Sunday-Rose, извини, ама поголема глупост од ова со забов не сум слушнала. Која е логиката да може кока-колата коска да растопи?!?! Ни доместос тоа не го може, па камо ли кока-колата. До каде оди човековата фантазија....или незнаење. И уште една замерка до тебе. Имаме буква Ч во азбуката
Лелее,клозетите ги чистеле. Епа ајде и вие почнете,ем 70 денари,поефтино ќе ви се фати а? Заб растопило,нц Ако била ТООООЛКУ многу штетна,да може заби да топи,никој немаше да ја пие. И не тропајте вакви глупости,рекла казала.Еден ќе слушне нешто,па друг ќе слушне,па тој ќе додаде нешто,и ете ќе излезе Кока Колата дека е атомско оружје,и ќе ни го уништи светот.
Кока колата дека е штетна тоа е ФАКТ. правеа експеримент со едно варено јајце со лушпа го ставија во чаша со кока кола и после една година го извадија јајцето да, ама излупено. лушпата беше иситнета како прав. а дека влијае штетно врз здравјето на коските и забите тоа не е никаква глупост, туку права вистина и лоша вистина за љубителите на кока кола.со овој експеримент е докажано дека прекоумерено конзумирање кока кола може да предизвика остеопороза.
Аман бе луѓе, штетна била, ова-она. Многу јасно дека е штетна, никој тоа не го оспорува! Ама се фативте за кока-колата како да испоумреле од неа луѓево. Има многу поштетни рарботи кои ги конзумираме секој ден, па никому-ништо. Работата е само да не се претерува. Се што е претерано не е здраво, па дури ни самите витамини. А за да почне кока-колата да раствара коски и органи во нашето тело, треба девно најмалку 2 литра да конзумираме.
Па по 1 година и во вода да го ставиш вареното јајце ќе му се распадне лушпата, а не па во Кока Кола Значи не сум толку страствен љубител за да го барам пијалоков, но мое мислење е дека доколку беше толку штетна ќе се забранеше нејзиното призводство. 100% поштетни се „природниве„ густи сокови што ги полнат со вештачки шеќери, ароми, конзерванси итн... И на крај па... реално што е здраво денес?
епа тогаш ајде стави во вода едно јајце, а јас во кока кола и ке праиме муабет до година кој како поминал . а за да се забрани нејзино производство тоа за жал нема да биде можно поради големата популарнот и употреба.
Таа логика дека ако Кока-Колата била штетна ќе ја забранеле не е баш ок, затоа што милиони производи се штетни, па дури и тивки убијци се нарекуваат, па се достапни на пазарот за сите...Пример, Herbalife (имам за нив пишувано во истоимената тема), потоа брзата храна од Мек Доналдс, некои видови на чипсови, сувомесни производи со различни емулгатори внатре и што ли уште не...Доволен е фактот што во САД е дозволена употреба на генетски модифицирана храна...За сојата да не зборувам...
исто и јас голем зависник на кока кола !!! Неможам да го поминам денот без неа а и башка што не консумирам никаков алкохол каде и да искочам пијам само кока кола.И да убаво ми е
Штетна е Кока-Колата и никој не го оспорува тоа. Но ако не се претерува мислам дека нема никаква опасност. Пијам Кока-Кола и тоа не ретко, и не само тоа туку и други газирани сокови и мислам дека не може да има никакви несакани последици освен ако не се конзумира прекумерно. Кока-Кола отсекогаш ми била омилена и не можам да и одолеам едноставно.
Ако ставиш паричка прљава во чаша кока кола кога ќе ја извадиш чиста ќе биде. Тоа е зошто ги нагризува бактериите кока колата, а не дека топи заби кои се коски, мислам тоа е нон-сенс. Инаку, се утепувам од пиење. Често ми паѓа притисокот и ми се слошува, омалаксана сум и слабокрвна, еве вчера ми се слоши, другарка ми трк да ми купи шишенце се напив неколку пати и одма ме освежи. И да не ми е ништо, пак би пиела по 2 литра на ден.
Па, мене лично ме фаќа Spoiler пролив кога ќе се напијам. Затоа, нели, очигледно престанав да ја пијам. Раат сум си, парите за тојлет пејпер ги вложувам во минерална вода. А дека е штетна, е. Само што не е штетно во денешно време ?
Пола лименка кокакола е шекер. и како што рече еден доктор на тв , ние го изнесуваме ј.диоксид од организмот а со кока-колата пак го внесуваме мажот ми често го карам што пие такви глупости кока-коли , фанти ама џабе кога не слуша. и свекрва ми се жалеше на стомакот често и престана да пие кока-кола и сега вика подобро се чувствува. ( кока-колата ги подувува цревата..) на работа дојде еден човек и вика јас купувам кока-кола само кога ја чистам шољата од тоалетот ( можете да замислите што прави и во нашиот стомак.. ) p.s. - заборавив да кажам на јутјуб гледав видео како ставаат месо во кока кола и по 2 саата се појавија бели црви. исто сум чула дека ако помине 1 дена месо во кока кола месото ке го снема
Не пијам многу често. Ама многу помага при труење со храна! Абе дечки, што се не внесуваме во секојдневната исхраната, купечката храна којзнае како е правена, па за една кока кола.
Е за инает на сите шеќери и калории ,јас си пијам само Лајт. И хај сум не по 45 минути ,море одма откако ќе ја видам амбалажата во фрижидер Нек пукну душмани