најмногу ја ценам искреноста, хуманоста, ги ценам луѓето што знаат вистински да сакаат, ги ценам амбициозните луѓе што се борат да си ја постигнат целта во животот
Здравјето без кое не можеме , искреноста , хуманоста , добрината , љубов во секоја смисла , добриот збор и многу други работи , ама овие најважни се .
Искреност,ама уште не сум сретнала таков човек што не лаже, поштување (моментално сум изнервирана од братучедка ми,која не знае за почит спрема повозрасни) , здравје,среќа... И то.
...Кога некој безрезервно те подржува и цени, секогаш е тука за тебе, и за убаво и за лошо, кога љубовта ти ја искажува на чист начин, знае да те сослуша, да те советува без пристрасност...ете и тоа ценам најмногу
ЗДРАВЈЕТО е непроценливо тоа на прво место потоа слогата и љубовта во семејството, поддршката и разбирањето од најблиските а општо кај луѓето карактеристики кои ги ценам се: хуманост, отвореност за муабет и јасно и гласно кажување на тоа што мислат и чувствуваат, јасни и издефинирани ставови и цел
Го ценам тоа што ја имам поддршката од моите блиски за секој чекор направен во животот.Го ценам тоа што имам пријатели кои со мене ја споделуваат сета среќа и сета тага,заедно плачеме,заедно се смееме и се надевам дека ќе остане така.Ценам искреност и многу ми е драго кога некој е искрен спрема мене,а секако и јас сум искрена спрема сите. Премногу ценам почит и мислам дека без почит кон една личност се друго што правиме е за џабе.
најмногу го ценам семејството (особено баба,дедо мама и тато) вистинските пријатели,искреноста,чесноста,хуманоста,љубовта,здравјето,ги ценам луѓето со цврт карактер луѓе кои имаат свое јас,амбициозни луѓе луѓе кои и не потпаѓаат под туго влијание
Здравјето - бидејки без него ништо не бидува Љубов - кон најблиските тие што те подржуваат те прават среќна ти даваат совети тука се за тебе кога ти е најтешко да ти кажат дека не е се така црно ... Пријателство - верни и искрени пријатели рамо за плачење , споделување на среќата ( денес мн се ретки таквите луѓе за жал )
Здравјето е на прво место... Потоа ценам луѓе што знаат што сакаат.. Што се принципиелни.. Што се држат до своите ставови... Што сакаат нешто да постигнат во животот,а не да клошарат цело време.. Ги сакам и ценам вистинските пријатели...Бакнежи до нив! И моите дома... Ве нервираат,но неможете без нив...
Најмногу го ценам ВИСТИНСКОТО ЈАС кај луѓето, т.е. луѓе што не си го кршат сопствениот збор или ветување.
Го ценам вистинскиот пријател, кој без разлика на се, тој секогаш е тука за вас. Го ценам семејството, без кое не можам. Ја ценам вистинската љубов и оној кој знае вистински да сака.
Искрено во животот многу работи ценам..Тие што сум ги направила и тие што ми ги направиле, но најмногу ја ценам искреноста! И секогаш сум искрена со што луѓето околу мене принудени се и тие да бидат искрени. Не би можела нешто да излажам.
Ценам луѓе кои ги исполнуваат своите ветувања , луѓе што цврсто си стојат на зборот , искреност , вистинско пријателство и љубов . Најмногу ги ценам моите родители , со сите нивни добри и лоши страни просто им се восхитувам што успеале да ме изведат на прав пат Какви и да се , за мене секогаш ќе бидат најдобри
Здравјето секако е најважно. А ценам: Искреност, одговорност, точност... Најмногу ги ценам и почитувам родителите.
Здравјето... Вистинскиот пријател кој секогаш е тука за тебе Семејството Искреноста,довербата,човек кој си стои на зборот Но најмногу СОНИШТАТА-за подобро утре,за иднина во која можам да се замислам,свет во кој припаѓам,иднина исполнета со љубов,мир,доверба,пријателство,хармонија ...
Здравјето пред се. Потоа искреноста, вистината, довербата... Луѓето на кои им значам нешто во животот и оние кои знаат да ме ценат и да го ценат она што јас го правам за нив.