Најмногу го ценам вложениот труд во нешто, вистинските пријателства, вистинската љубов, ги ценам луѓето кои се со тебе кога најмногу ти требаат и сл.
*Вистински пријател! Еве нема кој ме нема разочарано. А кога видам дека можам да се потпрам на таа личност, најмногу ја ценам. *Топол збор од мајка ми. Фала му на Бога што ми го овозможи ова. Ја подобрив комуникацијата со мојата најдобра пријателка и многу го ценам тоа. *Прегратка од било кој странец. Ако сме така соберени повеќе во друштво и сосема спонтано добијам прегратка од некоја личност, расположението веднаш е подобрено. *Здраво и среќно семејство. *Успех кој ми гарантира сигурна иднина.
Здравјето, среќата, љубовта, искреноста, вистинските пријателства, вложениот труд во било што, семејството, убавиот збор и прегратката. Здравјето го ценам бидејќи без него неможеме ништо, односно џабе ако имаме се кога немаме здравје односно сме болни. Среќата ја ценам затоа што најубаво нешто е да си среќен, а исто така и да си сакан. Но за да си сакан, треба да сакаш, така да ја ценам и љубовта затоа што е прекрасно чувство. Искреноста ја ценам затоа што прекрасно е да стануваш и да си легнуваш без грижа на совет, преубаво е чувството кога знаеш дека си искрен и кога се искрено кажуваш. Вистинските пријателства ги ценам затоа што се многу ретки, за жал. Ги ценам луѓето кои што се секогаш тука со мене затоа што без нив не би знаела ништо. Го ценам вложениот труд во било каква работа затоа што и да не успееш, битно си вложил труд, значи си се потрудил, си дал се од себе за да биде како што треба. Го ценам семејството кое е секогаш тука за мене, кое ме подржува во било што, кое ми ја пружа најголемата љубов. Го ценам убавиот збор затоа што убавиот збор железни врати отвара, вели една поговорка. Без него неможеме ништо и џабе ако имаме пари, ако имаме факултет, ако имаме било што... кога немаме убав збор и добро однесување кон луѓето што ни значат. Ја ценам прегратката од било кој затоа што некогаш само една прегратка може да реши се.
здравјето пријателите добрината на луѓето кој се поретко ги има љубовта и едноставно си го ценам ЖИВОТОТ затоа што само еднаш се живее
Најмногу си го ценам семејството, тоа е најсветата работа за мене, како и здравјето. Ако имаш здраво и среќно семејство, имаш се.
Искреност најмногу ценам и поштувам, мразам лагии најмногу...подобро вистината колку и да е болна одколку лага
Мајка ми, искреноста од мојата пријателка и си ги ценам работите за кои што сум се измачила за да бидат мои!
Најмногу го ценам семејството, здравјето и искреноста. Секако и образованието но оној кој го стекнал со труд. Семејството ми е нешто најважно. Дури и кога ќе магистрирам нема да сметам дека сум успеала се додека не оформам семејство. Тоа е нешто што вреди најмногу барем за мене. Џабе ми е и диплома и работа ако јас дома се враќам во празен и ладен дом .