Како многу мала се секавам дека баба ми ни мачкаше на леб маст и пипер озгора и малку вегета... и сите во двор јадевме, да не и трошиме дома. Денес маст да му дадам на некое од моите деца, ќе ме линчува.
Колку имам изедено тоалетна хартија И јас многу сакав да јадам живо тесто,кори,и живи шпаѓети,после да лижам вегета и шеќер во прав,млеко со џиџибебе бисквити супа јадев внатре со надробено лебче,леле колку убави спомении
1. Мајонез, кечап и сиренце. 2. Аргета паштета, мајонез и сиренце. 3. Пржени лепчиња. 4. Компир Манџа. (сеуште ја јадам) 5. Супа/Црвена чорба со дробено лепче.
Ние бевме 4 девојчиња во улица и кога ќе излезевме како сега се сеќавам,јас јадев леб,мармалад,сирење и кромид, сестрами леб со шеќер натопен со вода,1 другарка леб паштета и еурокрем,2 другарка леб патлиџан и еурокрем...
Детска паста за заби од јагода и живо тесто .. Сите можни овошја , зелени секако и потоа вц-то беше лично мое
Кршени бисквити со еурокрем и млеко Млеко со премногу какао Леб и кечап + јогурт Супа со јогурт Сендвич со кечап и домати Спанаќ Во глобала многу кечап, многу јогурт и многу какао.
Се јадевме само најбитно беше намачај мамо или бабо лепче и со лепчето на улица заедно со сите деца, јадеш, играш жмурка, брканица, ластик и други игри а целиот си лом од ајварот или кремот. ЕЕЕЕЕЕ ДЕТСТВО
Овие кога бев основно ги обожавав. Секој голем одмор ги јадев, и плус дома со млеко. Имаше уште едни турски колачиња што ми беа права зараза, ама не се толку популарни и не се сеќавам како се викаа. И овие Скоро сите вкусови... и стапчињата со сусам. А од храната дома, имаше еден период кога секој ден јадев тост со кашкавал и мајонез. Тоа и сега ми е останато на мени
Епче и мангаринче(Леб и маргарин) секој ден за доручек,ручек и вечера.Некогаш сум заменувала со еурокрем и толку
Што јадев како дете??? Оддамна беше тоа , но се секавам многу добро... До пет години не јадев леб!!! Наместо леб мајка ми ми даваше пандишпан (тесто за торти, колачи)!!! И ден денес се сеќавам на рецептот - 8 јајца, 8 лажици шеќер, хх топла вода, хх брашно... А во тоа време немаше миксери, па сето тоа се матеше со „жица“ за матење... Се секавам на тенџерето во кое се печеше мојот „леб“ - сино со рачки од страните, високо десетина сантиметри... А кога ке се испечеше пандишпанот беше жолт, мек и мирисаше тооолку убаво... Уффф колку ме мазеле ...
Уф памтам како денес да беше тоа сум јадела највеке сендвич со патлиџан и краставичка Омилено ми беше тоа
sekogas na temava se potsejkam na leb so ajvar mmmm +sirejne inaku isto taka i stobi flips i solenki od kuleno