1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шум на срце кај новороденче

Дискусија во 'Бебе' започната од kiki_riki, 6 јули 2017.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.311
    Пол:
    Женски
    @Annie.mk1 како помина на контрола денес?
     
    На Annie.mk1 и eli25 им се допаѓа ова.
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Здраво Ано, бев вчера во Систина кај Драшко и искрено добро поминавме. Докторот е навистина добар, љубезен и многу трпелив. Дупче (или шум) помеѓу левата и десната комора немаше овој пат, не знам дали се затворило или што станало. Во секој случај Драшко рече дека е се во ред, и протоци на крв и артерии, пулс, притисок се провери и според него се беше супер. Исто напомена дека да се види шум на срце тоа би било после раѓање на бебчето, рече дека вака е тешко да се утврди тоа но сепак погледна неколку пати и тоа мало кругче што го видов во Ремедика го немаше овој пат. Имаше отвор помеѓу лева и десна преткомора на преграда , но ми рече дека тоа морало да биде така бидејќи пумпало крв од една во друга преткомора и дека со сечење на папочната врвка тоа се затварало. Ми објасни дека тоа било нормално и доколку би било тоа затворено бебчето нема да е живо. Се на се, добро поминав докторот е многу трпелив и навистина на моменти е како психијатар знае да те смири. Ми закажа уште една контрола 28-29 недела за да го видиме отворот меѓу преткоморите во случај да не се затвори, ако тогаш биде во ред рече дека ќе си тера супер бебчето и срценцето до крај т.е. до раѓање.
     
    На Sexybaby86, kukla21, DuchessAnn и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.311
    Пол:
    Женски
    Супер. Баш ми е драго. Сега мирно ќе си ја тераш бременоста :) А другото дупче меѓу предкоморите е нормално и се затвора после раѓање, па во рекот на првата година.
    Уживај па ќе се читаме во мајчински.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со Др Иван Милев од Филип Втори за шум на срце кај бебе?
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.166
    Допаѓања:
    102.132
    Пол:
    Женски
    Јас бев за малото, многу добар доктор. Моето е прематурче и родено со мал шум на срце, до годинка се среди.
     
  6. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Фала многу јас се мислев меѓу него и Драшко од Систина
     
  7. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Ми предложи педијатарот преглед кај др. Лазарова во Струга?
    Времево некако не ми е за да одам за Струга. Во Скопје дали во систина или во жан е подобро да закажам?
    Ако е навистина добра др. Лазарова би отишла не велам не.
    И тотално ми е непознат овој термин нели се гледаше оваа маана на скрининг?
    Некако ме изненади непријатно кога ми кажаа
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Па баш во Струга?! Од Ск да одиш за Струга?!
    Јас имам наводно бесплатен преглед, ама еве во Систина не можат да се разберат кој треба да го прави. Драшко или некоја докторка (не ми текнува на името). Така да, секако има кој го прави тоа во Скопје. Јави се во контакт центарот.
    Секако Систина има детска кардиохирургија, па да нема кој да направи ехо на новороденче ми е малку нереално.
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.700
    Допаѓања:
    4.216
    Пол:
    Женски
    Др. Драшко од Систина прави ехо на срце на новороденчиња. Пред излегување од болница, побарав да му направи на моето бебе. Баш за шум на срце рече дека тој термин е измислен, порано многу го користеле и не постои такво нешто.
    Однеси го во Систина за да бидеш мирна и верувам дека ќе биде се’ во ред. Врз основа на што ти кажа педијатарот дека има “шум”?
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Ни сама не знам врз која основа. На визита ми кажаа дека имал шум на срце. И во картонот пишува контрола ехо на стце за шум.
    За оваа докторка не сум слушнала...
    Најдобро систина ке закажам.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Драшко не правел веќе на бебиња
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.892
    Допаѓања:
    132.589
    Жан Митрев имаат доктор. Јас сум разочарана што шумот не го видоа пред пораѓај а 4000 платив у Систина, а не беше наивен. Среќа добро напредуваше малата па не правевме операција. Ние правевме у Државна па дојдоа доктори од Америка да потврдат за операција.
     
  13. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Што ако се открие во бременост, се презема нешто?
     
  14. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Исто верувај во ремедика скринингот го правев некако подзинав кога ми кажаа.
    Се почуствував како на преглед воопшто во бременост да не сум била.
    Фала богу се е во ред кај вас.
    Се надевам на добри вести и кај нас. Па ке ве известам
     
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Лазарова е одлична, јас ти препорачувам да одиш кај неа.
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.311
    Пол:
    Женски
    Ако е таа докторка што ми ја фалеа, викаат дека е незнаменлива во државава (ќе проверам во групата кај децата со срцеви малформации и ќе ти кажам).
    Во секој случај за да не одиш до Струга, а ако Драшко не прави контрола на бебиња повеќе, јас ти препорачувам на клиника кај Константина Кузевка Манева.

    Зависи од маната. Ти кажуваат степен на ризик. Ваша е одлуката иако дел од маните се откриваат касно (после 24 недела).

    Ако на некој му треба било какво инфо контактирајте ме во пп зошто го пројдов тој пат.
     
    На Ava.84 и Happyinlove им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.892
    Допаѓања:
    132.589
    Ете погоре Ано пишала, кај нас не беше страшно ама ќе бевме подготвени, а не докторите по 5 пати да бараат крв да се вади и сатурација да паѓа и после една недела да откриеме по пораѓај дека треба да е на кислород приклучено. Ако не отидеме за друго на клиника и ако не се погодеше другарка ми да најде доктори по ноќи, не знам што ќе беше. Може немаше да знаеме а може и ќе се влошеше. Ако знаевме мислам полесно ќе беше. Јас си знам за стресот додека дојдат од Америка за прегледот, оти не знаеја да ми кажат дали ќе има или не операција за да одиме у Софија.
     
  18. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Го открија отворот во Ремедика, после тоа го следеа во Систина, но само следење и дека може да се затвори до крај на бременост или и отпосле кога ќе се роди. За тоа мислев дали освен што следат има начин за превенција. Сега е 6мм, контролите се прават кај др.Милев во Жан Митрев, тој чека детето да порасне па да му прави интервенција со чадорчиња. Дали знаете искуства за ваква интервенција и дали е доволно мал отвор за да успее со чадорче да не мора операција?
     
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.311
    Пол:
    Женски
    Во бременост не може да се направи ништо, особено што како што ти кажале тој отвор може да се затвори до крај на бременост. За големината не сум компетентна да кажам дали е соодветна за да го затворат со чадорче. Тоа докторот што следи и ќе ја прави интервенцијата е најкомпетентен да каже. Кај малоит мој беше поголем и не беше воопшто опција со чадорче да се затвора, мораше хируршки. Секако ве следат и ќе ви кажат најдобро кога и на кој начин би се затворало. Др. Милев е колку што се распрашувавме еден од подобрите (ако не и единствен покрај Чадиковски, за овој тип на интервенции), само што пред 2,5 години не работеше интервенции на помали од годинка (на бебиња) па за нас не беше опција.
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Јас закажав за кај др. Лиле Лазарова. Далеку блиску до Струга ке одам.
    Некако штом ми ја предложиле не би да ризикувам што знам и јас што да мислам...
    Па ке ви пишам како ке е ...