1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шумарски факултет

Дискусија во 'Образование' започната од littlegirl92, 13 октомври 2010.

  1. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    1209 ке идеш ти на шумарски?
    и што е после иднината од факулетов не сфакам.. инжињер?
    извинете вака, али некако ми е имево... на кој факултет си, на шумарски..некако ептен ниско звучи..ко 1209 што рече..незнам...
    сепак не би идела јас на ваков факултет :)
     
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не можам да имам високо мислење и да сакам за факултетов од причините што ги кажав претходно + што прочитав какви глупости давале на испити од Тајгерлејди
    ``математика ќе поминеш многу лесно, не можам да ти опишам колку глупи задачи даваат
    хемија се почнува од почеток (прв колоквиум имавме прашање знак на ураниум а полагавме со периоден систем)
    физика колегите на овој смер викаат дека е малце незгодна, ама ако се трудиш можеш да научиш``
    Немам коментар за периодниот систем, тоа ни во 7мо одделение не се прави, а ни за глупите задачи само ај. Е тоа е разликата од инженер до инженер што ја пишав претходно, од машински/електро/градежен до овој шумарскиов.
     
  3. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.897
    Пол:
    Женски
    Вие ако се запишувате на факултет само да се фалите дека сте на високо ниво на не знам кој си факултет алал да ви е,не мора да вреѓате(зошто пишуваново е вреѓање),некој си го сака тоа што го учи.А плус тоа какви се тие коментари,кога ќе ме прашаат на кој факултет си,јас да кажам на шумарски?Оди да пробаш да полагаш некој тежок предмет да видам дали ќе можеш да го научиш па ќе правиме муабет
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Ги разгледав предметите и факултетов воопшто не ми делува за потценување.Тоа што давале професорите така лесни колоквиуми е сигурно зашто нема доволно студенти, па уште да се многу строги фали.И искрено ми се свиѓа што ете конкретно хемија почнувате од почеток, ако нешто сте пропуштиле во средно, сега ќе надокнадите.
    Немало работа...ако имаш среќа, ќе имаш и работа.А и не мора да значи дека ќе работиш по струка.
    А се кладам дека на сите што ви звучи потценувачки терминот инженер по шумарство, е само заради поимот шумарство, делува чудно.
    Тие што си учите таму, не обрнувајте внимание на вакви муабети и вложете си го трудот онаму каде што сакате...еден ден сигурно ќе се исплати ;)
     
  5. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Имам другарка што е на факултетов и знам што и како учат и само ќе кажам дека мене не ми делува баш на лесен... Така да секој факултет си има своја тежина ;)
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.848
    Пол:
    Женски
    Не јас ќе одам на Факултет за технологии и дизајн на мебел и ентериер, сега е посебен факултет ама порано беше во склоп на Шумарскиот,и да и уште да беше ќе одев на него зошто тоа од секогаш ми било желба да работам. Мислам мене не ми е битно колку ниско звучи името пр. и девојката од Ајде дома го има тој факултет веројатно па сега еве си има работа и е доста барана, и татко ми го работи истото и зема добри пари и секогаш има работа.А за звањето инжињер веројатно да тоа ќе бидам пошто како градежните инжињери изработуваат градби така јас ќе изработувам и проектирам мебел. :)
     
  7. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    ^аха..значи ке бидеш проектант за мебел, значи мебелот би го 'дизајнирала' или ентериерот во домот?тоа ентериер да правиш за домови е многу убава работа и мислам добро платена, само не ми текнува, мислам имаше друг факултет за тоа нез.. :?:
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    ^Се проектира мебел а и се уредуваат простории ако избереш ентериер се разбира, мислам дека е така :)
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.848
    Пол:
    Женски
    Па би го дизајнирала и проектирала во просторот.Во Ајде дома само го вметнуваат во просторот, но со овој факултет ќе го дизајнираш,изработуваш и проектираш, баш затоа и факултетот е технологии и дизајн :) А има Дизајн на ентериер на Европскиот мислам на на друг државен нема слично.
     
