Верувале или не јас како мала сум јадела земја и тоа само од цреповите на мајка ми кај што имала посеано цвеќиња,до ден денеска ми е чудно ама шо ке праиш
јас како мала се сеќавам дека многу сакав да лижам кармин Ќе ме нашминкаше мама и ја ќе го излижев, и после ќе почнев да го лижам од туба ахахах Послеее .. А да.. имам испиено цел сируп Па убаав беше
Kako dete mnogu sakav da ja jadam crnkata od molivot,onaka da si ja grickam neznam zosto ali nedaj boze doma moliv da nacekam, ostrenje i maf pravenje A da i kredi jadevhahahaa i milion drugi raboti na koi sea vo momentov ne mi teknuva
Zivo testo,hartija,karmin,pasta za zabi so vkus na banana i so drugarkite si pravevme sok si kinevme livcinja od ruzi i gi stiskavme vo voda i go pievme toa budaletinki
се сеќавам дека јадев песок, и тоа интензивно, правев торти и ги вкусував а се сеќавам дека еднаш баба ми купи еден розов сапун и на изглед бесе мн нежен и убав и јас загризав од него бљак а за др незз не ми текува сега
Јас знаев да си каснам тревичка така пролетна.Уште си сакам ама срам ми е крава олкава да земам по патон трева да јадам
ххахахх и јас како мала јадев трева и ден денес ко кеим кажувам на другите ми се смеат и лижев мраз во зима тесто живо јадев и други глупости не ми текнуват сега
Знам дека сум јадела земја од саксиите на баба ми! Живи гравчиња сум грицкала и врвците од патиките, а памтам дека пивнав од еден детски шампон што мирисаше на шумско овошје (гадно беше) Пред 2-3 години добив чоколадна свеќа како подарок и толку убаво мирисаше што изгребав малку од восокот за да пробам
зелени сливи.. мојот специјалитет .. а и степот ... имав навика и да ги грицкам моливите и пенкалата кармините,сјаевите и кремовите на мама мразулци,лед и снег,паста за заби и што ли уШте не
Оваа тема многу ме изнасмеа, јас мислев се зборува за маргарин и вегета, кога - има што да се прочита. Јас јадев живо тесто, секакви неварени тестенини - најмногу јувки, и во школо изедов една мала гумичка со мирис на јагода, од тие со пчеличката Маја. Многу убаво мирисаа, немам зборови. И тие белите цветови од багрем беа прилично популарни, ама реално немаа лош вкус
Исто како и сите вас јадев Зелени Овошки и се секавам дека се собиравме сите да Крадеме Сливи , Цреши,Вишни.. Правевме Ракија од Бели Трендафили, Оцет од Црвените и Масло од жолите.. Друго Степ јадевме Цело време и се секавам Еднаш Не беше ова Колективно Бевме во станот што не го користиме и Се напив од Тие што стојат во преносливите лендици што држат температура не ми текнува како се викат .. Кај ми бил мозокот Боже Божее Потоа се секавам дека пиев сирупи оти бев иструена Добро е што мајка ми беше таму и ме однесе на доктор
АУ жива катастрофа сум била....значи сите нормални деца јаделе цреши, јас сум го плукала тоа, сум ја голтала семката...сите нормални деца јаделе јагоди , јас дршките....комшивката ми пикнала со сила чоколадо во уста јас сум повраќала....лукот ми бил поубав(и ден денес е така ) сума сумарум катастрофа...на мајка ми не и верував кога ми кажуваше, ама кога и комшивките ми раскажаа за овие ,,егзибиции,, ....јасно ми е зошто не сум пораснала ... леле и ќе заборавев...некогаш сум сакала да изедам две три глувчиња мали, бели штотуку родени...среќа ме видела мајками....никој незнае кај сум ги нашла и како сум ги фатила...важно сум ги стиснала и не сум давала да ми ги земат...сум била решена да ги изедам....
Хехе како мала сум јадела се што најдам при раце.. Почнувајќи од се што најдам на земи, потоа трава имаше една убава трава близу мојата куќа и денеска би ја јадела кога ќе ми текне колку беше вкусна, потоа сум јадела дрвото од лозниците, хартија секаква, сум грицкала цигла од куќа бидејќи не ни била малтерисана ... потоа еднашка се сеќавам јас и една моја другарка се натпреварувавме кој повеќе сапуница ќе направи на раце.. А потоа ни беше текнало да ја излиземе.. Кој знае какво е било.. Aх а да не зборуваме колку само кајсии, сливи изедов.. Ах ќе заборавев.. Еднаш со другарка ми бевме во нејзина бафча... Таму доматите беа сеуште зелени.. Само што беа започнале да зреат.. кога го видов доматот.. Еден огромен.. Го скинав од дршката ни го измив ниту ништо кога почнав да го јадам...... Чувај Боже
ХахахахахахаХ.......се и сешто... Еднаш читала мајка ми книга и заспала а јас сум ја земала книгата и пола страна сум ја изела хахах. После паста.....рок на траење кај нас била 1 до 2 дена после купување. Мраз, од фрижидер или во зима мразулци. Еднаш снег, сите јадеа јас покуса да не останам Камчиња..од аквариумот сум вадела, занм шаренки беа убави како бонбончиња хаха исто на рибите перките им ги гризев, растенијата во аквариумот ги јадев, на рибите храната...еднаш сапун изедов мирисаше на ванила Сега ми е чудно како не сум се отрула тогаш хаха. Другооо...живо тесто, крпчиња, јуфки ехее Моливи сум грицкала, гуми, дрвца што не хаха Ехх дете
Како мала сум ги лупела ѕидовите и сум го јадела тоа. Гледам сеа снимки од тоа време, ѕидовите цели со дупки. Сум имала недостаток на калциум.
A dali ste jadele sekjer vrz kriska leb natopen so nekolku kapki voda i malku kafe?E toa go jadev kako dete i togas mi bese mnogu slatko,a sega bljaaаааk nemozam da go smislam,a ne pak da go jadam.