Не пијам никакви газирани пијалоци. Живеам без нив веќе 10 год. па фала богу ништо не ми е. Напротив се чувствувам СУПЕР.
Јас многу сакам кока кола, но таа која ја пиеме тука не е вистинската кока кола. Во шпанија пиев и е различен вкусот, многу по убав е... Пред 2-3 години гледав на нешанал џеографик еден експеримент со кока кола. Зедоа „учените“ еден заб. го ставиа во чаша полна до горе со кока кола. Така седеше цела недела. За тази една недела, забот го немаше...хехе Бев гледала, ама тоа беше поотдавна, на истата телевизија како мијат вц шољја со кока кола. Се почиства исто како со екстра силен препарат за почистване.... Сега кока кола ќе става бела. Кенчетата нема да се црвени, туку бели, во заштита на белите мечки. Сепак сиболот на кока кола е белата мечка. Ќе се направат милион и пол кенчета за продажба. До нас си мислам дека нема да стигне... Собраните пари, ќе ги дадат на WWF за заштита на белите мечки...Единственото црвено по кенчетата, ќе е знакот на Кока Кола Spoiler http://www.vesti.bg/index.phtml?tid=40&oid=4245511 Кенче е ова
Морам да те корегирам за болдираниот дел, секако дека е вистинската кока кола, е сега во светот секаде ја прават различно, на пример во Грција е катастрофа. Незнам дали ви текнува пред 2-3 год. Македонија доби награда од The Coca Cola Company затоа што нашата Пивара Скопје ја прави најубавата кока кола во светот Јас имам пиено во повеќе држави и највеќе ми се допаѓа нашата..
Кока кола кога пијам уживам... ама после 1 час...стомакот ме боли многу..и во полседно време не питам кока кола...само пепси.
Се сложувам со mims-89, coca-cola си е вистинската, и секаде е различна, ја имам пиено ширум европа и светот, и секаде е различна, и апсолутно можам да кажам дека Македонија што ја доби наградата The Coca Cola Compan за најубавата кока кола во светот, е сосема заслужено. Инаку ја обожааавам уживам,душичкава ми се топи кога ја пијам.
Да, не е здрава ама не е ни смртоносна. Ехеее колку е далеку од дрогите, ако е така сите ќе одевме на рехабилитација за зависност. Него јас пијам, ама не многу често, доколку сум жедна а нема ништо друго. Лично повеќе претпочитам негазиран сок, па така и Кока Колата и кој било друг газиран сок ретко се појавува на моето мени.
Кока Кола, а и воопшто газирани пијалоци, многу ретко пијам. Избегнувам газирано, ама ете, јас имам ниско ниво на шеќер и низок притисок, па кога ќе почувствувам дека „одам по облачиња“, пијам една чаша Кока Кола, и тоа ме смирува. Имам читано за тоа колку е штетна, една моја тетка дури и си чистеше рѓа низ дома со неа
Мајка ми порано пиеше премногу кока-кола, но сега не сака ни да ја мирисне. Од како видовме дека месото и шајката кога ќе ги ставиш во 2л се претвораат во прав ми се гади!
Ретко пијам. Но, на мене многу ми помага при болки во стомакот, и помага многу при труење со храна. Бог да чува, само да знаеме што се не внесуваме во секојдневната исхрана, какви само глупости, и како е правена храната, ќе ви се одјаде, а не па за Кока-Кола. Ко што рековте, нема ваљда трудна да останам. х) И јас имам такво чуство, ама поминува.
Ќе ти се подуе стомакот ко балон,дадада .Не се зезам мене ми се подува.А некогаш ми помага кога ми е расипан стомакот.Добро вика мајка ми :Кока колата не е ни за во кондури да ја ставиш,одма ќе ти се скинат.
Не пијам често... дури можам да кажам ретко. Немам навика да купувам. Всушност кога ме болит стомакот, кога повраќам или имам пролив (извинете шо олку бев директна), кока-колата е единственото нешто што ме спасува сериозно! А зошто, како - не знам.
