Лелеле Може ли да те прашам дали ги имаш пробано Трипло исто од Стокомак на исто место стоjaт , изгледа не ги имаш пробано штом купуваш Дилириум Гледам на палмина маст не обраќаш внимание , тоес не си човек кој чита состави
Грешка си видел. Повеќе од мене кој чита л.к на производ нема. Калориска вредност па се до состав. Палмино масло како масло. Што ако обратам внимание на составот на производов и ги одбегнам само ради тоа што се со палмино, кога во друга храна не можам? Пример одиш во ресторан а помфритот, плескавицата или друго што ќе порачаш, ти се спремани со палмино масло ама немаш л.к на производот кој ти се сервира па да видиш со што е па да го одбегниш. Единствена штета т.е нее штета али е тоа што палминото масло на повисоки температури создава само повисоки заситени масти за разлика од сончогледовото, ништо друго. Океј, заситените масти се тие "лошите масти" али ако се претерува со нив. Фала богу, во тој период кога сум ја објавил сликава од кондиторскиве производи а ги конзумирав повеќе тогаш, имав направено крвна слика три пати во рок од 6 месеци, во сите крвни слики холесторолот и триглециридите во нормала и дури под нормала. Додуша триглециридите се создаваат од јаглехидратите особено брзите шеќери, а јас тоа не го конзумирам. *Штарк Смоки од пред два месеци се произведува само со сончогледово масло, го заменија палминото.
Онака прашав/пишав само не го сфаќај толку сериозно, и јас сум јадел работи со палмино масло ама од кога ми кажале дека е штетно ме заинтересира сум прочитал на Googlе за тоj казус и сум престанал и не купувам ништо што е со палмина маст, тешко е ама можам да одолеам, иначе за Соко штарк пред неколку месеци им имам пратено имеил за Палмината маст и се зачудив колку брзо ги направија смоките без палмина маст...