И мојата матична до ден денешен не слуша шум а син ми има 4 години а досега сме преку 10 пати бидени на кардиолог секаде го слушаат и го водат со таа дијагноза...не е ништо страшно и да го има, еве на син ми ништо не му смета, само на контроли си одиме, за мирна глава закажете си кај кардиолог ќе ви направат и ехо и екг...
Како закажуватр термин кај Драшко? 6пати ѕвонам во систина, немаат распоред и вчера ми велат има еден слободен термин во 6и10 а тоа 6 саат како да стасам да летнам? @AngelOfArh тебе мислам те читав за во жан митрев, и таму ѕвонев и тие немаат термини. Колку чекавте од прилика за термин?
Доктор Иван Милев, во Кардиовита во Чаир е сега, порано беше во Жан Митрев. Одете кај него, нема да згрешите. https://cardiovita.mk/
Работи, само во среда е во Жан Митрев ми рекоа ама немале распоред за октомври. Баш ке пробам утре тука
Јас исто вчера се јавив во жан митрев ми рекоа нема распоред, да се јавам во петок. После дознав дека и во Кардиовита е и ми закажаа за во понеделник. Прегледот во кардиовита е дупло поефтин од жан митрев кај него, чисто како инфо.
Јас да кажам дека бевме кај др Иван Милев, во кардиовита. Презадоволна сум од докторот и од сите таму, ич да не се мислите ако треба да одите.
Јас чекав една недела во петок се јавив за наредниот петок ми закажаа. Докторот е многу фин, убаво ни објасни се, прво гледаа детево да се почуствува сигурно да не плаче или да се вознемири го прегледа ни објасни што како за понатака и тоа беше тоа. Најважно ни беше што не требаше да чекаме месец дена за преглед искрено.
Која е цената за преглед? И нас на последен преглед матичната ми кажа да направиме ехо, и се слушнало шум. Денес ја носев државно ама ми закажаа за 2 недели, па се премислив, ќе барам приватно. Што ви кажаа? Кај нас се посомнева докторката и поради бледо лиценце и некогаш и се прави модро околу уста.
3500ден, има шум моето, невин шум така го кажа докторот ама не треба контроли никакви да правиме, дека воопшто нема да му смета може слободно да си живее како и кога би немал.
Здраво Вчера случајно на Телма амбуланта беше гостин докторот Иван Милев, го има видеото и на фб, зборуваше токму за шум на срце кај дечињата па можеби ке ви биде од корист да го ислушате на тие што имаат потреба или прашања во врска со тоа.