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Само да си дообјаснам: математика, хемија и физика се професори од пмф, кои не се ни трудат да предаваат и затоа даваат вакви колоквиуми. Плус ова се предмети кои ги немаат учено сите во средно, затоа што средно шумарско учат по сосема трета програма.
    А сега втор семестар кога имаш дендрологија и ги имаш сите видови на дрва да ги научиш, од кои има 15 видови на даб кај кои разликата е аголот на нервот на листот не е баш така лесно. Или пак да полагаш усно што е задолжително каде ти вади шишарки кои се разликиваат во најмали ситници а ти треба да одредиш која од кој вид е.

    А за разликата од инжињер до инжињер.....и на машински не е некоја филозофија, затоа што им ги даваат прашањата, на дадени прашања секој може да научи

    Јас искрено не разбирам зошто сите мислам дека ако си на шумарски си дебил. Јас лично имав просек 5,оо во гимназија, идев на натпревари математика и го одбрав ова затоа што ми се свиѓа, а сите ми се чудеа зошто таму, па ти имаш потенцијал за повеќе дрн дрн дрн. И тука имам одличен просек, но тој не е добиен на незнаење. Лесно е да збориш од страна, ама учење си е учење. Како што тие на економски решаваат статистика така јас решавам задачи геодезија и проектирам патишта и мостови, како што на правен учат закони и јас ги учам сите типови на почви, дрва, растенија, габи, инсекти и животни.
     
    На femina11 и 1209 им се допаѓа ова.
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Убаво, самоооо шумарскиов испадна од математика и геодезија, до биологија, па архитектура, хемија и затоа ми нема смисла, еден ќе проектирал патишта (за тоа треба геодезија и си има таков посебен смер не знам јас што има врска шумарскиов со тоа, само ај), друг ќе работел во национален парк (пошумувања, почви, растенија - биолошка работа која ја има на ПМФ во многу постручна форма) и некако не се поврзани работиве едно со друго или само мене така ми делува. Убаво е што имате усно, разликувате работи и се тоа, ама што по ѓаволите имаат врска шишарките и нивното постоење како биолошка проблематика со геодезија мерењето и проектирањето мостови и воопшто цел шумарски со тоа ? Некако залутани изгледаат смеровиве од крајности во крајности, е уште што нема за музиката на птиците во природата, па ај нека се вметне нешто и од музичка академија ако не, или на каква почва повеќе ти се исплати да насадиш ружа па може и од економија тука нешто. Не ми се допаѓа тоа, поубаво би било да е конкретно да се знае, одиш на шумарски и самото име да ти кажува што е тоа, а не одиш на шумарски и гледаш предмети од сите други факултети само од шумарски не, така испаѓа. А математика, хемија и физика имаат сите учено во гимназија, па види да отидеш и од медицинско на економски ќе има предмети што ги немаат медицинарите учено па пак не се вметнува Неврологија во економскиот. :x
     
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Епа вака ако си шумарски инжињер мораш да знаеш да проектираш шумски пат, доколку има ерозија да земјиштето треба да знаеш како да го каскадираш и со што да го пошумиш, ако правиш парк треба да знаеш како се прави фонтана, летниковец и сл. Секој вид на растение бара посебна почва и други услови и може да биде нападното од различни инсекти.
    Секој факултет опфаќа предмети од различни области затоа што ништо не може да се оддели од другите науки. Тие што се од средно шумарско имаат слабо или речиси никакво познавање од математика, хемија и физика, затоа што такви се професорите таму.
    И јас не те разбирам кои предмети ги сметаш ти за шумарски????? Ако гледаш така и на психологијиа учат статистика што е предмет од економски, односно од математика.
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не значи дека сите се од средно шумарско, зошто пр. еве јас од гимназија да се враќам да учам за мене банални работи што ги знам ко песна за некој што не знае ништо да слушам јас исти работи пр. хемија што ги слушам од 7мо наместо да научам нешто повеќе затоа е и факултетот? Ако во средно економско пр. има професори што не предаваат убаво или во гимназија еве моето подрачје каде се учи економија, менаџмент, бизнис (задолжителен) и логика значи дека на економски треба од старт да се почне од самиот старт од најнајосновните елементарни работи? - Не. Реторско прашање, не е за тоа факултетот ако гледаме така на факултет не го доградуваш знаењето, туку почнуваш од почеток па за што сум учела тогаш средно ?! Глупости. Е тоа е проблемот во шумарскиов, можеш да претпоставиш какви предмети би имало, не и да знаеш зошто имаат предмети од сите ама баш сите факултети земено и предметите меѓусебе не ни имаат врска и што останува кога ќе се одземат еве ти повеќе знаеш? Неколку предмети. Ја сфаќам да се земе 1 предмет или 2-3 максимум, ама во цел факултет владеат предмети преземени од другите факултети. Вие си знаете, ама кога ќе дојде време за вработување еве ќе ја земам геодезијава сигурна сум дека ако конкурира шумарски инженер и геодезичар вториот ја добива работата. Истото и со шишарките и почвите. Ако конкурираат шумарски инженер и биолог од ПМФ (што е поим) вториот ја добива работата.
     
