Секој студент има ментор. Е сега поентата е ако имаш некакви проблеми за да не луташ низ факултетот, си одиш кај менторот и се консултираш со него. Ама тоа колку ќе ти помогне зависи од тоа кој ти е Кај кого си ти??
Не прашувам за мене , за дечкоми ,он е кај Ирена папазова анакиева.вонредно е и работи и неможе да ги најде сите професори да ги праша за литература ,што треба за потпис , полагање и слични работи . не во можност секогаш да излага од работа. Па и побарал помош преку маил , ама не му вратила. Ти која година си ? Имаш ли некој информации што можат да ми помогнат ? Фала
Тоа со мејловите нека се откаже однапред. Нека проба еден ден барем да отиде кај Ирена, она да му подобјасни нешто ама за литература, потписи и се слично ќе треба да оди кај секоја професор посебно бидејќи знаат и да си менуваат од време на време. Или нека види со колегите од генерација, тие што се редовни би требало да знаат што како треба.
Ај да прашам ,за смерот ентериер уште ли има математика,2 хемии ,дендролигија,физика,машинство, хидро,анатомија на дрво,односно сеуште ли се 49 испити ???И Митко уште предава ? Роска уште е на студентски ? И сеуште ли се шетаат студентите на сите можни факултети (освен ветерина и медицина)? Сеуште ли се држат предавања од 8-20 часот со само еден час пауза ? Ако сеуште е истиот принцип кој беше пред 14тина години и ако сеуште не ги тргнале непотребните предмети како гореспоменатите за сметка на некои нови кои би ја разбудиле креативноста ,тогаш тоа е голема штета ,бидејќи наместо да создаваат дизајнери ,тие сеуште креираат инженери кои повеќе не се потребни на пазарот на трудот !!!
Не знам точно за сите предмети ама математика, физика и анатомија на дрво сигурно имаат (од тие ми се жалеле другари/ки ) а за другиве не знам. Инаку сега е посебен факултет тоа, не е веќе во склоп на Шумарски. И мислам скоро сите предавањата им се во зградата на Земјоделски факултет.
Има анатомија хемија и физика во прв семестар друго не.Митко уште предава и веројатно ќе предава додека умре.Ова веќе не е смер на Шумарски туку си има посебен факултет, со одлична организација и многу добри и интересни предмети.Не се шетаме од годинава на други факултети, се си има на нашиот и предавања има скоро цел ден но со 15 мин пауза меѓу секое.
Ова е сега посебен факултет, одвоен од Шумарски, иако се наоѓа во тие згради мислам, а се вика Факултет за дизајн на технологии на мебел и ентерир. Еве линкче па види ги предметите, или јави се и информирај се http://www.fdtme.ukim.edu.mk/
Ви се читаат ли предметните соопштенија ?? гледам ставале прашања за испит ботаника и информатика ама не ми се отвараат! help
Дали е точно дека на Шумарски факулет имам отсек за моден дизајнер.Мислам дека нема,но прашувам затоа што една моја другарка сака да знае.Подобро да знаеш отколку да претпоставуваш
Која е логиката на шумарски да има моден дизајн?Нема таков смер.Порано имаше дизајн на ентериер сега тоа е посебен факултет.
Здраво девојки, има ли некоја што е запишана на дизајн на мебел и ентериер? или пак што има во план да се запише?
Дали е добар шумарски Факултет викаат дека најсчаб и не го признавале секаде истао како да не си завршил факултет.
Абе поим немаат тие што зборат да ти кажам, има шумарски инженери што работат и имаат плата како некој доктор јас да ти кажам.Кој си сака да учи и кој го интересира таа област што го е гајле што мислат другите.Секое школо има вредност кој како се снајде.А за признавање никој фак. скоро не е признаен.
Здраво дечки другарка ми сака да се запише на шумарски поточно за дизајн и проектирање ентериер, но го пропушти првиот уписен рок дали има некој што знае кога е вториот уписен рок, каква е конкуренцијата и колкави се шансите да ја примат ? Благодарам
Здраво дечки имам прашање во врска со шумарскиов факултет сакав да се запишам за екоинжинеринг и екоменаџмент па ако има некој на тој факултет да ми каже како е што е што може да се работи бидејќи слушам многу негстивни коментари а стварно сакам да се запишам таму.