Го ценам доброто здравје, пријателството, љубовта и семејството. Според мене ниедно богатство не може да ги замени тие нешта во животот, без нив животот е како градина без цвеќе. Ги ценам сите доблести кај луѓето, добродушноста, љубезноста, чесноста, амбицијата, добрата смисла за хумор, искреноста и за секое добро со добро враќам,а лошото брзо го заборавам бидејќи лошите мисли привлекуваат лоши работи во животот.Го ценам позитивниот став кон животот и ги обожавам позитивните луѓе, со нив животот е многу полесен Моето мото е: Бидете позитивни, сакајте се и се ќе биде во ред!
ја ценам добрата мислам,добриот збор,искреност,...........а и за срека имам од кого да го добијам се ова
Ценам кога некој има став. Цврсти личности,кои знаат сами да се снајдат и изборат во животот. Снаодливост. Недволичност и не изигрување радио-милева. Мудрост.Добродушност.Имање муда да се каже се во лице. Добар смисол за хумор. И још много много тога
Животот, макар што понекогаш го живеам сеедно имам уште најмалку 8 животи, пошто демек деветиот еве ме го терам. Луѓе кои умеат да се задоволат и со трошка, кои наоѓаат среќа и во небитни за мене работи, пошто тоа ми е некако чиста, нерасипана и не така лесно минлива форма на среќа. Искреност, макар и сурова, грда, болна, ама сепак искреност. Издржливи, истрајни луѓе, кои минале низ девете кругови на адот и останале на нозе.. таквите ме јачаат и мене. Макар молчеле покрај мене. Доволно ми е што им ја знам приказната за да им се дивам. Кршливи луѓе исто така, бидејќи нивната кршливост ме буди особено во моите најгрди денови, пошто само таквите ме тераат да се приберам за да ги составам нив... иако не секогаш е успешно, ама тоа е веќе друга приказна. Ми отвараат работа едноставно. А, работата ми е мелем секогаш, ама апсолутно секогаш Моите родители, кои имале чуден начин на воспитување, никогаш не ме галеле, мазеле и пазеле, поради што никогаш не сме биле до толку блиски, иако секогаш сме биле семејство што се собирало на маса за ручек, сепак без нив немало нити да се родам, нити да се створам ваква, како личност. И многу други работи де.. доволно си е ова.
Здравјето, помошта од луѓето кога ви е најпотребна, разбирање, поддршка во тешките периоди, вистинските пријатели, се што ми обезбедиле моите родители со голем труд - материјалните работи, воспитувањето, образованието...што направиле никогаш ништо да не ми недостига од нивна страна
Слобода...да бидеш тоа што си, да не чуствуваш ни грам непотребен товар... Искреност...со неа е Се некако полесно и поедноставно... Активност, движење, напредок, промени...тапкање во место и соживување со улогата жртва не носи никому добро... Љубов, Здравје...без нив залудно е Се...
Здравјето- она што е најважно во животот. Ја ценам искреноста, чесноста, почитувањето. Самосвесноста и самокритичноста. Насмевката, амбициозноста, хедонизмот. Ги ценам цврстите луѓе и карактери кои никој неможе да ги сруши и сопре. Ги ценам луѓето кои од ништо станале нешто и постигнале многи. Ги ценам интелигентните суштества. Моето семејство, љубовта и поддршата што безусловно ја добивам од нив. Возвратена, безусловна, безрезервна љубов и љубовта без никакви очекувања. Луѓето кои секогаш се расположени и спремни да те насмеат. Луѓе кои даваат се а за возврат не очекуваат ништо. Се ценам себе си затоа што сум таква каква што сум, слободна и своја.
најмногу од се ценам луѓе што ќе го исполнат ветеното, искрените луѓе ми се на второто место , на третото место ги ставам луѓето што се ценат пред се себеси !
Во животот највеќе го ценам здравјето,бидеќи ако немаш здравје немаш ништо! Љубовта-од саканата личност,родители,приајтели. Искреноста и Верноста!
Многу ги ценам добрите пријатели, зашто тоа нешто е најретко во светот, сите се расипаа, така да, да најдеш вистински пријател е ретко богатство денес.
Три нешта можат да го уништат човекот: БЕСОТ,ГОРДОСТА и НЕПОЧИТУВАЊЕТО; Три нешта никој не би смеел да ги изгуби: НАДЕЖТА, ЧЕСНОСТА и МИРОТ; Три нешта во животот никогаш не се враќаат: ВРЕМЕТО, ЗБОРОВИТЕ и МОЖНОСТИТЕ; Три нешта се највредни во животот: ЉУБОВТА, СЕМЕЈСТВОТО и ЗДРАВЈЕТО. Така е и за мене.Парите не ги ценам и ги сакам само колку да можам да преживеам.Не дека не посакувам,но што би ми вределе ако го немам болдираното.Затоа тежнејте ова да го сочувате.И почитувате И да бидете благодарни за секој ден поминат со својста љубов,родител,брат,сестра...секој ден исполнет со здравје и благосостојба. Искреноста не можам да ја ценам,зошто сум се разочарувала од луѓе -блиски,на кои сум им верувала и испаднале дволични....
За да го цениме треба самите себе да се цениме..потоа блиските и пријателите.... Ценам хумани луѓе и луѓе кои се покрај мене секогаш и во добро и во зло