Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што јадевте како деца?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Bokicka, 7 април 2010.

  1. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Јас од секогаш сум била многу пребирлива во врска со храната.Моите маки мачеа со мене :$
    Инаку,обожавав да јадам лепче со маргарин и шеќеер :^) , да пијам жолчка од јајце со шеќер, сок од цвекло (се` уште го обожавам). [​IMG] Од овој кашкавалот за тост многу сакав да јадам,ама без леб,исто и зденки.Многу сакав да јадам несквик и си јадев со лажичка :tmi: А дефинитивно најлуда комбинација ми била топло млеко во чинија со банана исечкана на кругчиња :D :D 8) Мајка ми ми велеше да ми ја пасира бананата или да ми направи милкшејк ама јас сум љубела да сркам кругчиња банана кои пливат на површината на млекото :emo:
     
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Знам дека многу сакав со лажичка да ги јадам оние гранули што беа ( незнам дали уште ги има) Б-комплекс. Многу ми беа убави :D Исто јадев многу Чоколино, Бони топ, сендвич со мајонез саламче и кисела краставичка или ако не сендвич од тие лепчињата што обавезно ги имавме по родендени :D , јадев многу и чајна и печеница, се давев во сувомеснати производи.. Од прилика на тоа се сеќавам :rofl:
     
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Степ [​IMG] Никогаш не сфатив зошто, толку е одвратен и гаден и хемиски ама сите јадат ај и јас покуса да не останам. А јазик после пржеше како никој.

    Јадевме Хуба Буба и уште едни масивни мастики, за кои беше потребна огромна сила да ги соџкаваш.

    Едната и единствена ПОПАРА.

    На бате специјалитетот леб, сирење и џем (зошто о зошто)

    Плазма со млеко (ова уште се јаде)
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Ви текнува на овие?

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    До 3 годишна возраст не смеев да јадам ништо што собржи јајце, некои јужни овошја, спанаќ и ред други работи. Па така варениот компир (или било каков друг) ми е во душата :D . Инаку јадев многу бомбони, степови и многу благи работи како и сега. Без благо :x .. :D
     
  6. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Како мала сум јадела мнооогу печено јаболко, мајками вели дека сум плачела за да ми направи, исто така многу сакаф леп намачкан со маргарин и посолен или со сеќер или мед :) .... овие за деца, чоколино, фрутолино тие и не ги набројувам, немало ден да не јадам од тоа ....
    Јадеф несквик со лажица :D :D , по шо не сакам млеко |( ми се гади од миризбата .... Друго .... па не ми текнува што сум сакала хахаха :D
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Леле тесто за тортаа ,ама пред да му додадат брашно - цревата ми се претураа од мерак !

    Зелени сливи и кајсии - колку што ми собираа џебовите , се мав правев!

    Многу јадев лисја ,не знам кој ми беше ѓаволот , ама најслатки ми беа од жива ограда :rofl:

    Еднаш пикнав в уста лист од фикус и таман го заџвакав ,ме превртеа за да ги исплукам оти му се инаетев и после убаво ме изнашлака ,инаку досега 18 години ќе ми пееа :rofl:

    Оние малине виткулчиња од лоза , ги шмукав оти ми беа кисели ,јадев цвет он она растениено Обетка што го викаат , леле благии - и ден денес ги јадам ,ко ќе начекам :lol:

    Јадев боички и моливи ,и тоа ги голтав ,не само да ги гризам ...
     
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ништо... :lol:
    Морала мајка ми со сила да ме тера да пијам козјо млеко за да ми се зајкане имунитетот, а за храна не сум сакала да јадам ништо, понекогаш само леб и салама, или маргарин и сол а понекогаш крем.

    Манџи не сум помирисувала, ниту било каков ручек, додека не се налутила мајка ми и еден ден не ми дала ништо да јадам, после тоа следниот ден сама сум барала да јадам. Јадна јас, ме измачувала, ме оставала да гладувам ама морала сум била закржлавена ниту сум раснела ни ништо, веќе срам и било и на педијатар да ме носи.
    И после почнав се да јадам (освен спанаќ и боранија) и штом несакаб нешто само ќе ми ја земеше чинијата и после некое време сама барав да јадам.

