Како бе камен? Хаха, мене овие ми се утнати, поубави ги правам, ама од жешкото набрзина, тестото ми престана хаха. А ги попрскуваш ли со вода на крај? Јас ги премачкуваме и со путер.
Да да , и со вода и со путер, пробав и со зејтин и со маргарин, и пак така тврди ми испаѓаат и многу време се печат а внатре некогаш живи излегуваат. Да не праам некоја грешка при месење? Корите треба скроз тенки да се нели? Убаво изгледат овие твоите нјам нјам може рецепт? Ама детално да ми кажеш како ги правиш
Нема филозофија, брашно, вода млака, 1 лажичка оцет, за тегнето не треба квасец, јас ставив малку и се зафркнав, ми престаса. Никогаш не мерам, од ѓутуре, а и зависи од брашното колку прима вода. Се замесува по на меко тестото, се остава малку да стаса, се делат топчиња на намрсена тепсија, се покриваат со стреч фолија, се оставаат уште малку, се тргнат на чаршав, секоја кора се попрскува со масло и се става од зајрето (спанаќ, праз, урда-по желба), со помош на чаршавот се виткаат корите, краевите на кората се отстранува, се виткаат по желба, се печат и на крај се попрскуваат со вода може и газирана и се премачкуваат со путер да омекнат, ова на кратко објаснив. Заборавив и сол по вкус.