Пијам кока кола, но не толку често и не во толку големи количини за да ми предизвика зависност или некоја од овие последици што се наведени. Пијам со оброк во Мек Доналдс, евентуално ако сум излезена на вечера, а не ми се пие алкохол. Во последно време пијам многу домашна лимонада или си цедам портокал, пијам чај и многу вода! Газираното решив малку да го тргнам на страна затоа што почна желудникот да ми се надувува! Знам дека комшика ми си чистеше рѓа со кока колата и имам гледано емисии во кои ставаат бело месо во чаша кока кола, а веќе следниот ден целото е распаднато
Мене секој газиран пијалак ме дуе. Конкретно Кока кола не можам да пијам по многу нити сум зависна од неа, и една чаша мене ми го дуе стомакот, и на гладно да се напијам желудникот ми се преполнува веројатно со многу воздх и немам апетит. Затоа искрено си пијам многу ретко, поубаво ќе се напијам лимонада и густ негазиран сок одколку кока кола, а знам дека на тинејџерите и децата во Америка омилено јадење во Мекдоналс им е обавезно хамбургер со кока кола - секојднево конзумирање - КАТАСТРОФА . Сепак вкусот на кока колата не е ист како и кај нас, ама тоа не ја прави помалку штетна.
Јас имам чуено дека кока колата не била здрава,ама на мене тоа не сум го почувствувала.Кока кола дома многу ретко купуваме,најчесто ја пијам на излегување во дискотека кога не сум расположена за алкохол или пак кога одам во некој кафич,онака што се вика на кафе... Мене ми е убав вкусот,освежува навистина...Не знам како влијае на мене,но не верувам дека нешто би ми направила бидејќи не ја конзумирам во огромни количини. Кога сум болна докторката ми вика да пијам кока кола од газирани пијалоци...Татко ми едно време требаше да прави гаргара со една гнасна течност,па докторката му рече да прави со кока кола...Не знам зошто... Имам слушано дека самите можеме да направиме експеримент со тоа што ќе ставиме заб во чаша кока кола па да видиме што ќе се случи,ама не сум пробала. Можеби е штетна,но сигурно за оние што ја конзумираат претерано многу.
Поверојатно е дека ќе умрам без кока кола,отколку да умрам од кока кола. Зависник!Треба до крајот на животот бесплатно да ми доставуваат до дома и да им бидам заштитен знак,а не ...Амди на пример.
Не пијам многу газирани пијалоци, можеби 2-3 чаши месечно ако се собере.....ама морав да прокоментирам за истражувањево за кока-кола. Кока кола е бренд и прави ненормално многу пари, затоа конкуренцијата прави СЕ што е возможно за да ја уништи - ноу веј, но барем да ја намали потрошувачката. Не велам дека не е штетна, но сите газирани пијалаци се штетни, НЕ САМО кока-кола.....да се разбереме, иако во случајов од претходно наведените причини се анализира токму овој пијалок Имам слушано многу муабети за кока-кола, дека создава зависност, дека има штетни супстанци, еднаш чув дека правеле експеримент: свежо парче месо (за готвење) ставиле во чаша со кока-кола и го оставиле еден ден да отстои....месото помодрело и се распаднало, па така заклучиле дека истото тоа му се случува на нашиот организам кога ќе внесеме од овој пијалок Јас немам никакво лошо искуство со кока колата, како што кажав не ја пијам многу, но 10 дена на апсолвентска екскурзија ме одржуваше во живот и ми го регулираше кофеинот и шеќерот во мојот организам т.е. немам ништо против пиењето кока кола, само да не се претерува
Имаше во еден учебник дека ние тука отвараме кока кола за “радост“, значи не секој може да си ја дозволи и сега демек еве јас пијам кока кола , а ти кокта тууф гледај колку пари имам, а во странство кока колата секојдневно ја конзумираат во големи количини и имам слушнато дека кога ја пиеш те прави среќен, имала некоја “магична“ моќ во делувањето на хормоните Што е голема компанија е , и заработува многу пари, затоа рецептот за нејзино правење е таен и го знаат само одредени . На почетокот била зелена, сега црна, па после некое време можда љиљава ќе биде кај знаеме .
јас пијам Кока Кола лајт (демек без шеќер била) али сериозно крева притисок, ја конзумирав секој ден по 2 литри кога спремав правосуден испит, и само тоа ме одржуваше будна и концентрирана, ваквата конзумација траеше некои си 4 месеци и како што можам да приметам не ми е ништо.... е сега од франшизата знам дека кока кола стигнува на граница кај нас во канти како за поликолор, во густа маса, како пластелин, и на кантата си има знам од мртвечка глава, истава рецептура кај нас во Пивара само се раствара со соодветен однос на вода и гас, така да во секој случај е штетна и не треба да се претерува освен во некои ситуации слични на мојата кога сериозно треба нешто да ве одржи будни и сконцентрирани
Јас не пијам кока-кола , но мислам дека горенаведеното е точно , бидејќи тетин ми едно време пиеше мн кока-кола можеби по 3 литри на ден , и му се покачи шеќерот мн.
