Старфиш морав да те цитирам, прв пат читам дека кај нас густите сокови ги прават од тиква, од каде оваа информација ? , вистина се зачудив. А тогаш зошто во состав има разни овошја, а не тиква, искрено не сум сретнала сок од тиква ? Имам пишувано за кока колата дека ја пијам ептен ретко, па да не се повторувам сега, а рецептот е сеуште таен, го знаат само одредени личности. И не знам дали имаме спомнато, првата кока кола имала зелена боја .
Прво он-топик, ретко пијам Кока-Кола не ми се допаѓа многу вкусот. Инаку знам дека фармацевтот кој ја измислили формулата првобитна цел му била да создаде лек против мамурлак, така да трезнете се со Кока-Кола после прилично алкохолизирана ноќ . Сега офф-топик тиквата во густите сокови се користи како база или основа меѓутоа доколку станува збор за нектар каде застапеноста на овошјето варира од некои 10-тина до 50-тина проценти, пишува на секој сок конкретно колкав е процентот на овошје, а оние кои се 100% немаат ваква основа тие се вода, овошје и ретко шеќер (има и без шеќер) по состав. Исто е и кај чаевите, повеќето чаеви во ќесичка што ги купуваме имаат основа шипка, што е и логично како би се направил конкретно чај од јагода само со сушење на плод од јагода или да речеме од портокал?!
Точно е Лукс, од сигурни извори. Тиквата има таква содржина, да вкусот и е доста приспособлив. Сите густи сокови се прават од тиква и се додава екстракт од некој вкус пр.портокал. Значи пулпата, густото е всушност тиква. На соковите нормално дека пишуува дека се сто проценти овошје, пр.100 % протокал, ама вистината е всушност дека пиеш сок од тиква со екстракт од портокал. И не е само портокалот, туку сите сокови! Релано земи, колку портокали ти требаат за да направиш дома свеж сок од портокал, еден литар? Многу! На никој не му се исплати да ти го продава 100% природен за тие ниски цени. Фала богу, нема во продажба сок од тиква, кој би пиел?!
Lux, јас имам читано митови за кока кола и пишуваше дека во последно време се шири информацијата дека првобитната боја на кока колата била зелена што всушност не е точно, шишето на кока колата во минатото било зелено.
Ааа не претерувам јас до толку. Јас сакам да кажам дека порано не можев ни една голтка кока-кола да ставам во уста,едноставно не ми беше убава за пиење и бев исклучиво на густи сокови,а последниов период кога ќе ми текне на кока-кола си пијам обавезно Ама не се секирам до толку бидејќи не ја конзумирам секојдневно туку ете така кога ќе и го удрам меракот А ти пробај барем да пиеш по една-две чашки на ден,колку што можеш повеќе да ја намалиш бидејќи ете тебе веќе почнала да ти смета на бубрезите.
Сега ми емило шо одамна се откажав од секакви газирани "освежителни" пијалоци. Мене сепак свежо изедено овошје оли цеден сок ми е поосвежително, а за гасење жед тука е секогаш нејзиното величество водата
Па провери го и хемискиот состав па ќе ти стане јасно, окото вара некогаш . Сакам да кажам дека е штетна за организмот ама слатка.
За густите сокови Браво им се толку вештачки, не основата, цел сок им е од тиква и од прашоци. Најубави се оние од Фруктал и Би.
Се согласувам со тебе. Јафа ми се баш поубави од Браво, а најубави ми се Фруктал (некако најприродни ми се) , Би и Вива. Само Браво лименките се многу убави, и баш изгледаат многу поприродно. Од јаготка и портокал ми се најубави. Он топик: За Кока Колата сите знаеме дека таа е штетна, но сепак можам да си дозволам од време на време да испијам шишенце од пола литар или да испијам чашка-две кога сум на гости. Мене омилена ми е од Мекдоналдс, некако таму најубава ми е ама незнам од каде имам слушнато дека таа не е оригинал Кока Кола, туку е Мк Кола или како и да е, ама мене пак повеќе ми се допаѓа. И баш ми текна дека одамна не сум пиела Кока Кола, ми доаѓа сега да одам во продавница и да си купам, ама не смеам заради крајникот. Само едно нешто не ми е јасно, зашто лименките се секогаш поскапи од шишенцата од пола литро, без разлика дали е Кока Кола или некој друг пијалак?
