Освен здравје во животот ценам: -амбициозност! Често се восхитувам на луѓето кои почнале од нула но со макотрпна работа успале да се искачат до врвот! -трпеливост! Не ретко животот не става во неповолни ситуации кога единствено јака волја и трпение можат да бидат спасот! -љубов! најсилното чувство без кое животот не би имал смисла! -семејство! Луѓето кои ни го овозможиле нашето постоење, заштита и подршка во текот на целиот живот!
Силата на љубовта ја ценам, најмногу, оти таа сама по себе е животот. Искрени, самосвесни луѓе. Индивидуалност - презирам луѓе кои се лепат на туѓите животи, затоа што немаат свој. Толерантност, зошто тоа ги изгладува односите во секоја непријатна ситуација. Секако, и тоа е умешност на живеењето и имањето интелигенција, емоционална и ментална. Амбициозноста, и своја и туѓа, но во рамки на можното и реалното. Секогаш држење до тлото, но со умот во облаци, може. Така успеваат храбрите луѓе. Ценам силни луѓе, оние кои успеале да останат Луѓе, и покрај многуте маки и препреки.
Ценам искреност и лугје кои во одредени ситуации си ја погазуваат гордоста,сто не се тврдоглави,амбициозност и лугје сто знаат сто сакаат во зивотот,посебен однос имам кон оние сто се лјубезни мислам дека и тоа е врлина,многу ги ценам овие работи
ценаM луѓе со цврст карактер кои не пачат и кукаат на сите страни што ги снашло во животот туку со гордо исправена глава одат напред ценам искреност и љубов таа е движечка сила на секој човек
3дравјето и семејството. бидејќи пријателите се менливи нови ќе доаѓаат стари ќе си одат,а семејството секогаш ќе биде покрај тебе. 3дравјето, за тоа не мора ни да објаснувам исто така од особините ми се важни добрината и искреноста. Cе поретко е да најдеш некој искрен човек кој ќе ги каже работите какви што се,а не да ти продава пуфки.
Искрена љубов,едноставно се топам кога ќе видам вистински заљубени и знам колку би сакала да ја доживеам....некогаш Искреност-би одговориле повеќето и тоа ни доаѓа прво на памет,по дифолт.....но каква искреност ,кога од никој неможеш да ја очекуваш?особено денес,затоа не им верувам на очиве кога некој ќе рече-искрен-а сум,колку и да е најценета и почитувана искреноста неможам да ја ценам ,бидејќи од сета оваа дволичност-за искреноста нема место за жал
Здравјето пред се !!! Можете да имате многу пари, можете да ги имате најпосакуваните мажи, можете да сте и највлијателни луѓе на свет, но доколку го изгубите здравјето се е ништо. Си ги ценам родителите и се што ми овозможиле. искреноста,дека денеска е ретка... чесни луѓе кои денеска се ретки... вистинско богатство,човековата душа! Го ценам искреното и вистинско пријалтелство,смеата,радоста,го ценам, животот, трудољубивоста и амбициозноста, храброста, способноста да се биде свој. Ги ценам луѓето кои имаат цел во животот и пробуваат да ја исполнат. Ги ценам благодарните и стабилни луѓе, способноста за простување и секако слободата. И најмногу од се се ценам себеси! Не може да очекуваме од другите да не ценат ако не се цениме самите. Ах да ќе заборавев...Го ценам и форумов
Карактерен интегритет, искреност, да не си го погазува дадениот збор, што си ги одржува ветувањата, човек на кој можеш едноставно да се потпреш. Да знаеш дека тоа што ќе биде кажано, ќе биде остварено. Многу малку луѓе се такви во денешно време, така да ако сакаш да оставиш одличен впечаток, да бидеш ценет и забележан, почни прво со изградба и одржување на таквиот карактер. Барем мое мислење е тоа...
Здравје, искреност, и позитивни луѓе, да ти го рзубават денот, да се огледаш на нив како треба да се живее.
Најмногу ја ценам добродушноста на човекот!!!ценам мн.работи,но ако набројувам ќе изгуби смисол...Добрата волја и намера на човекот се најдоброто и најкорисното нешто во нашиот живот.
Ценам поддршка. Од родители, пријатели, семејство..Било кој! Потребно ми е да знам дека имам некој до мене. Ценам почит и искреност. Многу повеќе би се задоволила ако некој ми каже нешто во лице, макар и тоа да ме навреди, отколку лажен однос и правење лице. Ценам кога некој знае што треба да направи, иако не е кажано. Ценам кога на момче не му е гајле дали другарите ќе го наречат папучар или слично. Тоа ми дава доза на впечаток дека е созреан. Ценам макотрпна работа, труд и амбиции.
Во животот го ценам најпрво здравјето, потоа љубовта и ИСКРЕНОСТА . Ги ценам и моите родители кои што успеваат да излезат на крај со мене и со сестра ми
Го ценам здравјето кое го имам... Ја ценам мајка ми која секогаш била тука за мене односно неизмерната, бесусловна мајчинска љубов која ми ја дава, тоа што ме поддржува... Го ценам искреното пријателство...кое се потешко и потешко се наоѓа... Го ценам дечко ми...односно неговата искрена љубов и почит кон мене...
Во период сум кога осознавам кои нешта ми се навистина важни во животот Ценам искреност,сакам кога луѓето се искрени со мене,макар ми ја кажале и најсуровата вистина,таа е вистината,така е и точка. Почнувам полека да сваќам од колкаво огромнооооо значење се ПРИЈАТЕЛИТЕ И СЕМЕЈСТВОТО да имаш на кого да се потпреш,да се искажеш,да побараш совет,да се насмееш и да се исплачеш.... Исто така почнувам особено да си го ценам МОЈОТ ЖИВОТ,ДА СЕ ЦЕНАМ ЈАС КАКО ЛИЧНОСТ порано не ги сваќав работите вака,гледав од некој друг децки агол,но сега разбирам полека полека и мило ми е!
Пред се, го ценам здравјето. Без него се е безвредно, се е џабе. Само ако човек е здрав може да ги оствари своите цели и да биде среќен. Многу ги ценам искрените луѓе и искрените пријатели, такви кои нема да ти го свртат грбот, такви кои ќе ти дадат поддршка тогаш кога ти е најпотребна. Ценам чесност, и многу ги ценам луѓето кои не се преправаат, кои секогаш се такви какви што се навистина.