Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што јадевте како деца?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Bokicka, 7 април 2010.

  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Не бев многу палаво дете ! Значи на дневното мени немав импровизирани оброци :) Кога ќе размислам исхраната тогаш и сега ми е релативно непроменета , работите кои не ги јадев како малечка веројатно нема никогаш да ги јадам.
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    хахах се изнасмеав од вашите ,,слатки,, јадења. Јас сум јадела хартија и цели кутии имам јадено. Мајка ми ги собирала моите играчки во кутија и кога ме оставала да си играм потоа кутијата ја немало. Не знаела што се случува па еден ден ме гледала што работам и така открила дека јадам кутии хахах. Потоа се сеќавам дека јадев шеќер (кога ќе ме фатеше кризата за благо), сум јадела живо тесто и дури ден денес ми е слатко. Исто така многу ми беше слаток филот за парената торта, така жив го јадев и ден денес мајка ми кога ме прашува која торта да ја прави јас и велам: паренааа само за да јадам од филот :lol: . Една моја другарка како мала јадела кремче намачкано на лепче и одозгора роненко сиренце :puke: . Друга пак другарка јадеше песок, и мене ми нудеше но несакав да јадам а еден другар јадеше курешки по патот :puke: хахах. Со сестра ми како мали јадевме паста за заби..
     
  3. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    јас кога сум била мала само сум чекала да заѕвони телефонот за некој од моите да отиде да се јави и во ходникот на рабовите од ѕидот сум гризела, а до душа и ден денес цементираното убаво ми мириса :D сестра ми пак постојано јадела пикавци од цигари :D :D :D
     
  4. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Јас ги јадев лабелата и кармините :P :D :D
     
  5. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    многу јадев кришки со мармалад а одозгора сирење :tmi: сега не би ни помислила на тоа а јадев и многу зелени сливи, цветови од багрем и млади ливчиња од шимширот во двор, се сеќавам со една другарка правевме салата со листови од шимшир и нане после тоа цел ден седевме во вц :D
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Вазелините ми беа редовни 'оброци' на менито, мајка ми ми купи еден од Орифлејм, мирисаше и имаше вкус на црешки..и ајде како да не го изедеш? :D Додека седев во веце, ја одмотував тоалетната и ја џвакав лелеле да не зборам што се случи кога ме дозна мајка ми! :rofl: А од листовите на цвеќињата од градината на баба ми се правеше 'сарма' и бутавме внатре песок,еднаш дури се охрабривме као демек да ги изедеме...и цел ден повраќање, многу јасно. :D
     
    На Gabriela-22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Јас како мала бев преслаба и наликував на чечкалица, не јадев ништо освен ЧАЈ со бисквити и банана внатре :puke: :puke: чудо сум значи :D
     
  8. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    не се сеќавам баш што сум јадела од нормална храна како дете,ама затоа се сеќавам дека кога скитав низ маало по комшии ги одлепував етикетите од пластични шишиња и ги голтав :tmi: ,кинев од комшиите неузреано грозје,а со сестра ми еднаш берев ме смокви уште зелени а тие пуштаат млеко,секако таа беше попаметна па така тие завршија во мојата блуза како торба за носење а после тоа децките гради ме печеа и ми се вцрвиа од млекото од смоквите.смоквите не ги изедовме :D
     
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Обожавав млеко и бисквити со Краш експрес (немаше тогаш Несквик) иначе кога сум била ептен мала, често на моето мени се наоѓале цвеќиња (посебно љубичици), земја поретко, а и горните млечни кецови сум ги скршила грицкајќи камења. :lol:
     
  10. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    маргаринче со вегета најубаво ми беше,млеко со бисквити или со дробено лепче и ми текнува еднач докторката ми препиша едни витамини во вид на мрвици кои имат многу убав вкус и толку многу ми се допаднаа што си ги купував редовно од аптеката ама сега не можам никаде да ги најдам.
     
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Зимно време кога беше често практикував како главно јадење на менито да ми биде снег..Излегував надвор во скафандер облечена како вонземјанче некое и си јадев снег..После тоа имав грчеви во стомакот секоја вечер и ме носеа на лекар... :$ Јадев јајца на око многу и риба пржена. И гумени бонбони многу јадев, посебно од оние Харибо од Кока Кола...
     
  12. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Хаха интересна е темата и ми се допаѓа! Инаку како мала јадев неварени макарони и ориз :D
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Хахахахахахаха, каква тема! :clap:
    Јас јадев гуми за бришење и зрна кафе.

    [​IMG] :$
     
  14. MartinaSk

    MartinaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    4
    Како помала...јадев бекутан крема... :lol: :lol: :lol: хахаахаха...звучи мн смешно..но додека мајка ми го мачкаше лицето знаев да си брцнам во кремата и да си јадам хахахах :)
     
  15. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    леле паметам кога имав 4-5 години секој ден сум јадела лепче со масло, пипер и вегета :D :D
     
  16. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    494
    кифли со маргарин салама и крставица секој ден :)
    инаку имам и јадено она месо што се тегне како мастика што се џвака што до ден денес се чудам како сум можела :D
     
  17. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    бурек и ајвар.

    се сеќавам секое утро ми поминуваше со осмина бурек со сирење и јогурт тоа најчесто и ајвар.

    денес бурек јадам еднаш годишно :D , ајвар малку почесто.

    ахххх тоа беа деновиииии!!!! :)
     
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Реско, Ресани, Еуро-блок, Ципирипи, Краш Експрес, Чокобисвит, Линеа-политанки... Секако Стоби Флипс (за зачетоците на зависноста зборувам).

    Обожавав манџиче од пиперки и патлиџани, па како некој идиот го мачкав лепчето со тоа чудото и се дерев по цела куќа, да се насобере народ, да види како малтерисувам. |(
    Дебилче.

    Сум јадела и јас зрна кафе. Ја молев мајка ми да носи немелено дома, па демек рачно да сум го мелела јас... А сето тоа од пусти мерак за зрно кафе.

    И зрна бибер исто. После кивав во лепрозна со денови. |(
     
  19. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    1-2 лајци какао и шеќер измешани во филџан и така си јадевме со брат ми, и се криевме од мајка ми оти не караше :D
     
  20. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Јас па обжавав кога ке дојдеше зима.

    Доручек,ручек,вечера снег.
    Десерт мразулец. :D