Кока Колата порано се продавала како лек, така да штетна е колку што се штетни и лековите па пак сите ги пијат по потреба. Значи дефинитивно сите сме приметиле дека во одредени ситуации, низок шеќер, омалаксаност, низок притисок, проблеми со стомакот и остало помага! За создавање зависност не верувам, може затоа што не ми се случило. Инаку пијам Кока Кола ако не секој, секој втор-трет ден по пола литар отприлика и немам намера да се откажувам затоа што нема потреба. Се што е умерено е добро.
Пијам само кога ме боли стомак, за да ждригнам и ми поминува Неодамна прочитав некаде дека во Колумбија почнале да ја прават по оригиналниот рецепт со главната состојка --> Кокаин
Трк сите таму, да не пропадне онаа урбана легенда - Маме, пази да не ти стават дрога во кока колата. Сакам кока кола. Сепак, ретко ја пијам. Можеби 3-5 пати месечно. Незаменлива е во вкусот и искрено не ме интересира колку е здрава или нездрава. Не се давам во неа, а не може да е понездраво од парче бифтек со помфрит, прелиен со кечап и мајонез. Кога ќе размислиш - се' е нездраво денеска, ајде ако не да живееме на трева и вода. Флаширана нормално, не tap water. свашта...
За Кока Колата, пијам еднаш во два месеци А имам некаде прочитано дека некое девојче од Америка во Кока Колата измешало 3 ментол бомбончиња, и на место цел оргнизам и пукнал за помалку од 2 минути ://
Колку пати сте го слушнале следново - ставете месо во чаша и полијте го со кока кола...до сабајле ќе го нема ...??? ахам Него, ако е толку моќна зошто и зимскиве мишелинки околу струков не ги стопи???
Нема да останеш трудна (нормално ако пред да пиеш кока кола си се сексал), највеќе ефект има ако при секс пиеш кока кола и по можност 2-3 пати да ждригнеш при оргазам, сто посто функционира. Пиење Кока Кола пред самиот сексуален чин нема ефект, просто бидејќи редоследот е обратен и не е тоа - тоа. Освен за горе наведената цел, Кока Кола супер ми легнува после скара, пица, нешто соленко, за да ви ја утврдам теоријата дека месото се разградува во Кока Кола . Не сум зависник од неа, не мислам дека е ниту штетна во нормални количини (чаша-две дневно), делува за покачување на крвниот притисок, кога ќе ми падне (притисокот) пола шоља ќе фукнам и сум како нова.
е што ќе се случи де? Еве моментално пиајм кока кола и ништо не ми е само ми е убаво на душичката, многу ми е слатка, а знам дека не е здрава за конзумирање ама пусти стрв што да правам
Абе и јас еднаш слушав со кока кола може дамки да вадиш, и нешто да 4истиш, а исто и за заб ако ставиш во 4аша кока кола по некое време ќе го снемало (така неш беше) зна4и замислите нели забот го растопила нам што ќе ни направи.... оно сите газирани сокови ти се отров, ама ај таа е... ина4е кока-кола скоро и4
Јас пак од никогаш не сум сакала газирани сокови.. многу ретко ги пијам..а и фактот дека го дуе стомакот, ги раздразнува забите и што ти не..уште повекје ми се одбивни.. мегутоа тоа различно кај сите.. зависи од организам... кој сака нека си пие.. и онака денеска што и да правиш помалку или повеќе е штетно зависит само од која точна гледаме бај да веј мајка ми ми има кажано дека прочитала некаде дека во Америка клозетите ги чистеле со кока кола... па сега..