Има вистина во хиперактивноста, заради брзото апсорбирање на шекерот во крвта. Бев во музеј на Кока Кола, и имаше тестери од Кока Кола од 65 земји во светот. Пробав од сите и бев како да сум *дувнала* нешто
Ептен се согласувам со тоа дека треба да мислиме на нашето здравје. Тоа е точно. Но јас сакам и малку да живеам (се надевам за ова што го кажувам, нема еден ден да се каам пу пу). Не сакам да ми е цел живот со вкус на тофу. Не сакам кога ќе седнам некаде сите да си нарачаат нешто скоро толку добро како самиот грев а јас да кажам „За мене нискокалоричен мајонез од соја, чиста минерална вода - негазирана и био козјо сирење без адитиви.“ Се е фино доколку се прави умерено. Јас ако испијам пола литар кока кола за една недела - и тоа е многу. За чудо па и јас пијам кафе со кока кола кога излегувам, од арно поарно Еднаш слушнав „одлична“ забелешка за ова од една крајно wannabe независна интелектуалка која го здогледа тогашниот ми дечко со еспресо и кока кола. Сеуште во глава ми ѕвони нејзиниот претенциозен, длабоко секси глас кога му кажа - „О боже, каква декаденција! Како можеш да пиеш кафе со кока кола, ужас!“ Одговорот? „А ти како можеш да ставиш зборови како декаденција и кока кола заедно во една реченица?!“ Кога ќе размислам кока колата е можеби чиста декаденција, ама го сакам чуството на свежи, слатки, болни меурчиња на јазикот. Чат пат, доволно за да не го натрупам организмот со шеќер. И онака не јадам благо, па морам некаде да компензирам, нели?
Ретко пијам Кока кола,дали 1л месечно може да се собере се на се,не само Кока кола и други газирани сокови не пијам.Обично си пијам чај,негазирани сокови,цедевитка итн.Кока кола пијам само во придружба со некој чипс или во МекДоналдс понекогаш,но секогаш кога ќе се напијам Кока кола бар пола чаша ми иде да испијам вода 2 чаши,многу ми е блага Кока колата и ме дуе
си пијам кока кола и ме осввежува.. не пијам кафе, така да во кока колата си има кофеин и подобро ми е да се напијам една чаша кока кола за да ме остави будна, отколку кафе.. исто така добра е кога ке ми падне притискот, кога ми се лоши и повекето доктори ја препорачуваат во такви ситуации
Имам слушнато дека Кока Колата ако се конзумира ама не ладна да биде, помага да се спречи дијареа. Многу луѓе ми го имаат тоа кажано. Меѓутоа според мене, не е тоа доволна причина за да би пиела Кока Кола. Има убав вкус и освежителна е, ама штетна е до небо и назад Поготово во комбинација со кафе, чипсови, чоколади, пици итн... Желудникот го прави попара(ја надразнува слузницата), го дуе стомакот, а мене секогаш ми предизвикува гадење. Јас пијам негазирани пијалоци (чајче овошно со мед, Цедевита, минерална вода...) Газираното не е дефинитивно добар избор, според мене,а поготово Кока Кола
Jас не ни пијам кока-кола ни фанта,спрајт,многу многу ретко,ако немам освен ако немам што да се напијам,или ми застане храната,а единствен пијалок е кола кола
Јас ја отворив темата а заборавив да си кажам мислење за кока колата До пред 1 година бев буквално зависна од Кока Кола. Значи тие муабети дека кока колата не создава зависност со гаранција ги негирам и не се точни. Од кока кола и тоа како се станува зависен,делува исто како дрога. Дури имам слушнато муабети дека се ставало малку количество на Кокаин во Кока колата а и самото има гласи „КОКА„ кола. Значи како што кажав до пред 1 година бев многу зависна од кока кола,дневно „дозата„ ми беше минимум 2 литри а се случуваше и без проблем 3 до 4 литри да испијам во текот на денот. Дури ако немав резерва 2 литра неотворена кока кола во фрижидер паника ме фаќаше. На водата речиси и го заборавив вкусот,ништо друго од течности не внесував освен кока кола. Но еден ден расчепкав по интернетот и кога прочитав што всушност внесувам секојдневно (и тоа во големи количини) во мојот организам дури и паника ме фати. Тоа што пишува на кока колата од што е составена е само дел од составот,има во неа многу опасни состојки што буквално по одреден период може да го уништи организмот. И еден ден решив да не пијам повеќе кока кола,незнам ни самата јас како успеав да не пијам а до пред некој ден пиев по само минимум 2 литра. На почетокот ми беше многу тешко без кока кола но со тек на време се помалку и помалку ме влечеше таа опасна напивка и еве веќе 1 година кај нас дома нема стапнато кока кола. И можам да ви кажам дека ми е многу подобро без кока кола. Последици сигурно ќе имам од кока колата но кога ќе се појават и колкави ќе бидат последиците незнам.
Ех вака за се да беше напишано, ништо немаше да вкусиме Да напишеме за месо мрсно, алкохол или нешто друго којзнае што се случува Јадете и пијте се што сакате, краток е животот, се може да се случи во секој момент