Од каде доаѓа чувството на задоволство кога ќе се напиеш Кока-Кола и што е тоа што те тера уште да пиеш, реално не згаснувајќи ти ја жедта никогаш? Значи, што се случува со твоето тело ако испиеш Кока-Кола? Во првите 10 минути: 10 лажички шеќер одеднаш го наплиснуваат твојот систем. Тоа е вкупно потребната количина шеќер за цел ден. Ти нема веднаш да добиеш нагон за повраќање од таа прекумерна блажина затоа што фосфорната киселина го намалува благиот вкус и ти остануваш смирен. По 20 минути: Нивото на шеќер во твојот крвоток добива амплитуда, што предизвикува наплив на инсулин. Твојот џигер одговара на овие брзи промени со тоа што го претвора целиот шеќер кој му е на располагање во маснотии. А има поприлично шеќер на располагање во моментот. По 40 минути: Завршува апсорбцијата на кафеинот. Зениците ти се шират и крвниот притисок ти расте, како што твојот џигер напластува сè повеќе и повеќе шеќер во твојот крвоток. Аденозинските рецептори во твојот мозок сега веќе не можат да создаваат сензации на поспаност и ти си „хај“. По 45 минути: Твоето тело го зголемува производството на допамин, со што се стимулираат центрите за уживање во мозокот. Ова е инаку сосем истиот принцип на кој функционира хероинот. По 60 минути: Фосфорната киселина ги врзува калциумот, магнезиумот и цинкот кои се преработуваат во твоите црева, со што дополнително се покачува метаболизмот. Тоа се комбинира и со високи дози шеќер и вештачки сладила, со што се зголемува исфрлањето на калциум по уринарен пат. По 60 минути: Доаѓаат на сила дијаретските својства на кафеинот, што те тера повеќе да уринираш. Со тоа уште повеќе се обезбедува дека ќе ги исфрлиш калциумот, магнезиумот и цинкот, наместо да отидеа како што требаше во твоите коски. Исто, ќе исфрлиш и натриум, електролити и вода. По 60 минути: Како што почнува да спласнува журката во твоето тело, ти почнуваш да добиваш шеќерен крах. Стануваш раздразлив и безволен. Исто така, сега буквално ја имаш изуринирано целата вода која беше во Кока-Колата. Ама претходно си ја збогатил таа отпадна вода со вредни хранливи состојки кои твоето тело можело да ги искористи за, на пример, поцврсти коски и заби.
^Jaс постојано пијам коко-кола и несум почуствувала ништо од гореспомнативе работи. Немам покачен притисок,низок ми е константно. Покачен шеќер истотака немам малку под нормалата ми е. Коските и забите ми се здрави. Немам раздразливост или чувство на хај како кај наркоманите. Не ме држи будна,немам проблем со спиењето. Мене не ме интересира дали е здраво или не јас и понатака ќе си уживам во кока колата.
Имам читано дека Кока Колата воопшто не е здрава, сите го знаеме тоа. Тестирана е нејзината содржина и установено е дека таа воопшто не е здрава за црниот дроб, со тоа што испитувањето се вршело така што, црно дроб е ставен во одредена количина на Кока Кола, и по одреден временски период, дробот почнал да капе
Ова најверојатно се однесува на луѓе што пијат ептен големи количини кока кола дневно. Ако испиете една - две лименки , мислам дека ништо страшно нема да ви се случи.
Со оглед на тоа дека имам гледано како ставаат Кока Кола на рѓосан штраф и не може да се одврти, и по неколку секунди кока колата го нагризува и се одвртува замислете како пак реагира на организмот-страшно.
Доберман, да не си испратен ти од Прилепска пивара т.е. Пепси, а? Што ќе се случи? Па веројатно ќе прозбориш ромски Шала на страна. Дека не е здрава, не е. Јасно ни е. Ама не се умира од Кока - Кола да не претеруваме. Мене ми е сосема ок кога сум многу жедна, после пица - следи кока кола. Многу јасно Всушност ајде да се запрашаме што е денес здраво? Овошјето? Зеленчукот? Па и тоа е се вештачко веќе. Колбаси? Скари? Бел леб? Интегрален ориз? Дури ни тој не е здрав доколку се користи прекумерно. Ништо не е здраво, ама златно правило - се треба да се конзумира умерено.
Јас и Кока Колата сме пријатели само кога ја мешам со винце или коњак Не пијам газирани пијалоци, се на се може литро до две вкупно да испијам газирани сокови во текот на 1 година. Повеќе пијам вода, чаеви и сокови (кои џабе реално носат наслов природни, кои поминале покрај природни ама сепак мислам дека се поздрави од газираните). Златна вода и златен природен овошен исцеден сок.
