Значи читам во постарите мислења и неможам да се изначудам. Кој песок, кој црви, кој мравки јадел. Вие секојдневно ги конзумиравте тие работи? Темава не се вика чудни работи кои сте ги пробале како мали, туку едноставно што сте сакале најмногу да јадите. Затоа и спаѓа во категорија храна и пијалоци. Овде како да има натпревар кој почуден ке испадни. Он топик. Омилено ми било да си макам со лепче во мајонез и кечап, ајвар со сирење и динстано месо со пире во сос од печурки. Како празник го чекав ова последново.
Паа, се сеќавам кога дома мама месеше јуфка. Јас секогаш земав од корите (поживите ) и се криев да не ме види Спојлер Леелее, каква сум била И речиси секој ден било обичај дома да има пржени компири Спојлер Кога бев помалечка нон-стоп јадев пржени компири и бев како прачка, а сега нешто не се „милуваме“ многу-многу со компирите, ама имам 1-2 килца вишок
Од овие чоколади јадев најмногу, незнам дали ми беше заради чоколадото или за сликичките кои веќе немав каде да ги сместам. Киндер јајце, сигурно повеќе ми било за играчката Магнум, до ден денес омилен сладолед Друго јадев ајвар со сиренце, млеко со бисквити, чоколино, лебче и кремче, итн.
Ахахах супер тема :up: Па ко мала јадев снег обавезно аа мед ама од оние ко цветови што се и ден денес јадам такви кај што ке најдам кинам потоа ги јадев врвовите од лозниците ко извиткани се тие па потоаа имам трева јадено абе детски ум аа имам јадено незрели сливи и незрело грозје ааа..леб си макнував во измешано мајонез со кечап што сега никако не би јадела ии тоа ако ми текни уште нешто ќе пишам
Како мала(скроз мала) имам јадено земја ....а едно време јадев кечап и мајонез заедно,помешани со леб...и многу сакав да јадам од тие чоколадни јајца,не од киндер туку тие обични
Јадев живо тесто и се криев зад фотелјата за да не ме види мама кога ке правеше кифли или нешто друго..
Кога одев кај бабами во Аеродром стално ми купуваше по цело пакетче од оние парички чоколадца. А, уште од мала обожавав да јадам живо тесто и стално се криев да не ме караат моите, и сега си имам навика кога правиме јуфки да си кснам, али и мајками не е ништо поарна, и она знае да си земе од тестото
Јас како мала јадев многу хамбургери со пласкавица и со виршла,корнфлекс,Чоколино,Фрутолино,пудинг од чоколада.ванила и од јагода,чоколадни пуканки,ги лижев маталките за шлаг,Киндер јајца,Чоколатки Животинско царство,сладолед Снежец,а сакав да лизнам и од она матеното благо со јајца за торти и колачи кога се прават и цела среќа што не сум јала повеќе од тоа затоа што задолжително ќе сум фатила пролив,тоа го знам сигурно!
И како мала несакав да јадам, јадев затоа што морав. Мајка ми го сечеше рибанчето на парченца и ги редеше како вовче локомотива и вагони , залчето го чував по пола саат во уста никако неможев да го голтнам, маки мачев со тоа јадење. Постојано ми купуваа од киндер чоколадата омилени ми беа.