Лелеее, сум јадела мнооогу тоалетна хартија, сум се затварала во тоалет и по саат ме немало, кога сватила мајка ми што правам.... Па и текнало за компензација ми правела пуканки секој ден и така некако одвај сум се одвикнала
земја и кајсии зелени (недозреани) ауу колку сум ги сакала, така киселки ми беа . од храна смоки најмногу, сладоледи и бурек ахх што имам изедено уфф, нон стоп.
Незнам дали го имате јадено сл: Лепче со какао и шеќер потурено со малку вода јас да пре 17тина години
Како помалечка јадев маргарин од оној коцка што е и тоа со лажица сркав -Јадев живи штагети и живо тесто -Јадев Nesquick така без млеко и цедевита исто -Јадев најмногу од се' чоколадо со ориз-не за друго,дека дедо секој ден ми купуваше.. -И сакав кога има надвор мразулци да ги кршам и да се правам дека јадам сладолед-во филм си бев
Песок летно време обавезно...Тесто сум обожавала.. зрна ориз, зрна кафе, и зрна од гравче ми биле омелени. Сум можела цел ден да се занимавам три зрна од гравче да грицкам... Не можеа никако да ме одучат да јадам такви работи, се додека не настинав (обична настинка) и ми дадоа еден сируп од кој ми се расипаа забите. Имав црни заби (млечни) шилци. Како петарда во уста да ми има пукнато (многу бев смешна и само се смеев) и ме излажаа дека од тоа што јадам ми е така. После тоа престанав, но долго време не престанав да лижам пиперки лути, интресно ми беше, ама некогаш знаев да плачам.
хахаха чипс Доритос и до ден денес, Степ растворачи за сок хаха и оној сладоледот големиот во корнет што беше Родео еххх
Јаглики, несварени макарони, несварени шпагети, сјај за усни, живо мелено месо и живо тесто просто обожавав
Јас искрено од мала бев мнооооогу повлечена па не јадев она што не беше за јадење..Знам дека еднаш моите другарки кинеа едни бели цветчина од дрво и ги јадеа..и ме премолија д акаснам..но не се предадов..не каснав..
најомилено ми беше кога ке си намачкав маргарин и одозгора шеќер тоа го јадев само и еден период дома правевме домашен еурокрем и тостерици многу ги сакав денес ретко јадам