Вистината -без разлика колку груба и да е... во секој случај се преживува.. Ги ценам луѓето шо знаат да ценат. Ги ценам оние луѓе кои знаат шо сакаат во животот, си имаат поставено цели и приоритети и неуморно се стремат кон нив. А најмногу од се, ги ценам оние луѓе шо го ценат она шо го имаат и до последна капка крв се борат за истото. (женска/жена; врска/брак)
Ценам некој што после толку проблеми и потешкотии во животот се бори за да успее,некој што не се жали наоколу колку е тежок животот,некој што место да се жали дека се е лошо се труди да го подобри тоа,некој што се снаоѓа и со тоа малку што го има од ништо ќе направи нешто,хуманоста,храбоста,некој што знае да сака,знае што е верност,некој со план,едноставно ценам некој што знае како да живее.
Moжеби сум егоист,но најмногу од се си се ценам самата себеси.Животот така ме има научено,ако не се цениш самата себиси како ќе очекуваш да те ценат другите. Потоа ги ценам искреноста,непосредноста,оптимизмот...
Ценам борбеност и неоткажување од цел, луѓе кои и покрај проблемите во животот се издигнуваат. Луѓе кои не потпаѓаат под туѓо влијание, кои се свои пред се. Ценам и позитива, ми треба многу околу мене да има позитивни луѓе. Затоа што неретко знам да се опседнувам со негативни мисли и чувства, така да потребно ми е позитива и оптимизам околу мене.
Најмногу го ценам она што сум среќна и што имам се што ќе посакам во животот, тоа што ништо не ми фали, што не сум слепа, глува, нема итн.
моите најсакани ги ценам и поЧитувам..исто така и вистината,реалноста кај ЧОвек и оние сто не се срамат од тоа сто се и тоа сто имат.
Најмногу ги ценам луѓето кои што и покрај се знаат да се изборат и се држат цврсто на нозе.Го ценам животот кој што ми го дал бог и затоа го зграпчувам секој миг.Ја ценам љубовта бидејќи е единствено нешто кое што никогаш нема да исчезне и покрај целата омраза таа испливува на површина.
Фамилијата, здравјето секако си го ценам бидејќи откако ке се изгуби најмногу се цени, дечко ми мојата душа тој е мојот скапоцен камен
Најмногу го ценам семејството, а поготово што ме создале ваква, каква што сум... Го ценам и дечко ми за сите изненадувања и се што направил за мене!
Искреноста и поштеноста. Тоа ми се две најважни работи кои ги ценам кај себе и кај другите. За жал се многу ретки..