јас немам никакви изговори, ги имам сите можни услови за јадење на се и свашта на работа па сури и манџи и се ама еве мрза пуста не ми се носи па не
Ги имам скоро сите услови за добро да се хранам (под добро мислам на храна која можам да си ја подготвам дома и на работа слободно да си ја подгреам и јадам) но не секогаш го практикувам тоа од проста причина што ме мрзи претходно да спремам. Како резултат на тоа најчесто јадам некои бели пецива од околните пекари, нарачуваме пица или омлет, некогаш само со Марети се поминува денот и така. Во секој случај овошјето, чајот и кафето се неизбежни и редовни во мојата исхрана во текот на работната недела.
јас имам кујна ама ретко јадам повеке на ручек со овааа со онааа колеска некогаш со пријателка а за насабајле дома јадам
На предходното работно место ги имав сите услови за носење храна од дома, па дури и манџа ...Прибор, чинии,фрижидер, микро, машина за садови....Фалеше уште добра волја за носење од дома Најчесто или немав време или ме мрзеше да приготвувам храна пред работа.Па, така завршував со оброк од блиските сендвичари и пекари со ветување сама на себе дека од утре нема више! На новово работно место, за среќа имам обезбеден, доставен оброк.Фини, културни јадења... И така, конечно ми е решен овој проблем.А, и пари не трошам на безвезна џанк фуд!
Јас на работа јадам некоја кифла или ѓеврек, а најчесто од дома си правам некое сендвиче па него го јадам .Инаку моите 6 колешки во канцеларија, кои впрочем имаат по 60 години, секој ден си пржат јајца и кобасици на решото во канцеларија, па и кромидче си кркнуваат, така да си се најадувам и од мирисот
Јадам претежно бели печива, овошје, бејк ролс, двопече со јогурт, чоколадно млеко. Често си нарачуваме, пица, сендвичи, кинеска храна... се што има деливери Понекогаш носам и од дома, сендвич, салати, пита ... Најново откритие ни е ова https://www.facebook.com/JasZnam цените не се баш за секој ден да се јаде од ова, ама добро е за да се смени малку... Морам да ги пофалам, тестенините се фантастични и сендвичот со пилешко со кари - нешто највкусно што сум пробала во последно време. Омлетот е онака, исто ко дома што се праи. Ако не друго ќе ви послужат за идеја што да си направите од дома
Па од сабајле од дома си зимам две јаболка и на работа пијам по 2 кафиња. А најчесто јадам бели пецива.
Со оглед на тоа што вчера ми беше прв работен ден во таа фабрика си купив панцероти затоа што ми беше срам да носам од дома, ама гледам колешките си носат, која ајвар и сирење, која туна и кифлички, една постара женичка си носеше дури и гравче .. има таму во кујната микробранова печка, има решо па можиш да си стоплиш... планирам да почнам и јас да носам од дома, некој сендвич, ајварче и сирење, овошје некое
Секогаш различно..... некогаш си носам сендвичи од дома, кифлички, а пак некогаш си купувам пица, киснато, бурече . Денеска си носев сендвич со салама и кашкавал, една банана за сила да ми даде, и обавезно си купувам некое чоколадо за да не ми падне шеќерот случајно
Во последно време само овошје и зеленчук, ми се смачи од сите работи наоколу, од лиснати теста, сусамки и сендвичи... Некогаш купувам од маркетот во близина, некогаш си носам од дома претходно направена салата... Ем поздраво, ем поубаво се чувствувам.
Јас обавезно појадувам пред да одам на работа,најчесто овесна каша, бидејќи и внимавам на исхраната.Иако сум на работа 5 до 6 часа, сепак во ташна обавезно имам дополнителна енергија како банана,јаболка,виталиа-гранола и сл.
Секој ден си носам од дома сендвичи со кулен кашкавал или паштета мајонез или благи со кремче, плус сушено овошје кајсии, суво грозје, урми или смокви. За пиење кафенце турско плус лимонада или некое негазирано сокче ...... Еве утре ке појадувамна работа шпагети со мексикански сос
Претежно си носев некое сендвиче направено дома, тестенини, кифлички, поретко си купував банички зошто ладни воопшто не ми се вкусни а и да ги греам во микрото...не. Во последно време почнав повеќе да внимавам што јадам и кога сум прва смена носам овошје (цитрон и банана најчесто) а кога сум втора смена некоја салата. И термос со кафе обавезно, ако немам време си носам нескафе 3 во 1.
Што се' не. Матени или варени јајца со некаков зеленчук (спанаќ/брокула/печурки/блитва) ) + урда или моцарела + некаков свеж зеленчук (домат/краставица/цвекло/морков); овесна каша со овошје и некој јаткаст плод; ориз со месо или зеленчук; булгур со месо или зеленчук; туна со се' и сешто (марула/пченка/маслинки/домат); месо со зеленчук; паста; варен зеленчук (компир/брокула/морков/карфиол). Секогаш си носам и ужинка, најчесто овошје, понекогаш само банана, понекогаш јаболко со путер од кикирики, понекогаш комбинација од повеќе (јаболко/киви/мандарина); понекогаш овошен јогурт; понекогаш и по некој мусли бар. Надвор ретко купувам зошто не сум многу по пекарските производи, а ладен сендвич сама можам дома да си направам. Единствено што ми се допаѓаат се сендвичите во TinexToGo, поготово тој со кајгана. И понекогаш си дозволувам нешто како крофна или некоја чоколадна кифла (ко тие малецките нутела од Силбо), зошто да не.
Ретко кога носам нешто од дома (најчесто кога сум на режим некој) инаку лиснати, тостови, пица, вртени пити па знам некогаш и до зелено пазарче да тркнам риба да си земам. Воглавно нездрава храна за која срце ме боли колку ја плаќам а колку малку ме најадува.