подложена на поголем ризик да овулираш во време кога жена со редовен циклус би имала помали шанси да овулира.

    • Не користам никаква заштита, но мојот партнер ја користи методата на прекината ејакулација. Можно ли е сепак да забременам?

    Прекинатата ејакулација е подобра отколку ништо. Доколку се извече перфектно, има можност за неуспех од 4% по година. (https://www.guttmacher.org/pubs/journals/reprints/Contraception79-407-410.pdf ) Но, дури и да е перфектно, сепак постои минимална шанса.

    • Партнерот не сврши во мене, ама имавме незаштитен секс пред да стави кондом. Можно ли е да забременам од предсемена течност?
    Преејакулат - предсемена течност е чиста безбојна вискозна течност која се јавува во тек на сексуалниот акт главно на средината на сексуалниот акт додека понекогаш може да биде веднаш пред оргазмот додека некогаш може и по оргазмот , а разликата од спермата е тоа што оваа течност потекнува од булбоуретралните жлезди и содржи сперматозоиди од уретралниот канал , а покрај тоа има и различни хемиски својства , а се мисли дека тоа претставува течност која има својство на лубрикант додека има други тврдења дека тоа е течност со пуферирачка способност за да овозможи нормално пробивање на сперматозоидите низ вагиналниот канал.
    Ризикот да се забремени е различен , зависи од количеството на сперматозоиди , pH вредноста на вагината , денот од месечниот циклус кога е извршен коитусот итн. Сега во некои ситуации има испитувања кои покажуваат дека кај некои индивидуи во преејакулатот нема воопшто сперматозоиди , додека кај некои индивидуи нивото на сперматозоиди е скоро идентично како и кај спермата , но главно во најголем дел има многу мал број сперматозоиди поради кое шансата да се забремени од преејакулат е многу мала <5% , но како и да е сепак доколку не сакате бременост тогаш најдобро е да се користи кондом , со што и да пукне кондомот сепак шансата да се забремени е минимум 2 пати помала и од шансата да забремените од преејакулатот а воедно нормално штити и од сексуално преносливите инфекции.
    Преземено.
    Некои докази покажуваат дека има малку сперма во предсемената течност, а некои спротивното. Некогаш спремата може да преживее во пенисот по ејакулација, така што ако го практикувате ова ова, твојот партнер би требало да уринира пред сексот, за секоја потенцијална сперма што заостанала да се исчисти. Дури и со ваквата претпазливост можно е да се забремени, ама е помалку веројатно.

    • Менструацијата ми доцни, но тестовите за бременост се негативни. Дали се' уште постои шанса да сум бремена?
    Секогаш постои шанса, но ако менструацијата ти доцни четири дена и тестовите за бременост се негативни, веројатно доцнењето се должи на некоја друга причина.

    • Колку време после незаштитен секс можам да направам тест?

    Можеш да направиш тест 10 дена откако сметаш дека си била во овулација, ама има голема шанса да е „лажно" негативен. Ако добиеш ран негативен тест, продолжи со тестовите додека не добиеш позитивен или не добиеш менструација.

    • Можам ли да добијам и да сум бремена?

    Да, многу жени имаат крвави дамки или крварење слично на менструација. Мало крварење кога јајце клетката ќе се „вгнезди“ е често. Обилно крварење е многу поретко, но сепак се случува и не значи дека сигурно не си бремена.


    Како се случува зачнувањето?
    Видови контрацепција

    И за крај, не можеш да забремениш ако свршил надвор од вагината, ако ти свршил на стомак, ако си голтнала сперма, ако ти свршил на гаќите...
    Информирајте се пред да се впуштите во сексуални односи, немојте да бидете игнорантни, сепак, знаењето е моќ.
     
    На Meddy, fast_and_curious, Македонско04!#@ и 75 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.