Луѓе кои наместо да викаат еден ден јас ќе имам ова, јас ќе имам она, излегуваат надвор, во овој скапан свет и прават нешто во врска со тоа, за тие желби да им станат еден ден реалност. А не чекаат да им падне од крушата. Луѓе кои нон стоп прават нешто, можеби и не толку корисно секогаш, но не денгубат никогаш. Луѓе кои се амбициозни. И никогаш не се задоволни со знаењето, луѓето и местата со кои се запознаени. Секогаш сакаат повеќе. Изгледа секогаш цениме кај другите она што нас малку ни недостасува..
Тоа што го имам во животот. Среќата и луѓе кои не ја ставаат среќата на коцка. Здравјето. Луѓето кои даваат втора шанса и оние кои го ценат тоа. Искреност. Мали подароци, знак на внимание. Луѓе кои ги забележуваат ситниците. Чесни и добронамерни луѓе, бидејќи се ретки во денешницава. Хуманост. Семејството и вистинските пријатели
искрено си се ценам себе си,моите желби и потреби....а со тоа се што носам во себе ...вистината,довербата,искреноста,амбициозноста,борбеноста,љубовта,оптимизмот,секогаш гледам на нештата од убавата страна... на второ место се моите деца,а се е друго е неважно.........
здравјето пред се,мирот,најблиската фамилија,и убавите зборови! би сакала само да се научам повеке да ги ценам парите!
Никогаш не сум претерувала со желби и потреби и секогаш сум знаела кога треба да застанем и дали нешто треба да барам. Во последен период сфатив дека не сум била свесна колку сум среќа што имам семејство и родители кои ме сакаат најмногу од се, и се спремни да направат се за мене. Што секогаш биле во можност да ми дадат се што ми е потребно, па и повеќе од тоа. Е токму ова го ценам најмногу, и сум благодарна што го имам!
Kaко минува времето, така и мене ми се менуваат најважните работи во животот. Може прво ми беше најважно другарството, потоа дечкото а дури сега најценето ми е семејството. Секогаш ценам мудрост, искреност и посветеност. Го ценам сето она што го имам и го чувам да не го изгубам.
Најмногу во животот го ценам семејството. Искрено премногу го ценам трудот на моите родители,добрината , нивниот успех, постигнатото ниво, разбирањето и секако посветеноста на своите деца. Би сакала еден ден да сум како нив
...... вистината..... се можам да поднесам и болка и солзи ама ако некој ме лажи ,посебно во очи е тоа не можам и попиздувам.....и тоа многу многу,,,,, .........мислам кога има вистина,секогаш има и искреност и доверба,според мене најважните фактори кога станува збор за пријателство,љубов,брак,среќа...... ...... здравјето..... кога човек е здрав полесно се справува и ги поднесува предизвиците во животот,едноставно во здраво тело имаш и здрав дух..... се друго е по дифолт....
Здравје и среќа! Доколку овие две ги имаш, сите други коцки од мозаикот на животот самите си се редат.