Мајка ми секогаш кога прави торта, уште не испечено тестото јас сркав хахха и сега истото го правам, поубо е непечено
Скоро секогаш пред спиење јадев млеко со бисквити 'Плазма'. А да, мечињата 'Харибо' ги обожавав! Од сладоледите омилен ми беше 'Капри'.(кога бев малечка се продаваше се уште во првата опаковка) Зарем нечие детство поминало без Стоби флипс? Сите вкусови ми беа мх мх мх! Добро, и да не ги набројувам сите 'чудесии' од кујната на баба, премногу се!
Ха ха ха јас како дете се сеќавам дека јадев салфетки,ама толку ми беа убави што се криев од мајка ми за да не ме кара.И после рече дека сум имала недостаток на некој витамин па затоа и сум јадела салфетки.Интересно е и што кога останав бремена пак почна да ми се јавува потребата за јадење салфетки и веднаш штом се породив исчезна.Инаку од храна се сеќавам дека ми беше најомилено да ми намачка мајка ми на лепче ајвар и врз ајварот да наренда сирење и така надвор ќе се соберевме децата од маалото и сите јадевме.
Марула и патлиџан ставено во леб, како сендвич Тоа ми е останато во сеќавање, мајка ми често ми правеше
Јас јадев мрвици (мислам дека така се викаат оние за на торта во разни бои) мама ќе купеше јас цело пакетче со лажица го јадев
јас не се сеќавам сум имала 3-4 години од прилика мама ми казувала дека сум јадела цвеќе некогас сме после кај некоја нејзина пријателка и сум и го изела цвеќето
хаха се изнасмеаv читајќи низ темава Јас како мала јадев мрвици, макарони и шпагети несварени, снег во зима ии зденки премногу јадевме со една другарка таа доаѓа кај мене заедно јадиме зденки, па кога завршиме кај мене кај неа одиме и таму јадиме ајвар и сирење хухуху
И јас многу ги јадев овие и се сеќавам секогаш имаше подароче во нив Знам еднаш имаше многу интересни тањирчиња па мајка ми комплет си направи и уште ги имаме
Па кога бев мала се јадев ама пак, (ама се чудам кај ми влезе се тоа.) сега леле можда пола од тоа не јадам.
Јадев цвеќиња, ама не секакви. Имавме една врста дома во саксија, ливчињата беа малку подебелки и киселеа. Смоки попарени со млеко. Јадев патлиџани како да се јаболка, така измиени само и гризев Парчиња леб потопени со јогурт (попара).