Ај ако може некој да ми каже нешто повеќе за смерот Јазици, култури и комуникација...дали има само посебен смер за јазици или ова е смерот...ако знае некој нека пише
Вака а за Штулов што оценки треба колку години е правниот и секоја година по 1300евра испага годината ))
Штулов е приватен Универзитет, под дифолт чим даваш пари... се примаат сите апликанти. Јас завршив правен таму, првите 3 години поголем дел од професорите шо ми предаваа беа од државниот правен факултет, додека на мастер зависи кој смер, на кривично на пример предаваат професори од Приштина. Кај додипломските студии, година е 1300 еура, односно 650 еура семестар. Не се поминува баш лесно како за приватен универзитет, ама дипломата ти е призната во ЕУ! За мастер студии би препорачала да се иде на државен!
Zdravo, jas sum I godina na Stulov javna administracija , dali ima nekoj od Tetovo sto e I godina javna administracija redoven?
Здраво Феминки, темава некако е замрена, но би сакала ако некој студира или дипломирал на Штул, правни науки да ми даде повеќе информации. Мислам на информации од прва рака, не рекла казала. Планирам да се запишам сега, ми следува 50% стипендија по заслуга. Просекот треба да е над 9.0 за да се задржи истата. Ме интересира колку е ова изводливо, колку материјал има за учење, дали е растеретена програмата за разлика од Јустинијан, дали има поправни колоквиуми и испити, каков е односот на професорите итн. Многу сум нестрплива, радосна и исплашена во исто време така да сите информации се добредојдени
Јас завршив на Штул генерација 2004 - 2008 , смер Компјутерски науки и технологии. Во мое време секој семестар плаќавме 750 евра + трошоци за книги и материјали за учење + 4000 денари месечна кирија бидејќи спиев во кампусот таму, плус трошоци имав за автобус Тетово - Штип , си идев дома секој втор викенд, плус пари за јадење и лична хигиена оти не знаев да готвам , па јадев по ресторани, плус пари за такси за да излезам со другарки од кампусот до центарот на Тетово за кафе шема. Јас сум презадоволна од студентскиот живот , од односот на професорите кон нас, нивната достапност , нон стоп им висев над глава после предавања да ми дообјаснат и ептен си помагавме со сите колеги. Имаше предавања на англиски каде бевме буквално мешани македонци, турци и албанци на исто место, па во ниту еден момент не се осеќав отфрлено или да ме гледале на чуден начин , туку баш напротив, дружење до максимум. Моја генерација од Штул се пеачките Туна и Тамара Тодевска, само што они беа на смерот Комуникациски науки , но имаше во првите 2 семестри некои предмети да ги имаме заедно , пример предметот Албански јазик, Gender communication и уште некој изборен предмет , не ми текнува сега. Преку Штул ме пратија на студии во Германија , значи платено сместување, учење јазик и полагање 3 испита кои ми ги признаа. Откако дипломирав, дипломата од Штул ми ја признаа за Мастер студии по Компјутерско инжинерство во Осло, ама јас ги откажав студиите оти почнав со работа. Не знам сега како е на приватните универзитети, ама во мое време беше ептен на ниво, се осеќав ко да студирам во странство. Еххх колку убави времиња беа тоа .....