Се сеќавам дека многу сакав да јадам шеќер! Ќе си земев голема лажица, кутијата со шеќер и пред телевизор. Ми беше интересно како ми крцкаше меѓу заби шеќерот, а и слатко ми беше Мајка ми нон стоп ме караше дека тоа не е здраво ни за забите, ни за желудникот, па ми го криеше шеќерот или го ставаше на недофатни места
Јас пак секогаш си јадев леб со шеќер, леб со пипер-масло но и многу сакав да пијам лимунов сок си го земав шишенцето и секогаш до пола го испразнував... Дури и сега ко ќе ми притекне јадам лимун.
јас како мала јадев ѕид си ронев кај и да стигнам и си јадев Потоа многу сакав да јадам какао.Кога и да ја начекав кутијата со какао-дур се трепнеш отиде цела Кога мајка ми ќе си имаше пријателки на кафе,и дур таа ги испраќаше шолјите веќе беа празни-измиени речиси,цел талог го имав изедено Чудно дете сум била,во забавиште се сеќавам,кога ни ја делеа ужината јас ја фрлав во корпа,вц,шкафот и потоа ја заменував за кеса,сапун или дрво
ја сум јадела се шо ќе ми бутнеле у тањир се ама баш се! од пача до брокули до сутлијаш!! спанаќ, грав, зелка
Сум јадела чварки побогу и сланина, испржена да крцка или таква свежичка салеста, татко ми, ми ја делкал дур јас сум си стоела до него в кујна и сум си редела в уста парче по парче и тоа, сум си мљацкала како стар човек кога сум ги јадела и само: мм... колку се убави мм... колку ми се убави. Клинец мал се чваркосувал, побогу. Затоа изгледа сега не јадам ништо меснато со видлива мрснотијка на него во форма на лојче или фино стегнато бело салце пак и месо дури не јадам толку, ама да можам да си се вратам во тоа време кога сум си мљацкала лапкајќи чварка по чварка, ќе си се пернам себе си по уста доволно силно да не ми текне веќе на ѕимиринќи и слични луди измислици од јадења . Леле замисли го тоа си набацуваш в уста чварчиња залоени ој, ој, ој.
Оф леле, прашање на место. ШТО сум јадела? Ништо! Сироти моите родители, мака мачеа со мене. Едно време веќе граничев со анорексија Гравот кога го јадев ми траеше со часови дури да го изедам, затоа што ги јадев само оние гравчиња кои не се распаднале за време на варењето. И требев јас требев така. Сите дојале, допиле, јас едно мало, со виткана був коса наведната над чинијата и требам батка крај ми нема. Мислиш Пепелашка ме таксала за чирак. А секако дека сум јадела некои чудни работи. Татко ми ми правеше лепче со многу шеќер одозгора и ја оставеше чешмата да капе за да паднат капките на шеќерот. Мајка ми ми матеше жолчка од јајце со шеќер и какао. Питај бога, битно го јадев. Па и комшиите ги научивме да го јадат ова. Во јогуртот ми ставаа шеќер за да го пијам. Инаку јас и јогурт пиење - ЈОК! Живо тесто! И тестото за палачинки го пиев скришно. До ден денес ми останала некоја глупава навика од детството. Кога правам палачинки механички си брцам во тестото со прсте и си го јадам Епа ај бујрум на палачинки де! Обожавав живи компири, мајка ми лупи и јаде, и јас јадам. Да можев ќе ги јадев и сега, ама алергична сум веќе на живи компири И НЕ, не се фаќа температура од нив У глобала ми се гледа дека сум била по благото и по живото. Арно не ми текнало да скренам накај канибализам. Ама нешто нормално да јадам е тоа не. А да, и банани обожавав. Абе сирота мајка ми озбилно, какви финти морала да прави за да изедам нешто асално. Како само ми надојде апетитот одеднаш, не ми е јасно?!
