Името Кока Кола доаѓа од првичниот нејзин состав во 1885 година и двете главни состојки: екстракт од листови од кока и кола ореви (kola nuts). Колку кокаин користеле тогаш не е возможно да се каже. Во 1929 година се воведува целосно безкокаинска формула на Кока Кола и оттогаш не се користи кокаин во неа и формулата сега е целосно поинаква од таа на почетокот. Кога била создадена формулата била наменета за лекување, а тогаш не било необично да се користи кокаин во медицината. Сегашната Кока Кола нема ни трага од кокаин во неа, ни мало количество, ИЧ. Се употребува екстракт од кока листови кој го дава вкусот, но е целосно прочистен од кокаин. Кола оревите се извор на кофеинот во кока колата. Spoiler Значи дека е штетна не негирам, но да се тврди дека има кокаин во неа и то предизвикува зависност е премногу. Зависност предизвикува кофеинот. Последици во иднина сигурно нема да имаш Доберман. Кофеинот ти дејствувал во моментот, може и шеќерот да ти бил покачен, но нема логика на старост да те "стрефи" нешто зашто како млад си пиел кока кола.
Абе што ви е.... Не ви текнува дека пред некое време добивме награда т.е. Пивара доби награда за производство на најубавата Кока-Кола на целиот свет?
Нит ја пијам, нит ја сакам, нит ми е убава. Уствари, во глобала секакви газирани пијалаци избегавам да пијам (освен ете Спрајт и Швепс). Кока Кола пијам само ако сум отишла на гости, немаат инаков сок, а домаќинката упорно ме убедува да ми тури Кока Кола, а не вода од чешма. Ете само тогаш пијам, чисто од култура да не им се противам сега за еден сок. Значи ми се фаќа 2-3 пати годишно да се напијам.
никогаш не сум била обожавател на газирани пијалоци, а особено на Кока Кола, се случува некогаш да се напијам, а тоа еднаш у 2 години, од погоре споменатите појави сум почувствуала дел, но најмногу болка во забите од преголемиот шеќер. од газирани пијалоци на вкус најмногу ми одговара Швепс, но исто така го пијам мнооогу ретко.
Откриен оригиналниот рецепт на Кока Кола . Еве го па сами проценете дали е штетна или не. Само јас до сеа не сум слушнала некој да умре од КК или да добие некоја болест како последица на конзумирање КК. Еве го оригиналниот рецепт The 'secret recipe' Fluid extract of Coca 3 drams USP Citric acid 3 oz Caffeine 1oz Sugar 30 (it is unclear from the markings what quantity is required) Water 2.5 gal Lime juice 2 pints 1 qrt Vanilla 1oz Caramel 1.5oz or more to colour 7X flavour (use 2oz of flavour to 5 gals syrup): Alcohol 8oz Orange oil 20 drops Lemon oil 30 drops Nutmeg oil 10 drops Coriander 5 drops Neroli 10 drops Cinnamon 10 drops
Може е само до мене, ама после една чаша Кока-Кола мене забите ми шкрипат ко луди и ми создаваат непријатно чувство во устата, ко да се ронат. Затоа одамна избегнувам такви пијалоци, премногу ми е језиво, не дека не ми се вкусни.
И јас исто така ги одбегнувам газираните пијалаци затоа што те дебелеат и ствараат нервоза [/quote] Ако газираното дебелее до сега требаше да имам 100 кг Секој ден пијам по 2л Кока Кола и ни грам да се здебелам Инаку зависник сум од Кока Кола дефинитивно!!! Колку и да не е здраво да се пие, убаво ми е. Кока кола и кикирики за фудбал, Кока кола со пица за филмче, Кока кола со тортелини за пред тв опуштено, Кока кола со скара семеен ручек, Кока кола со чипс за цел ден, Кока кола и милка чоколатце... !!!
На некој поплитки на некој подлабоки џебовите . Кока Кола за нашиот стандард премногу е скапа, не се срамам да признаам дека само еднаш во животот имам пиено Кока Кола, знаејќи дека е штетна за организмот .
Инаку ова не рецептот на кока-кола. Кога излезе приказната во јавност, веднаш беше демантирано. рецептот за кока-кола и понатаму е во тајност. Инаку не мислам дека за нашиот стандард е премногу скапа кока-колата, баш напротив. Цената е сосема во ред ако се земе во предвид колку е брендот стар, популaрен и квалитетен. Размислете, за 70 денари пиете некој густ сок за кој ви твдрат дека е 100% природен, а всушност е направен од тиква (зошто сите сокови кај нас од тивка ги прават), а за истите пари пиеш најдобра кока-кола во светот! И не е штетна ако се пие умерено секако. Ништо нема да се случи ако пиеш еднаш до двапати во неделата. Се што е претерано е штетно, а глупаво е да кажам дека не пијам зошто сум слушнала дека е штетно Има мал-милион работи што се поштетни од кока-колата, а ги конзумираме секојдневно.
Од навечер ставете живо месо во чаша со кока кола и утре сабајле видете што станало со месото. Не е анти реклама, нека им е слатка на оние кои што ја пијат, јас ја избегнувам.
Еве јас како голема љубителка на coca cola имам ставено и месо и џигер и освен што менува боја ништо друго нема,па имам оставено месо и во вода и менува боја(станува бело како кога се вари)и водата ли е штетна? Све што е претерано е штетно,ако се конзумира умерено нема никаква штетност. А coca cola што се произведува во МК е една од најдобрите незнам дали е до водата или што ама најдобра е.
Епа кога сме веке кај кока-кола, да си се напијам една чашка,ја гледам од прееска ме мерка, ми се смешка Инаку, јас во последно време почнав да ја пијам кока-колата во малку поголеми количини од вообичаено. Порано не ми ни текнуваше на неа или пак ке се напиев ради реда некогаш. Ама сакам да кажам дека многу пати имам констатирано дека од кока-кола нема подобар пијалок.
Tinker bell, јас пиев премногу кока кола. Секој ден по 2-3 литри. Толку вода не пиев, колку кока кола. По извесен период бубрезите неможев да си ги опоравам и намалив доста. Сега пијам по едно литро во 2 дена Неможам да прекинам да ја пијам, ама барем намалив. Позз од зависникот од кока кола
Една другарка која живее во Австралија ми кажуваше дека на училиште правеле опити со кока-кола. Обичен клинец ставиле во чаша со кока-кола да отстои една вечер. Следниот ден кога го извадиле клинецот, бил 'рѓосан. Е сега не знам колку е тоа вистина, не сум пробала А инаку, многу сакам да ја пијам, премногу ми е вкусна. Знам дека е штетна и затоа ја консумирам во мали количини и што е можно поретко
Не сум многу зависна од Кока-Кола,повеќе Фанта сакам (најозбилно ова) . Некако многу ми е блага Кока-Колата, што знам. Дома ретко и купуваме Кока-Кола во МцДоналдс кога одам пијам ама тоа во еден месец 2-3 пати.И на гости исто.И за Нова Година исто. Или па кога одам некаде во пицерија или на роденден. Се на се се фаќа шише од 2 литра во месецот.И то.
Ништо нема да се случи. Ќе си ја испиеш и ајт со здравје . Јас на пример денес испив едно шишенце пола литар. Инаку ми се случува да се напијам еднаш во месецот или на 2 месеци по една чаша или мало шише. Многу е штетна, се знае тоа, ама ако гледаме така се е штетно. Тоа значи никогаш да не каснеме пица, сендвич или било каква брза храна, благо итн. Ако се јаде умерено, на пример еднаш на три месеци пица и еднаш на два кока кола - што може да ни биде?