1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шумарски факултет

Дискусија во 'Образование' започната од littlegirl92, 13 октомври 2010.

  1. littlegirl92

    littlegirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    Јас сум прв семестар на шумарски факултет во скопје па ме интересирасе дали има некој што студира таму или можеби завршил да сподели искуства??? :* :D
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да се запишам на шумарски,поточно проектирање на мебел и дизајн на ентериер.Четврта сум сега и незнам кои предмети треба да ги полагам матура,треба ли математика екстерно или може и англиски?Има ли некој студент на овај факултет да ни помогне малце со прашањта на мене и форумџиката над мене?Фала однапред :) :*
     
  3. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Искрено 1209 не знам како оди ова сега со државнава матура,јас сум 4та година на Шумарски и јас кога се запишував ми ја броеа оценката од математика во поените тој ми беше првиот најбитен предмет,а Литл грл на кој смер си?
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Што убаво има темичка и за мојот факултет :D
    и јас сум на шумарски прв семестар на ОУЖС (сега среќно го завршувам)
    за уписи иначе нема апсолутно никаква врска што ќе полагаш гледај (многу се малку оние што имаат математика полагано) само да извадиш повисока оценка и гледај екстерните да ти се поклопуваат затоа што за овој смер најмногу се пријавуваат
    исто така можам да ти кажам дека математика и хемија лесно се поминува(сите 4 смера исто учат) за физика знам дека е малкууу понезгодно исто и анатомија и вака пред време да ти кажам бидејќи изборен се бира англиски или дендрологија немој ни случајно да си отишла на дендрологија ќе си ја измачи душичката англиски полесно не може да биде
    се надевам се ова ти е ид помош ако ти треба уште нешто пишувај :) :*
     
    На 1209 и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  5. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    а да ве прашам за што точно е факултетов, шумарски?
    што стануваш после? чисто ме интересира, да си знам :)
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    И јас сакам да се запишам на шумарски исто како 1209, ама ич не ни е активна темата :doh: .
    Дај пишете нешто.
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    И мене истово ме интересира? Никогаш не сум го ценела овој факултет, можеби зошто не сум била во контакт со никој кој студирал или завршил итн. Сакам да дознаам што може да се работи понатаму со овој факултет од чиста култура :)
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Исто како милион други работи кај нас, и на ова не се обрнува внимание. Значи вака сега на шумарски моментално има два смера: шумарство и озеленување и унапредување на животната средина.
    И двата смера имаат исти часови првите две години, а понатаму се делат. Со шумарство (на ова повеќе одат машки) може понатаму да се работи во државни институции како македонски шуми, национални паркови, водостопанство, министерства и сл. Е сега другиот смер е далеку поинтересен, барем за мене и е поженски смер, ако може така да се каже. Понатаму може да се работи како пејсажен архитект (уредување на дворови), може да се работи на многу проекти поврзани со екологијата и заштитата на животната средина за кои кај нас има многу инвестиции ама нема кој да ги оствари.

    Според мене ова е многу перспективен факултет, и мене барем ми е интересно. Нема по 600 студенти, повеќето професори се многу отворени, има теренска настава, а не само седење на столче.
    Морам да спомнам дека има и свои мани. Многу малку инвестиции одат тука и условите не се којзнае што.
    И ова не знам колку ќе ви значи ама според мене има многу мала конкуренција. Повеќето деца се од средно шумарско и не се најпосветени на учење. Ова е и добро и лошо, зависи за кого како.

    Ако ве интересира уште нешто прашувајте,ама ако сакате да работите нешто поврзано со природата, а сепак интересно може многу да се пронајдете тука.

    http://www.sf.ukim.edu.mk/
    Ќе заборавев ова е веб страната, па разгледајте ја.

    А тоа што имаше пишано 1209, сега тој факултет се оддели и се наоѓа на земјоделски и се вика факултет за дизајн и технологија на мебел и ентериер, еве ви и веб страна од него http://www.fdtme.ukim.edu.mk/
     
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ауф, нема шанси. И овој да го шкртнам и да барам друг [​IMG]
     
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    е баш ме збуни сега :^)
    зошто нема шанси??
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ја разгледував таа страната што ја стави и читам математика, физика, техничка механика, машинство, енергетика, резбарство бла бла :shake: .
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    А со тие предмети на машински, ПМФ или електро ќе отидеш ако ги знаеш или геодезија пример со математика и ќе имаш стопати појако звање, а тука ќе си ги учиш и нула звање според мене.
     
