Кока кола... Ах! Што ќе се случи? Ќе ми дојде убаво на душичкава и ќе ми рипне притисокот, ќе престане да ме боли мешето после прејадување и ќе можам да учам подолго :geek: Ајде ако не да се откажеме од се што е штетно, да јадеме трева затоа што е здрава Да пиеме само вода директно од извор затоа што има минерали, да пиеме млеко директно од вимето на кравата затоа што преработеното е чиста водичка! И на крај да не лупне кола на улица и ај со здравје, отишoл животот без слаткиот вкус на кока колче и хамбургер. Како и да е, се што е умерено е добро.
Кока Кола пиеВ многу. Но , навистина дебееле( барем мене ме дебелее, зависи до човекот) и престанав да пијам толку многу заради тоа а и многу ме дуе
Одкако ке испијам една чаша Кока-Кола стомакот ќе ми се надуе како балон и нема да можам ништо да јадам
како помала многу пиев кока колаа се дрогирав а јас 10-11-12 години тука некаде и многу почнав да се нервирам и мајка ми ми забрани пошто виде дека нешто не е во ред со мене..а тоа затоа што имаме продавница а ујко ми има кафана и сега секогаш за дома си земав 2л кока кола а кога одев кај ујко ми во кафана се кока кола! ама сватив штетна е .. инаку и заболекарот ми забрани да пијам кока кола гледам кога излегувам веќе да не пијам,веќе не влегувам во продавницата и секогаш земам вода . пошто бев зависник од таа кока кола и бев тогаш дебела како престанав да пијам за 20 дена ослабнав 8 кг епа сега размислете вие дали е штетна или не е не сум против кога ми се пие си земам и пијам и завршена работа
Се што е убаво си има свои последеци за жал Cheers btw и јас си пијам Кока Кола знаеме сите дека е штетна
Ако гледаме веќе што ни штети, тогаш ќе дојдеме до заклучок дека ни штети и воздухот што го вдишуваме.Тој е загаден со најразлични штетни честички кои се испуштаат од моторните возила.И нашите бели дробови тоа го примаат како „чист“ воздух.Ставам кладба дека бели дробови на пушач се подеднакво оштетени како белите дробови на непушач. Водата од чешмите?Полна со хлор кој ја нагризува глеѓта на нашите заби.Водата поминува низ цевки стари повеќе од 30 години, кои се полни со бигор, кој исто така во големи количини е штетен. Храната што ја јадеме, бар процентуално поголемиот дел од народот е мајонез и останати продукти кои содржат конзерванси кои исто така се штетни. И на крај ќе испадне дека треба само трева да јадеме.И тоа од некоја висока планина каде што не допира човечка нога И да, пијам кока кола откако знам за мене.И така пушам цигари, и правам ред други работи кои му штетат на моето здравје, па си дозволувам да се освежам со кока кола
И јас исто ко оксиген мислам. Сите кока колата ваква била таква била. А кога ми е слаб притисокот само она ме крева на нозе. И овде важи умереноста е најдобра. Да си пиеш кока кола ама не од една чашка просечно на ден. А и мене чат пат зависнодт ми ствара ама се контролирам
Никогаш нешто посебно не сум ги сакала газираните пијалоци, па ист е случајот и со Кока Кола. Попрво би се напила ладна вода отколку тоа. Добро е што не сум зависник. Знам многу луѓе околу мене кои едноставно не можат без Кока Кола. Мене лично ми е претерано газирано и благо. Но, кога нема ништо друго, добредојдена е
Јас имам приметено многу работи откако ќе пијам кока-кола..знам кога сум жедна ќе се напијам и не ми ја згаснува жедта туку уште ми се пие,кога ќе пијам кока-кола секогаш ми се дува стомакот и тешко ми е така да јас многу ретко конзумирам кока-кола почесто пијам други сокови
Не пијам газирано, ич не сум фан на газираните пијалоци, порано пиев К.К ама не многу, онака, а денеска, нема шански да се напијам, свесна сум дека газираните пијалоци најмногу ми влијаат што се однесува на мојата линија, и секако не е добро за организмот.
Ова со рѓосаниот штраф е точно.Но кока колата е од корист само при промена на водата за пиење.Кога одите во друг град освен флаширана вода користете и кока кола така ке се спасите од патничките проливи и повракања.
Денес беше втор или трет пат што вистински ми се припи кока кола,но потоа гоопшто убаво не се чуствував,и многу ја одбегнувам кока колата,но кога земам ја земам без шеќер но денес ја пив без кофеин и така
Обожавам кока кола али поради ова и (ждригањето кое следува после ) гледам да не пијам многу. Имам другарка која не верува дека е штетна, не и смета и пие можеби 2л. секој ден ако не и повеќе. Ако не сега за неколку години сигурна сум дека ќе има проблеми но....
Ако ова се случувало во моето тело сите овие години во кои јас консумирам кока кола, па јас не би пишувала сега на форумов туку моите би жалеле по мене. Не, навистина, ако ова е точно тогаш јас сум мртва. Одамна ја заменив обичната вода со кока кола... Ја пијам во ненормални количини. Знам дека не е здрава, ама исто така знам и колку ми е вкусна. Не сум зависна од неа, можам без неа... Реално гледано, кога сум болна не пијам, кога сум настината не пијам, кога држам диети се одрекувам од неа, ама пак и се враќам. Пак по одреден период си го фаќам истото темпо. И никогаш нема целосно да се откажам од неа и покрај сите нејзини негативни влијанија. А што е всушност денес здраво?!