Ретко пијам Кока-Кола (општо, газирано) бидејќи ме подува, многу ме ожеднува и прави да ми шкртаат забите. Обично пијам кога ми се пие благ пијалак или пак кога имам проблеми со стомакот, но и тоа ретко. Едно време, пред 2 години, се „навлеков“ на Кока-Кола - тоа беше единственото што го пиев на секое излегување, одење на гости, па и почнав почесто да купувам - се однесував како млад наркоман . Штом ќе видев шише со Кока-Кола некаде ќе ми светнеа очиве како на скржавец кога ќе види златници и знаев што ќе пијам. Ама, за брзо време се свестив дека испадиве ми станаа пречести и прекинав. Сега многу ретко пијам. (ова дојде како исповед на бивш алкохоличар, ама ајде )
Ми се подува стомакот не само од кока-кола,туку од сите газирани и негазирани пијалоци..и сокче обично за растворање ке ме подуе..не сум љубител на газирани сокови..на никакви
Што ни се случува со телото кога ќе се напиеме Кока Кола? Дали сте се запрашале зошто кока-колата ја пиеме со насмевка на лицето. Тоа се случува зашто со неа се дрогираме, иако кокаинот го тргнале од неа уште пред стотина години. А зошто го извадиле? Затоа што бил излишен… Еве што се случува во вашето тело откако ќе испиете една лименка “Kока-кола”: 10 минути потоа: 10 кафени лажички шеќер “го раскинуваат” вашиот организам (таа количина е 100% од дневната препорачлива количина на шеќер). Нема автоматски да повратите бидејќи фосфорната киселина го анулира вкусот на благо. 20 минути потоа: Kоличината на шеќер во крвта нагло се покачува, предизвикувајќи инсулинска експлозија. Вашиот црн дроб реагира така што сите шеќери коишто ќе ги најде во крвта ги претвора во маснотии. 40 минути потоа: Кофеинот е во потполност апсорбиран. Ви се шират зениците, ви се покачува крвниот притисок… како реакција на тоа црниот дроб пумпа уште повеќе шеќер во вашиот крвоток. Рецепторите на аденозин во мозокот тогаш се блокирани, што спречува чувство на вртоглавица. 45 минути потоа: Телото го зголемува производството на допамин, стимулирајќи ги центрите за чувство на задоволство во мозокот. Впрочем на овој начин делува и хероинот. 60 минути потоа: Фосфорната киселина се врзува со калциумот, магнезиумот и цинкот во дебелото црево, тоа овозможува дополнителна експлозија во вашиот метаболизам. Ова се комплицира со големите дози на шеќер и вештачки засладувачи кои дополнително го зголемуваат излачувањето на калциумот преку урината. Повеќе од 60 минути потоа: Диуретичките својства на кофеинот почнуваат да влијаат на вашето тело (имате чувство дека треба да мокрите). Тогаш сиот калциум, магнезиумот и цинкот кои биле наменети за вашите коски и телото, како и електролитот натриум и водата излегуваат од телото. Како што се смирува хаосот во вашето тело почнувате да чувствувате недостаток на шеќер. Можете да станете раздразливи и поспани. Веќе сте ја исфрлиле сета вода од пијалакот што сте го внеле, но откако таа се споила со најважните хранливи материи од вашето тело заедно со останатата вода која го хидрира организмот, и која заедно со останатите супстанци можела да се искористи за создавање поцврсти коски и заби. Потоа следи недостаток на кофеин, кој настанува по неколку часа (повеќе го чувствуваат пушачите). Да напоменеме дека опасноста ја носат големите дози на шеќер и кофеин со фосфорна киселина… а овие состојки ги има во повеќето газирани пијалоци. А КОКА-КОЛАТА Е НАЈПОЗНАТАТА И НАЈПОПУЛАРНА. Затоа држете се до водата! http://www.zdravo.com.mk/sto-ni-se-sluc ... E.facebook Повеќе не пијам Кока кола
Што ќе се случи ако испиеш Кока Кола? - ако ЈАС испијам Кока Кола ке се случи ЈАС испијам Кока - Кола дефинитивно ќе се случи клрај на светот ! Од сие пијалоци на овој свет, тоа нешто највеќе мразам ! Едноставно одвратно ми е !
Ова што го постираше Crazylady толку страшно изгледа и звучи, да одма посакаш да се откажеш од било какви газирани пијалоци. Ама тоа што е така објаснето и доловено, апсолутно не ми менува ништо! Па, ај ќе земаме за секоја храна и пијалок да пишуваме од медицински аспект, ќе треба од се да се откажеме зошто звучи опасно и страшно! Коклку сме значи наивни луѓето, два-три збора од стручна терминологија и одма менуваме ставови. Еве, како за пример, прочитајте што се случува во организмот после конзумирање месо! Или од две-три чашки алкохол! Ама од алкохол не би се откажале, така? Или од месо? Никој не спомна дека електролитите што ги содржи кока-колата помагаат кога имате киселини во желудникот. После мамурлак да речеме. Секогаш кога ќе добијам, пијам кока-кола затоа што неверојатно брзо ми го смирува стомакот. И не само јас, за ова дејство знаат многу девојки. На крај краева, жедна сум. И не прифаќам да пијам сок од портокал со 90% тиква во него, па ќе си купам кока-кола. Ако ништо друго барем најдобрата во свет ја пиеме.