    Највеќе сакав летна манџа (како шопска-издробен патлиџан и краставица, со малку сирење без кромид), и компир манџа со свинско месо (ќе ми го испасираше компирот мајка ми) и јадев и по два тањира некогаш.
    Несакав ич да јадам мед, ама морав заради грлото па дури и брат ми мораше да јаде само за да јадам и јас...

    Многу сум била проблематична, јака им душа на моите со мене, ги жалам кога ќе ми кажува мајка ми какво сум било лошо :tmi:
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Да ме натераат да јадам, е тоа било тешка задача.
    Тешко им било богами и на моите и на баба ми, ме бркаа со јадењето низ цела улица.
    Едно нешто никогаш не одбивав-чоколадо. Па и денес е така.
    Друго нешто што обожавав како мала: смоки Стоби флипс и црвените и зелените, секакви видови на чипс, крем банани, гумени бонбони...
     
  10. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Кога ке ми текне си се смеам! Како мали што не сме правеле. Секогаш со другарка ми кога ке се навратиме, мислам буквално е она ЛОЛ! :)
    Имаше едни цвеќиња, пуштаа некаков сок, тие сме ги береле и сме ги пиеле сокот, абе глупости..
    што се не сме правеле хахахха цццц :D :D :D :D
     
  11. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Како мала многу голтав бонбони...значи мојот живот 60% беше на бонбони ..а останатото супа...
    Мое мени:
    -Доручек-супа(баба ми ми ја правеше,бидејќи таа ме чуваше),ужина-бонбони
    -Ручок-Супа(мајка ми,откако се враќаше од работа),после ручок ако најдам некој бонбон...право во уста :rofl: :rofl:
    -Вечера-супа со леб(пак кај баба :) )
    П.С. многу јадев песок...додека си играв
     
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сум јадела многу леб и млеко :D :D
     
  13. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Тесто :D Многу сакав тесто! Стално крадев и се криев затоа што мајка ми не ми даваше. Исто и се што беше зелено, кајсии, сливи, бадеми!!! Бадемите со се корката додека се зелени мммммм многу ми беа вкусни, тоа заедно со татко ми јадевме, ваљда смее чим ми давал :^) :D И никогаш не ме фаќаше стомак, и 15 кајсии да изедам ништо не ми беше. А зрели сливи и кајсии бљак, ни сега не јадам
     
  14. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Смоки! Многу јадев смоки :) Имаше една бабаичка што ме чуваше, и а почнам да и ја полнам главата и да брбљам ајде Слатка смоки :rofl:
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не можам да најдам слика, ама детството/храна го памтам по Мамбо, едни гумени бомбони што редовно ги јадев секој можен ден, и Олипс. Без нив денот не ми почнуваше ниту завршуваше :)
     

    Прикачени фајлови:

  16. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Ништо посебно, мајка ми мака имала со мене.Само трчала со чинијата низ маало да ми даде да јадам и кога ги гледам сликите да ме дувне ветер ке паднам :lol: :lol: .
     
  17. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ма ништо не сум јадела од цвеќиња, песоци, бубачки....
    Нешто почудно е тоа што паста сакав да голтам на 3-4 годинки (не многу често, доста од малите дечиња си голтаат)
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Коиииииииии. :) (кори, јуфки) :D Највеќе..
    А после тоа бисквити и млеко. :)
    И само аргета, никоја друга не сум ја признавала. :^)
     
  19. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Ме насмеа темава :)

    Многу малечка сум била, ама знам дека сум јадела земја од саксиите на мајка ми, тесто (тоа памтам, секогаш крадев), а од понормалните јадења млеко со бисквити ми било најомилено. А морам да признаам дека и ден денеска ми е многу вкусно :rofl:
     
  20. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Хаха па што не сум јадела
    Живо тесто,кармините на мајками,гуми за бришеше што се и ден денес ги грицкам некогаш,а посебно на тест :devil: друго не ми текнува во моментот ама ако ми текне ќе допшам