Мене ми рекоа уште како бебе дека има шум, а никој не ме упати на кардиолог дека мора да се однесе. Сеуште има, не се затворило тоа дупче па имам закажано денеска на кардиолог, а има скоро 3 години Се надевам не е страшно... Инаку и јас имам од раѓање и сеуште имам.
Има различни шумови. Некои мора да се оперираат некои не. Ако до 3 год не се затвори се прави операција. Некои матични само следат некои еднаш годишно праќаат на ехо. Маж ми имал шум ама не бил сериозен и во пубертет се средил. Малата имаше шум за кој треба операција ама на 1 год сам се затвори отворот. Сите се индивидуални.
Бевме и ние прв пат на ехо на срцето поради шумот, го има од раѓање (сега е скоро 3год) но ете не сум добила препорака дека морало да го однесам. Океј е фала богу, рече до пубертет дека би се средило. Невин шум било, битно рече супер е детето, немора пак да се гледаме
Во Систина кај Драшко бевме, 2950 плативме. Супер ми беше докторот, убаво пристапи кон синчево за да не се плаши, ептен фин со него, а и со нас. Детално се ни објасни во врска со шумовите на срце кај малите дечиња
Вчера бевме на втора контрола кај Драшко. Шумот се затворил. Пресреќна бев. Од докторот сум презадоволна и од неговата стручност и од неговиот однос кон нас и малата. Ни препорача уште една рутинска контрола за 10 месеци доколку сакаме.
Bas mi e milo sto se zatvoril nie uste ne sme napravile mesec dena pa ke odime na kontrola da boze i Kaj naj da e zatvoreno pozdrav
Ќе се затвори немој да се грежиш. Можеби не одма ама ќе се затвори. Штом бебчето си напредува супер немаш простор за грижа
Здраво феминки, на вториот скрининг кај Петрова во Ремедика ми открија мало дупче на срцето на бебето (т.е како што она вели шум на срцето). Ми рече дека нема простор за паники дека се затварало уште додека е во стомак или откако ќе се роди. Малку тоа ме смири, но сепак матичниот кога ги виде резултатите ми рече одма да закажам кај Драшко во Систина. Веќе не знам што да мислам цела сум во паники и криво ми е мака ми е зашто да биде вака.. Некој во скоро да бил кај Драшко? Колку е прегледот? Какви се вашите искуства со шум на срце?
Како што сфатив не си уште породена? Кај малата моја имаше на раѓање, ми рекоја да не паничам обично се затворало кај сите и дека не е страшно. По 2 недели откако се роди веќе и беше затворено. Сепак закажи си кај Драшко. Мене никој не ми констатира на прегледите додека ги правев, разбрав дури на испуштање од болница и ми беше шок.
Не сум уште породена, сега сум 23та недела, а кај Драшко само што закажав на 31ви Октомври и тогаш ќе бидам 24та недела.
@Ano имаше такво искуство. За протокот мој совет ти е се да си испиташ ддимери и слично, сигурно Елена и ти нагласила . Да бидеш раат
Не знам како виделе шум у таа недела, јас бев кај Димчев у 22ра, не виде шум, а кога се роди имаше. Не го видел, ни он, ни ГАК, ни матичен, ни доктор што ме породуваше.Веројатно мал бил, ама беше сериозен и имаше шанси за операција. Јас би ти предложила да најдеш некој кој работи исклучиво само ехо на срце кај плодот, мислам дека имаше специјален во Систина за тоа, и ќе ти каже. Може па само пари сакаат да трошош. Битно ќе се намириш и че знаеш точно.
Кај нас беше ист случај. Димчев се сомневаше, Драшко до крај не сакаше да потврди дали има отвор или не. Не паничи пред време. Прочитај во наодот што пишува, дали форамен овале или дупче меѓу комори. Кај нас беше дупче меѓу комори (кое до 28 недела Драшко викаше дека не може со сигурност да потврди дали е отвор или не и на крај не врати да дојдеме откако ќе се породам). После пораѓај се птврди дека има отвор. Излезе дека отвотот кај синчето мое е многу голем и му правеше опструкции на дишење па го оперираа на 5 месеци. Ама пак ќе кажам без предвремена паника. Ако е помало се чека да се затвори само. За жал само Драшко кај нас прави фетална ехокардиографија. Ако си во можност отиди да те види. Се што ти треба тука сум, пиши ми.
Фала ти мила на одговорот, кај Драшко закажав прегледо т ќе биде во среда на 31ви октомври. Инаку еве го извештајот, не знам каков е отворот искрено од што се испаничив и зборовите на докторката ми се како во сон.
Нема место за паники. Малиот мој предвремено роден па по испис не испратија на кардиологија, зошто слушаа шумче, имаше и форамен овале и патент дуктус, докторите рекоа кај најголемиот број случаи кај нормално родени бебиња овие се затвараат неколку дена по раѓање, кај предвеме родени по неколку недели, но може и до година, само да се следи, зависно од ситуација. По еден месец на контрола се беше ок, едното 100%, другото ~90% на контрола за година. И да не се затвори има решение, зависи колкаво е се решава со лекарства, или се затвара преку катетер со кратка процедура, а операција е крајна опција.
Jas so iskustvo mozam da ti kazam deka nema potreba za panika, ama sepak mora da se sledi... Mojot istoto go imase i posle raganje, mi rekoa deka toa e normalno kaj site bebinja samo sto kaj nego bilo malku pogolemo i deka so tek na vremeto ke se zatvara... Kako i da e...koga napolni godina ipol bevme na kontrola mi rekoa deka e mnogu pomalo za razlika od sto bese i nema potreba za grizi... pa mi zakazaa pregled koga ke napolni 5 god. Eve sledniot mesec ke treba da odam. Znaci ne e strasno ne panici nema nisto samo treba da se sledi.
Уф ич не можам во извештајов да се снајдам каде пишува за отворот. Кај мене тогаш пишуваше суспектибилен ВСД, што после се потврди дека е ВСД (vertical septal defect). Штом и докторката ти кажала дека не е страшно смири се. Може ќе излезе дека е само лажна тревога (Драшко вика дека пред 25 мембраните може само лажно да ги нема, односно да не се гледаат зошто се тенки) Само смири се, оди и кај Драшко па ќе видиш на што си. Има луѓе што цел живот живеат со вакви мани и не се ни свесни дека ги имаат.
Вика ИВС (преградата меѓу коморите-интервентрикуларен септум) со мал дефект, ваљда тоа е. П.С. И јас сум цел живот со шум, кој значително се смали со годините, како дете одев 2 пати годишно на контроли на кардиолог, сега рутински преглед годишно што си правам.