Малку офф топик, со вино Росоњерче?! Шмрк кутрото вино плаче сега! Не си го расипувај убавиот вкус на виното со кока кола душооо! Ах ах Овакво нешто кога ќе чујам срце ме стега. Инаку да, кока колата знае да прави чуда со штрафовите, ама и воздухот знае да ги промени. Исто така, предупредување, немојте да пиете кока кола и да залеете со Ментос! Ви текнува на финтата? Е јас со моиве луди колеги едно лето ја испробавме и си направивме водоскок Радости, ќејфови ко мали деца Значи дефинитивно функционира! Само не пробувајте по дома ако ви се мили ѕидовите и таванот
Не не тоа е преретко. Убаво квалитетно винце никогаш не мешам. Ама некогаш ако има вино кое не е по мој вкус го мешам со Кока Кола. Па кажав најмногу 2 литри газирани сокови пијам во текот на целата година. Едноставно не можам да пијам ни кисела вода, ни кока кола, ни фанта, не можам не ми е ич убаво
Имаше смртен случај каде што дете најпрвин се напило кока кола, па после изедило ментос. Тоа ти е исто како во желудникот да ти пукне петарда внатре. http://www.youtube.com/watch?v=up1DoY8Cfwg П.С ако пиеш кока кола можеш да се претвориш во
Ајде јас да се изјаснам како излечен поранешен зависник од Кока Кола Додека студирав јас живеев на кафе (по две еспреса во серија наутро, плус три-четири турски во текот на денот), смоки и... мноогу кока кола Ништо од наведените контраефекти не сум осетила, мене ми влијаеше така што кофеинот ме одржуваше будна. Негативното - предизвикува зависност, исто како цигари и алкохол. Јас не можев ден без кока кола. Станував наутро и веднаш пиев кафе со кока кола, мислам дека воопшто не пиев вода. Престанав да ја пијам еден ден кога решив (веројатно и се презаситив од вкусот) - од денес нема кока кола, и само по едно кафе дневно има да пијам . Сега не пијам ни кафе. Среќен крај на приказната, немам никакви последици . Сите знаеме дека не е здрава, но се сомневам дека е толку многу штетна. Инаку, ја користам сега за чистење поцрнато сребро - функционира.
Многу пати сум рекла готово веќе не пијам ама некогаш само тоа ми се пие , ништо друго Инаку секогаш кога ќе испијам мало шише или лименка , се осеќам многу дебело , многу тешко Не знам како да објаснам . Се што е премногу е лошо , затоа умерено треба и нема да има проблем
Што се случува кога ќе се напиеш вино? Што се случува кога ќе испиеш 3 вотки? Што се случува кога дуваш џоинт? он топик: пуканки и кока кола смртно задоволство
Па вака јас учам медицинско и ни кажа професорката дека Кока Колата создава зависност зошто е правено со растението од кое ја прават дрогата и дека е штетна за организмот и што помалце да пијаме таков сок.....така ни кажа а колку е точно не знам ама јас сепак од тогаш не пијам
Не само што може да се чисти сребро со неа, туку екстра е за вадење флеки.Другарка ми ја пие кога ќе се најаде за побрзо да и ја сварело храната,па ако вади флеки,зашто и да не ја преработува побрзо храната во желудникот, а тоа што ќе ти се подува стомакот од газираното нема врска.
Кока кола низ човеков гастро-интестинален систем ме асоцира на доместос или мистер мускуло низ канализација Не ја пијам бре и гратис да ми ја даваат
Imam slusnato deka istovremeno da pies koka kola i kafe ke imas problemi vo stomakot.Potocno jas go imam probano i posle imav bolki vo stomahot,zosto se slucuva toa kazete mi.Nesum mnogu po koka kolata retko piam,poveke piam koka kola 0 seker,dali e dobro.Pisete,pozdrav [mod-kirilica:2rt3xi0a][/mod-kirilica:2rt3xi0a]
Мислам дека тоа што е напишано во воведот од темата е точно,барем така јас имам слушнато.Штетна е,исто и јас како LivingGlam, пиев,кафе,кока кола,меѓутоа не двете заедно ама така некако кога пиев,не чуствував ништо,исто како вода да пијам според тоа јас како пијам вода во големи колични,па може да се замисли кога зборам за кока кола.Прекинав да пијам кока кола откако сватив што пијам,ете и претходно си спомнав за кафето дека го откажав,му кажав збогум така исто прекинав да пијам кока-кола,значи едно 4-5 години може и повеќе, ни капка,затоа што јас сум таква кога нешто ќе решам,решено е и крај, закон бре Штетна е,мислам дека човек треба да е свесен што пие, важно е заради наше здравје, некогаш и од нас зависи нашата здравствена состојба затоа што се што е во врска со нашето здравје,ништо не е случајно