Со сестра ми секое утро јадевме блок чоколада и тоа една ја делевме по пола понекогаш се служевме со линијар за да ја поделиме нај прецизно . А тоа да ти можело по една чоколада за секоја за два дена ама вака кога делевме изгледа послатко ни беше. Тука е и незаборавниот сладолед СНЕЖЕЦ, Бони топ, Ресана(не оваа гадната како сега),Kiki, парени торти, торта ден-ноќ, колачи-сусамки, колачиња со мармалад, кадаиф... Исто така и ние го лижевме садот во кој се мати шлаг (јас сеуште си го практикувам тоа)
се секавам кога бев мала мајка ми ме оставаше кај баба ми да ме чува и секој ден обавезно ми купуваше чоколадо со ориз. многу го сакав и сега кога ке го видам во некоја продавница ми текнува колку многу го јадев. А понекогаш братучед ми го пракаше да купи чоколадо но тој купуваше блок чоколадо бидејки нему тоа му се допагаше а јас го мразев Исто така баба ми многу убаво правеше домашни кори и трано и многу ги сакав и нив. Да ми е жива и здрава ми правеше се што ке посакам.
Чоколиното не го ни спомнувам зашто ден-денес си јадам...сите вкусови, од сите пакувања, се е пробано Коа бев помала, нормално мајка ми ми бранеше да јадам мајонез и паметам дека на пржените компирчиња ми ставаа кисело млеко за да ми биде вкусно и за да не барам мајонез Инаку тоа се покажа како многу вкусно и денес кога нема да ме мрзи да испржам компирчиња ги полевам со кисело млекце...стварно се мн вкусни
Се што сум јадела како дете,јадам и сега,не сум пребирлива,ГООЛЕМ гурман сум,и јадам се и се сешто.Се гледа по мене. Сега се сетив,а веројатно ќе им текне и на мојата генерација,многу сакав кога излегувавме надвор на улица да јадам,односно да лижам ГРИНГО(Како денес цедевита што е).Гарант ќе ви текне,тоа беше прашок за растварање од кој се добива сок,и имаше во различни вкусови.Па ќе си истуриш на рачето, и така слатко ќе си подлизнуваш.Резултат лилаков јазик(во зависност од вкусот кој го преферираш). И витамини колку сакаш.
ГРИНГО, о боже Гринго! Кај ти текна Охридеја, ела да те бубнам! Да, да искачавме пред зграда и секој со своето гринго на дланка, и лижеш ли лижеш, јазикот во боја, и после некое време се кривиш - еј види види, црвен ли ми е веќе јазикот? Некој спомна Чоколино. Јас бев покомунистичко дете, мајка ми ни правеше гриз (тегет кутија со слика на бебе, ви текнува де). И одозгора стававме многу какао, и со татко ми го јадевме директно од тенџере и си го делевме на пола - демек, мое - твое и немој да ми влезеш во мојата половина. Сега се мислам, мајка ми всушност имала две деца, не едно
Гринго Да бе! Сладолед Снежец , сладолед во топче мастики како цигари (леле колку неедукативни ), малку поголема Чоколино, имаше едни чоколада Сека и Брацо , јадевме Животински царство и лепевме сликички во албумите...
кај ти текна за мастикиве еј. Ја се сеќавам со братучетките ќе седневме, какао ќе ни свареа и со мастиките божем цигари пушиме и играме тетки на кафе седнати Ви текнува на оние мастиките зелени едни како коцки што одвај се џвакаа??? Ааааааа да и чоколадо со ориз!!!!
