Шум на срце кај новороденче

Дискусија во 'Бебе' започната од kiki_riki, 6 јули 2017.

  1. Maqy

    Maqy Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Мајки бевме во Софија..Многу ми е тешко.
    Таму го прегледаат бебево и ми рекоја дека некои отвори без разлика на големина не се затвораат сами...Има отвор измеѓу комори и пулмонална стеноза..Препорака операција со рез со еден акт да се реши се, а не само балон како што ни рекоја во Систина.Но ваму ни препорачаа да не брзаме да качува на тежина и контрола на 6-7 месеци, па тогаш да кажат за операција..Можело до година да се чека, но не смеело ни премногу да се чека ниту да се брза..
     
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.189
    Допаѓања:
    40.553
    Пол:
    Женски
    Ќе се среди не се секирај. Бебе ништо нема да се сеќава, а и брзо се опораваат. Нас за околу 2 недели не испушија од болница после операција. Незнам колкаво е бебето сега, ама секако има време, ќе пркне. Следи само како ќе напредува. А таму би правеле операција или тука?
     
    На Maqy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Maqy

    Maqy Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Мајки ни препишаа лекови во Бугарија
    Каптоприл и Спиронолактон...
    Дали сте давале и како?
     
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.189
    Допаѓања:
    40.553
    Пол:
    Женски
    Не ви пишаа дозирање? Малиот мој примаше Каптоприл и Ласикс мислам ама тука немаше каде да му ја спремаат терапијата, никој не се нафаќаше па одевме до Бугарија за да земаме терапија еднаш месечно. После тоа најдовме една жена тука, фармацевт во пензија која спремаше специјални дози за дете, ама мислам кога остана само на каптоприл беше тоа. Незнам каква е состојбата сега со терапии за деца и дали некој почнал да спрема. Пробај зачлени се во групата на фб, мислам се викаше Вродени срцеви малформации може има некој со потазе изкуство конкретно за ова.
     
    На Maqy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Maqy

    Maqy Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Ни пишаа дози но невозможно е сам да спремаш доза..Најдов сега да ми спрема дози...
     
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.189
    Допаѓања:
    40.553
    Пол:
    Женски
    Сам никако. Кај нас ни веледрогериите ненсе нафаќаат да ги спремаат, а камо ли сам. Сепак е специфично, бара стерилни услови и стабилозатори за да не се расипуваат, сепак се лекови. Тогаш пред 5 години само на клиника кај нас спремаа, ама само ако си нивни пациент. Добро ако сте се снашле, ако не ти кажав обрати се во групата сигурно некој ќе ти помогне.
     
    На Maqy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Maqy

    Maqy Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Фала многу
     
  8. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    372
    Е сега навистина ме задума,кај нас не ви дадоа терапија,не ви рекоја за класична операција а ваму сосем спротивно.Сега шубе ми кладе и нас ни драшко ни на клиника не ни даваат терапија, за операција не ни спомнуваат
     
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.189
    Допаѓања:
    40.553
    Пол:
    Женски
    Не си прави стрес, ако требало ќе ви даделе. Се зависи од наодот и состојбата. Ако нема некое оптеретување веројатно немало потреба. Терапијата што ја даваат е за смирување на работата на срцето и диуретици за да нема оптеретување на бели дробови. Кај малиот мој мораше зошто голем беше отворот и како растеше почна брзо да се уморува, а со тоа и послабо да напредува, а они сакаа да накачи бар 6кг. А другиот лек беше зошто низ отвотот имаше позначително прелевање на чиста кон прљава крв која се враќаше така во бели дробови и го оптеретуваше дишењето. Ако детето си напредува добро и ако не забележуваш замор при цицање/хранење веројатно нема потреба.
     
    На Maqy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    372
    Добро напредува и сега за сега ни велат дека сите други параметри се во ред.Се загрижив зошто како што си кажавме погоре на постовите и двете имаат всд 3/6 систолен на перимембранозниот дел со големина од 4мм.Колкав беше отворот кај вас?Немам читано,операција имате направено?
     
