Затоа што баба ми ги конзумира шумливите таблети од KRUGER и јас понекогаш си правам а најмногу ги сакам со вкус на портокал.
Сакам да ги пијам сите вкусови ми се убави посебно портокалот ми е омилен вкус, а инаку порано ги сакав дури и да ги лижам и знам целата уста во пена ми беше Инаку кога имам пијам по едно на ден
Јас со имунитетот никогаш не сум стоела добро, едно време пиев и капсули за негово подигнување, ама не ми помогнаа многу. Јадам овошје, ама во последно време почнаа ноктите да ми се кршат и да ми се лупи кожата на прстите, па почнав да пијам по една таблета од овие Никогаш не сум ги сакала шумливите таблети, ама сега морав да ги пијам, па некако се навикнав. Кожата ми заздраве, веќе не ми се лупи, а ноктите ми станаа поцврсти. Во однос на цената гледам дека се малку покапи од другите, ама внатре има 20 таблети, така што траат скоро месец.
Почнав да пијам пред некој месец мултивитамин и морам да признаам дека имам поголем апетит .Ги купувам од кам 39 ден ефтино а добро
Мене ми се убави,ама дома не купуваме.Добро,следен пат ќе си купам.Ми се допаднаа оние АнаКаренина што ги покажа,бидејќи и јас имам послаб имунитет,веројатно би помогнале....
Понекогаш пијам магнезиум кога ме болат рацете и нозете оти од магнезиумот ми поминува, ама тоа само два три дена ќе пијам на пример и после веќе се е во ред и престанувам...
Си имам навика да ги земам оние од Кам.Има мултивитамин, витамин C, калциум и магнезиум ако не грешам.Евтини се, ги пијам секој ден.
Пијам магнезиум шумливи, и многу ми ствараат мачнини. Почнаб Б6 да пијам пред чашата со магнезиум и добри 50% ми се намалуваат мачнините.
Порано пиев од овие, не често, а и не дека нешто сум многу по вакви нешта, но сега не пијам.Ми имаат кажано, од доктор, дека биле штетни, предизвикувале камен во бубрег.Навидум убави нешта, а којзнае колку здрави.Треба да се внимава што се јаде и пие, без разлика дали на човек му е нарушено здравјето или не.А многу значи, ако се внимава тогаш кога човек е здрав, помали се шансите за да се разболи.
Според мене се што е вештачко - штетно е, помалце или повеќе. За шумливите таблети имам чуено дека се штетни за желудникот, а сите вештачки витамини го скратувале животниот век. Ама па и храната што ја јадеме (и таа што мислиме дека е природна) има вештачки и штетни додатоци, така да ништо не е потполно безбедно за јадење денес. Најубаво е да се пијат по потреба, а не како сокче секој ден (како што знам некои дека прават). Не знам како го трпат вкусот само, многу ми е одвратен.
Јас ги пијам од време на време, кога ќе почувствувам слабост Еднаш земав да ги пијам за да ми се зацврстат ноктите, многу ми се лупеа, а и кожата околу ноктите исто. И еве веќе три години како не ми се лупат, цврсти ми се и убави. Практиткувам и да ги пијам од време на време кога не се хранам доволно здраво, кога повеќе јадам сува храна. Колку се здрави не знам, ама ете мене ми помогнаа. Инаку, секогаш пијам мултивитамин