Здравјето, семејството и мојот сакан (сите 3 како целина). Се друго ќе си дојде само по себе, и веќе си доаѓа
Љубовта. Мислам дека со неа е поврзано се. Ако знаеш да љубиш и сите ќе те љубат. Ќе ја добиеш љубовта од семејството, љубовта од пријателите, љубовта од секој човек... Ќе цениш се, ќе бидеш благодарен на она малку што го имаш, а и ќе бидеш благодарен и на она што го немаш. Зашто само љубовта го топи и најголемиот мраз во секој.
Кога некој ме сака со сето срце, не ме лаже, изневерува, повредува, ме прави среќна, ме трпи, ги задоволува моите хирови и потреби, ме чува. Тоа го прават мојата мајка и најмилиот.
Во животот најмногу треба да се цените самите себеси.Јас тоа го научив од мајка ми ако се цениш прво самата себеси ќе го цениш сето останато.
Дека Боже ми дал прекрасни родители кои ме ценат ме сакаат секогаш се трудат да ми направат најдобро да бидам најсреќна а и сум! Многу ги сакам што би правела без нив!? Тие ми се најдоброто што сум го имало во животот И сестра ми која исто така ме сака, ме подржува во се и кога правам големи белји таа ме крие од мама и тато, те сакам дадо!