  14. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    ^ Има некоја логика... па и така испага..
    плавуша, да не и се фрламе на тајгерлејди веднаш, па она таму студира а ти и кажуваш вакви работи..
    јас не би одела на шумарски, мислам плавуша убаво си објасни и ја се согласувам во поголем дел...
    но незначи ако тајгер е на тој факултет дека секогаш е на второ место за работа..
    тајгер, ти учи си максимално, без разлика што си на шумарски, учи си, и стреми се кон тоа што ти е најинтересно и работи си.. и ке биде и вработување и се кога ке дојде време..ти посакувам многу срека.
    :)
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Така де, ништо лично сеа кој кај сака се запишува мене ми беше зборот за факултетот, мислам ме сфати :) Инаку и јас и посакувам среќа ако е тоа тоа што го сака таа :)
     
  16. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    За лесен фах шумарски не е... има своја тежинаа.......... има хемија, математика.... итн итн.... Мој познајник студира таму, се запиша не од љубов туку колку да се рече имам фах и јас!!!! Не се замара мн мн,,, знам се фали влегуваат во кабинети на проф, крадат тестови од лап топ.....препишуаат на големо (кај можат, не секаде ) имаат теренски кои се задолжителни и мн интересни (таака ми пренесуваат)... А колку има просперитет со овој фах искрено незнам.........мислам не мн :| и кога ке го прашам, Кај ке работиш ти??? незнае да ми каже поконкретнооо............
     
  17. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.745
    Јас сум студент на Шумарски факултет,ПТМЕ (проектирање и технологија на мебел и ентериер) и можеби малку каснам со ова,ама ако некој размислува да се запише таму-нека го направи тоа,затоа што и покрај измешаноста на предметите и работи кои никогаш нема да ти требаат во животот,сепак е факултет во кој ти е дозволено да имаш свои идеи,да бидеш креативен,за разлика од општествените науки-го имаш тоа што ти е за учење и толку,мн ограничено.
    Математика,физика,хемија...овие предмети не се ни најмалку тешки за полагање,само треба малце да ги разбираш
    И за крај-секој може да се запише на општествени науки, секој може да набуба,али не може секој на природни науки-за нив треба памет и логика!
     
    На ani4ka23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sani66

    sani66 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Знете ли како полагаат вонредните студенти на овој факултет ?? Објаснете ми ве молам :)
     
  19. ani4ka23

    ani4ka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Вонредните полагаат на испит,но во договор со професорот може и на колоквиум,се зависи од професорите,сите имаат различен принцип...
     
  20. sani66

    sani66 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Фала ти нa одговорот, уште нешто ме интересира дали материјалот за учење се објавува на веб страната или треба да одам кај секој проф. поединечно да се распрашам за тоа.Приметив дека има за секој предмет книги на страната , веројатно не треба се да учи ...Може ли да доаѓам и да слушам некои предавања ?? Одговори ми ако имаш време , не сум во можност да доаѓам на факултетот да се распрашам за ова поради работата.