Hello соленчиња И бај д веј Kaley, какво е чоколадово жити се? Од кога ми има фатено око и тогаш кога го видов не земав и после каде и да го барам го немаат. Добро ли е?
@Lovely93 чоколадово е закон Јас од еден маркет денес си го купив, вкусно е, а како да ти кажам ко ќе го јадиш во уста нешто пецка, пука (ако се сеќаваш на едни порано уште кога бевме помали што ги стававме на јазик како прашок слично што беа и не пецкаа ама објаснив незнам дали ме разбра) а овие бомбончињата во чоколадово се како гумени бомбони со вкус на чунга лунга мене ми имаат хаха
Лелеее, зошто ми го направи ова? Како што објасни изгледа прееевкусно, јас пак во последно време се откажав од тоа да го барам бидејќи си се тешев ај обични бонбончиња во чоколадо, колку вкусно може да биде. А и дечко ми му се запна на чоколадово баш вчера да го бараме, јас неее бе друго нешто ќе купиме. Е сега дефинитивно ќе го барам! Фала ти и наздравје нека ти е. И дааа, се сеќавам на тоа што пуцкаше во уста, феноменално чувство!