хах ме изнасмеја и ме потсети на мене...до прем некоја година и ја вака...значи почнувам да јадам грав у 6 и го јадам до 8 ипол....ги требев само тие зрнцата и тоа тие големите убавите, ни пола од гравот нејадев......и за ова последнава реченица и ја се чудам.... иначе ја си јадев живи шпагетки , али не ко мала туку пред една година
Кора од лубеница, и кожа од пржена риба Баба ми ни правеше шам од белки од јајца со многу шеќер кога ќе ни се јадеше благо. Името на специјалитетот беше гогуљ-могуљ Кај ни текнало не знам, битно гогуљ могуљ си се вика тоа Си се смеам сега сама. - Бабо бабо ај ќе ми напрајш гогуљ могуљ?
Јас слабо јадев се со молење ама се утепував од лижење вегета! И ми ја забрануваа јас се криев и лижев
Си ставав на дланката вегете и си лижев! Многу ми беше вкусно а сега не можам да смислам така да јадам зачин ! И исто така јадев какао со шеќер, демек мешаш да се соединат и јадеш!
Јас уште ја јадам така Цедевитата, во рака и лижиииии Знам дека се пиев со цевка, вода, млеко, сок... само со цевче инаку протестирав со жед
Песок, и адам (цвеќе) од страни тела имам конзумирано, додуша песок повеќе. Исто и мајками ги мачкаше листовите на цвеќињата со пиво за да светеле убаво, одев по неа и ги лижев, си грицкав, затоа после ниедно цвеќе дома. којзнае што фетиши ми се праеле. Инаку најмногу благи работи, гумени бомбони, бомбончиња секакви, чоколадца, со триста молења и лепче со нешто намачкано, или супа. И се сеќавам на оние степчиња за сок, кога ги лижевме на школо во рака натресени, ц ц ц отров.
Многу вкусно ми беше да јадам соленки со путер тоа го научив на едно од летувањата кога одевме со другарки на одмор преку'' Црвен крст''во Дојран. Немаше ден да не јадам леб намачкан со еирукрем. Јуфка со рендано сирење потпечена во шпоре на дрва. Се сетив по одмори со другарките навечер ако немавме залиха од стрволинки лижевме паста за заби со вкус на јагоди.
Од 3 до 7 години многу сум сакала да пијам турско кафе, и тоа од тацна може затоа сега не сакам да го смислам Инаку секој пат кога мајка ми матеше торта(тоа јајца, шеќер, брашно...) сакав на крајот тоа што ќе остане од садот со прсти да го излижам И многу ми беше вкусно геврече со сладолет да јадам
Kај мене па мајка ми кога правеше торта и кога го матеше шлагот, хит ни беше јас и сестра ми на крај да ги излижеме маталките од миксерот.
Ех, ме вративте 20 години назад со темава . Инаку и јас задолжително ги лижев маталките од миксерот кога мајка ми матеше торта ,па лизевме и гринго ,цедевита а имаше и еден прашок во малечки кесенца жолт беше мислам и кога ке го лижнеш пуцкаше. Паметам дека го мачкав кајмакот од штотуку сварено млеко на лебче и озгора наросував шеќер и го јадев така , и денеска знам да каснам така .
Чоколино, чоколешник, медолино, фрутолино - и сите останати вакви лино смеси ги обожував, па и до ден денешен знам да си се почестам со нив повремено. Да не биле тие едвај ќе сум се одржела кога ќе имало посилни ветрови на земја, бидејќи скоро ништо не сум јадела. Па си мислам како и на некоја стара возраст ќе им се вратам пак верно бидејќи се лесни за конзумација и без заби .
хаха леле како мала јадев тесто за кифли баба ми преку 2 дена правеше, јадев песок , макарони и шпагети не варени, а се криев од мајка ми да јадам бони топ можда и по 20 паковки на дн јадев... али пред се пиев вода од вц школката и се миев лице, и знам еднаш ми купија чоколадо ми падна во кл и си го земав и го изедов -.-