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    А бе остај звање, не ме влечат такви предмети.
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Иди си општествено нешто тогаш мани ги сите факултети кои имаат врска со овие предмети :)
     
  15. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Мојот дечко е пред завршување на Шумарски Факултет општо шумартсво и јас би рекла дека е преспективен факултет доколку го сакате и го учите со љубов.Многу добро некој погоре имаше објаснето што се може да се работи и со сугирност знам дека инжинерите кои работат во националните паркови имаат навистина високи плати.и јас лично сум имала предрасуди во врска со овој факултет, но се уверив во спротивното.
     
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    извини ама коментаров ептен ме изнервира. Кај нас упорно се форсираат само општествени факултети и што корист има од тоа??? којзнае колку невработени економисти, правници, социолози и што уште ти ја знам. За ова може и не сме криви ние, сите ни наметнуваат омраза кон математика и физика демек тешка била. Се се може ако се сака. Општествените факултети се далеку помалку ценети од тенхичките и природните науки, сите стипендии и грантови за во странство се нудат баш за овие смерови.

    А за звањето што рече некој, и тука добиваш звање инжињер.
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Да, ама електро или машински инженер и шумарски инженер која разлика небо и земја е да ми простиш. А за природните науки што дека ги учам и ги сфаќам кога не ги сакам и не ме влечат? Не секому го влечат, да поретки се оние кои ги сакаат природните науки, затоа повеќе ги има дипломирани на општествените и затоа се ценети тие инженери само не сфаќам поврзаност од шумарство до инженер. Ко ќе слушнам инженер асоцира на математика, физика, нешто со тежина а не Природа и општество, Екологија и како да ја запознаеме и подобриме животната средина, тоа повеќе асоцира на биологија :^) Во секој факултет може да се најде предмет што не одговара на самиот факултет, ама на шумарски математики и такви работи не ми е логично ама како и да е во државава многу работи не се логични. Инаку, немам ништо против факултетов само не би го студирала од причина што не ме влече, ми нема некоја конкретна поента вака на прв поглед, сите го користат за потсмев секојпат слушам: види го ни на шумарски нема да го примат, или: е да бе високообразован, со шумарски?! Затоа.
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Колкави се шансите да се вработиш во национален парк ?? Имаме три, нека им требаат по тројца, или ајде, по петмина дипломирани шумарски инженери. 15 души, ќе работат до 62/64 години, ами сите други кои завршиле, каде ќе се вработат ?? :^)

    Се согласувам со Плавуша, можеби звучи навредувачки и глупаво, ама тоа ти е. Глупава земја, нема перспектива во ништо. Сепак, да бидеме реални, поголеми се шансите дека со Економски ќе најдеш попрво работа отколку со Шумарски.

    Мое мислење. :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми беше од фаците шо ги правеа луѓето кога им велев дека ќе се запишувам на овој факултет додека сеуште беше под Шумарскиот.Сите имаа :^) :o фаци затоа што сум била одлична ученичка а ова било факултет за колку да се рече дека имаш факултет.Јас мислам дека секој треба да го учи тоа што сака да го учи, ако некој бил одличен и јак ученик и ако има желба да уредува паркови и да работи со природата зошто тоа би го правело лош студент или недоволно учен човек.Тоа што кај нас нема работа за многу луѓе крива е државата, а не нашите желби што ние сакаме да го учиме ова или она.И без разлика што и да завршиш можно е да останеш години и години без работа.
    Ќе се запишам на овој факултет затоа што сакам мојата креативност да ми биде од корист во животот, сакам да работам и да учам со ќеф,може веќе не е под шумарски ама и да беше јас пак ќе се запишев и немаше да ме засегаат шегите и коментарите кои ќе се прават на моја сметка.А за предметите и мене ме плашат математика, физика, хемија...ама имам желба да учам и нема да се запишам на економски, пошто средно сум била економист или пошто имам така поголеми шанси да најдам работа.

    Е и заборавив да си прашам каде точно се наоѓа сега, во која населба, пак си е таму во Автокоманда?
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    математика ќе поминеш многу лесно, не можам да ти опишам колку глупи задачи даваат
    хемија се почнува од почеток (прв колоквиум имавме прашање знак на ураниум а полагавме со периоден систем)
    физика колегите на овој смер викаат дека е малце незгодна, ама ако се трудиш можеш да научиш

    Втор семестар имаат многу интересни предмети со цртање, ептен е филмски кога ќе ги видиш како идат сите со онакви големи папки :D :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.