  11. Maqy

    Maqy Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2022
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Кај нас не даваат бидејќи не се работел никаде Каптоприлот, само странство го давале со рецепта..Иначе Драшко многу нас ни помогна и ни рече да не брзаме.Тој истата дијагноза ни ја кажа како Бугарија..Слушајте го него..Не даваат на сите терапија..Али отидете и Бугарија кај Др Велковски и Лазаров..Ние бевме кај Велковски и многууу стручен и детален..Се надевам на прав пат сме и ние...Ако треба нешто пиши во порака
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.189
    Допаѓања:
    40.553
    Пол:
    Женски
    Кај вас е мал кон среден. Кај малиот беше голем отвор и немаше простор за чекање, операција мораше. Прашање беше само колку ќе се чека. Требаше да чекаат бар 6 месеци и 6 кг, ама почна да стагнира во напредок и на крај на точно 5 месеци го оперираа. Се помина во најдобар ред. Еве скоро 5 години поминаа од тогаш, нема никаков проблем и докторите беа многу задоволни постоперативно. Сега само си правиме редовни годишни контроли и нормално функционира.
     
    На SarChee и Maqy им се допаѓа ова.
  13. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    20.303
    Пол:
    Женски
    Мајки препорачајте доктор за ехо на срце кај 2годишно дете?
     
  14. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    944
    Пол:
    Женски
    Јас бев кај Валентина Јовановска на детска задоволна сум.Бевме поради шум као му открија на оинт кога лежеше дека предвремено роден.До сега бевме два пати детално го гледаше сега сме добри нема шум.
     
    На H.VAGA и Carolin. им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.210
    Допаѓања:
    46.819
    Пол:
    Женски
    Имаш некоја предизпозиција или онака?
    Дека на малиот на слушалки кога беше болен му слушнаа шум, при раѓање една од докторките рече има ама после по детален преглед од други рекоа дека нема наод, сега кога беше болен пак го наслушаа.
    Ми рекоа дека е добро да го види кардиолог бареме еднаш.
    Не сме биле, ама вака знаци нема дека има проблем.
     
  16. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    20.303
    Пол:
    Женски

    Вчера бевме на дежурен многу висока темп имаше и докторката толку беше сигурна дека има шум, он плаче, се тегне таа ми вели детево има шум, дури и во извештај го пиша тоа. Денес кај матичната бевме, таму мирен, смирен го слушаше вели јас не можам да слушнам ама ако сакаш направете ехо, не е прв пат некој со слушалка да го слуша, вчера се испотресов каде болен, уште тоа ми фалеше
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.210
    Допаѓања:
    46.819
    Пол:
    Женски
    Епа кај нас и матичната слушна кога беше болен и педијатар на детско исто, рече дека кога имаат тт се слуша најчесто оти срцето работи забрзано.
    На пораѓај една од докторките кажа дека има, 5 рекоа дека нема.
    За време на бременост се беше во ред.
    Јас одмана се наканувам да го носам ама после сите контроли за бубрезите не сакам и со ова да го малтретира зошто реално симптоми други нема, освен што се поти многу периодов ама реално до затнат нос е и се мачи да цица и да пие па и залепен за мене спие а топло е, мислам од тоа е.
    Ќе го однесма јас, ама не знам кога.
    Инаку во Штип ми препорачаа некоја Јасмина и овој Митев.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    20.303
    Пол:
    Женски

    И моево нема некој проблем досега никој ми нема ни спомнато, ама еве сеа ела црвот да не ме јаде.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.894
    Допаѓања:
    4.829
    Не е на одмет едно ехо да направите, јас имав позитивен шум кој ми го следеа секоја година до 7-8 години на ехо. Видов во книшката на 3 години ми е дадена дијагнозата, сигурно и предходно слушале ама не е ништо страшно ако се следи и полека се губи.
    Исто и кај син ми на 5 месеци докторката слушна, предложи ехо за секој случај.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.210
    Допаѓања:
    46.819
    Пол:
    Женски
    Ќе направам секако, ама од раѓање е со проблем со бубрезите и на секои 6м правиме прегледи за тоа и меѓу време крв и мокрача обваезно, и плус магнет и други испитувања исто за бубрезите па не сакав и со ова да го потресувам, се тешам со тоа дека до сега изгледа во ред вака физички па не мислам дека е нешто итно.
    Се надевам дека вистина не е и дека не грешам. Фала за инфото.
     
    На naturally и Carolin. им се допаѓа ова.