Најчесто некое пециво со јогурт или пак готвена храна на мерење од Тинекс. Поретко се случува да јадам некој хамбургер, гиро или пица. Имам многу избор со оглед на тоа што работата ми е на прометно место во Центар.
Од се по нешто сендвичи, буреци, банички солени благи. А и по нешто блашко па кога ми скисне благото па на солено.
Најчесто не јадам, само со кафе сум додека сум на работа. Подобро размислувам на гладно Ако веќе морам да јадам нешто, гледам да е нешто ситно.
Скоро секогаш оброк и ужина подготвени од дома, ем знам што јадам, ем е повеќе баџет френдли. Поретко земам нешто готово надвор, најчесто од стрвост. Не е тешко да се храни човек здраво на работа, само обврска плус е сигурно. И бара да влечкаш повеќе работи со себе. Јас имам повеќе мали пластични контеинери, и во нив ставам одделно храна според планот. Во една кутија ставам салата, во друга посебно остатокот од главниот оброк. Во помала тегла носам житарки за доручек најчесто, а ужина ми се некакви солнеки грицки и/или овошје. Вечерата може да е овошје, салата или кроасан со кафе исто. Некои денови спремам и сендвичи, рибанки со некаков намаз и сл. Има избор и можат да се направат многу комбинации за да се храни човек правилно и надвор од дома.
Кога одев на работа имавме храна од кујна ама секогаш од дома носев. Ве читам додека сте на работа само по еднаш јадете и тоа салати само Јас на работа носев секогаш некоја салата, со овошје или зеленчук и нешто за ручек пица, тост, макарони, житарки со овошје и мед, салата од компир варен и сирење, нешто благо плус десерт, исто како на пикник .. И пак 50 кг
Зависи од денот.. Денеска добро познатата "јанија" Пошто е фирма со обезбедена храна, има секој ден по три различни оброци еден да си одбериш, така да.....
туна со леб, активиа, ѓеврече, пецивосо шунка и кашкавал, салата од дома(домат, краставица, сирење ) плус парче стек од некоја седвичара и леб. Нешто што се јаде за брзо време .плус благо и овошје најобавезно пред јадење и после јадење
Имаме готвена храна секојдневно. Е сега бидејќи е само едно јадење секој ден без избор доколку не ни се допаѓа или земаме од сендвичара, ресторан и слично. Или пак носам нешто брзо и лесно од дома.
Наутро 80% смути, понекогаш просо варено со овошје и јатки, некогаш пченица или овес со овошје, некогаш проја пита, интегрални домашни крекери со семиња, јогурт јадев со ржани снегулку ама веќе не, здрави сендвичи со хумус и салата, салата. Околу вториот оброк е критично знам да каснам и нешто калорично да ми одбие глад но од сега тоа ќе е сведено на минимум па кој знар како ќе биде.
Што обично си подготвувате од дома за јадење за работа во канцеларијаа.....веќе не знаеме што да јадеме се ни е испробано
Е тоа е тешко што ке се јаде секој нареден ден , обично преферирам да носам од дома. Варено јајце со некој намаз и лебче , путер со мармалад , хумус , салата , туна , корнфлекс со јогурт , овесни со млеко и некое овошје ,домашен тост.Има на работа услови и можам да оставам па купувам некој работи и ми стојат , ретко купувам некоја баничка или геврек и сл )
Тост или сендвич почесто гледам да биде домашно приготвен,а кога немам време купувам.Од овошје јаболко,мандарина,јагоди,цреши,ананас,банани зависно што имам дома.
Најчесто оброци подготвени дома. Смути, хумус, намаз од сончоглед, намаз од авокадо, пченица или овес варен, салати.