Minty се викаа зелените мастики, а имаше и едни Turbo, и моите омилени Bazooka, што братучетка ми ги викаше Базоока
снежец, да бе и тоа се сеќавам ми го топлеа во танјирче на рингла дека нон - стоп бев настината и уствари јадев шлаг а не сладолед , се сеќавам дека кога и да ме прашаа што сакашда јадеш одговарав со лешник чоколино, а тоа и ден денес си го јадам
Проблематично дете, ништо не јадев...млекото го истурав во мивалник и лажев дека сум го испила, ама дете ко дете не ми текнало да пуштам вода и да го измијам мијалникот, па ме фатија...ама не за џабе надимак ми беше лиска, после се качував на столче и директно во дупчето ...,во градинка го дробев лепчето, го фрлав под маса и лажев дека сум го изела-ме фатија и ме караа , во школо лажев дека сум ја изела ужинката, ја фрлав.. Во прво одд. на систематски преглед имав 19 кг. и ми пишаа неухранета... Морав да седам на маса додека не го испразнам тањирот барем до пола, 3 саати седење за две лажици....јака им душа на моите... Кога потпораснав станав сештојадач, најомилени ми беа- сутлијач со какао одозгора, татко ми ни правеше салеп со цимет, лепче со шеќер и водичка, лепче намачкано со сало (свинска маст останата од пржење чварки) одозгора со црвен пипер и потпечено во релна, ептен солени чварки, чоколино, обозавав пудинг, после правење торти обавезно следеше лижење на маталките- едно мене, едно на сестра ми и се каравме која кое да го земе-кое има повеќе за лижење, матев јајце со шеќер и си правев шлагче, правев пица лепчиња, тост со ајвар и јајце-претходно јајцето го печев/пржев на тостерот-чистење амин, од компир манџата ги гмечев компирите со вилушка и јадев без леб,...од манџи мразев грав и леќа и денес не ги сакам, грав јадам со сила, а леќа не правиме. Се продаваа чашки со кремче и бисквити од страна, имаше едни како зрнца што пуцкаа кога ќе ги ставиш во уста..каков филинг еј . Баба ми во село ни правеше пресолец- тоа е млад кромид ама само перцата, иступкани со толчник и попарено со зејтин, сол и црвен пипер. Баба ми го ставаше во една голема земјена ваганга и ние децата сите макавме со лепче, секогаш се зезавме- мацај, мацај, па после сркај
Ти барем си го истурала, јас ја молзев цуцлата од шишенцето и ги полевав цвеќињата од градината, кај што живеевме тогаш . Мајка ми сто пати ме фатила, уште толку пати го направив. Ама, што да прави не знаела дали да ми се смее или да ме перне по раката. Не ми текнувало да ја извадам цуцлата него молзи Жабо, молзи цел ден едно млекце .
Морам да си ги надополнам оброците од детскиот ми период, покрај оние нејадливине работи како цвеќиња, гранки или песок Списокот е следниов: Гринго пуцкачки зелени топчиња Снежец сладолед или во помодерна варијанта Старс Милки Веј, обожавав кога ќе ми го купеа! Гриз карамел, мајка ми со тоа ме залажуваше кога кенкав за благо. Торта пандишпан со крем од ванила и јагоди. Сладолед моливче и прст, жива вода у боја, ама важно е сладолед! Крајшник од леб само на горната страна намачкана со путер и цело доматче во рака. Уште се сеќавам како ми се цедел доматот по цела уста, седната на тротоар, и јадеш набрзина за да се вратиш у Народна, или ред за играње ластик Мини пици со чварки и сирење - измислени од вујна ми, едвај чекав кога ќе ни ги направеше. Роденденски седвичиња од багет леб со путерче, саламче, кашкавалче и круг кисела краставичка Макарони со мед - не знам зошто ова многу сакав да го јадам. Табла блок крем чоколадо, дедо ми ден денес ми ги купува. Чоколино - само кога ќе си дозволевме малку полуксузни денови Фета сирење во млечна кифла, најслаткиот оброк во основно! Паштета Аргета уште во старото пакување, со картонска обвивка, и зденка Буцко. Еклери од тетка ми, ги криеше над фрижидерот, зошто со братучедите се качувавме на столче за да крадеме по уште две три еклерчиња... Пржените компирчиња на баба, на дрвен шпорет, каков единствен вкус имаа...
Прашањево е за која "нормална" храна сме ја јаделе како деца, или таа "необичната" Јас земав вегета во тацна и со прст си ја јадев, истото и со шекер во прав А и со другарка на плажа кога бевме често ја јадевме кремата за сончање :geek: но не било која единствено кремата на другарката, стварно беше вкусна имаше некој благичок вкус