Се што е претерано,не е убаво,па така и со шљокиците. Доколку не се пренатрупани и се во складни бои ги сакам,зошто да не. Додека не стане „све ми боје лепо стоје“ се прифаќа Баш некоја обична маица, може да стане необична со шљокиците. А кога ќе подразмислам убаво,мислам дека имево е кич, и ги прави покичести ШЉОКИЦИ БЕ, Ш Љ О К И Ц А
Уфффф,пред неколку дена во истава тема искоментирав една слика како не ми се допаѓа долг фустан цел во шљокици,ама овој е преубав
Симпатични ми се, не сум луда по нив но ниту ги одбегнувам ко Сатаната лукот. Постојат парчиња кои се толку впечатливи, но и покрај сиот тој сјај повторно делуваат стилски и со вкус, или на пример одлично може од некоја досадна комбинација да направат урбана, типска и некомерцијална. Еве на пример фустанчево премногу ми се допаѓа Во комбинација со црни клот хулахопки, црна салонка без никакви џиџи миџи и мала црна ташничка би дошло ко кец на десетка. Дури ни накит не треба, ништо. Само високо коњско опавче. Али оние вакви шлоќичасти рамбовка фустани уопште не ми се допаѓаат превише ми се Планета тв, кога би било маичка да, имам една таква, ама па фустан не, кај прекраток па уште и претесен за секое грамче салце да го извади на виделина.
Ова третово незнам дали е до буткава или со фустанчето, ама мислам најубо стој. Ама изгледа до бутката е
Не ги сакам оние фустанчиња што се цели со такви наредени Ги сакам оние што имаат само малце и што се интересни, нормални.
како што и вика бабами на сестрами си се накитила како Доринда она сака да носи светкави работи, со светулки и мониста и такви чуда а мене пак ми изгледаат некако ефтино
Нејќам шљокици во принцип, ама зависи и од фустанот, има разлика од фустан до фустан. Некои светкави фустани комбинирани со едноставни, еднобојни штикли знаат да изгледаат убаво пр. син светкав фустан со крем лакирани салонки на платформа и кремаста плик чантичка. Мислам, бидејќи обично е впечатлива боја светкавиот фустан, останатите додатоци треба да се неутрални за да се дојде до некој баланс. Или па храбро е да се усогласуваат боите и тешко да се постигне тоа, никако не ми се допаѓа пр. златест шљокичав фустан со сребрени сандали Вака изгледа убаво, храбри комбинации: Јас би си купила фустан каков што носат ангелите на Викторијас сикрет на втората слика
Многу мразам шљокици. Колку и да ми се допадне нешто, ако има шљокици на него нема шанси да го купам.
Се сложувам со Плавуша, има разлика од фустан до фустан. Ама засега ја нема таа свечена пригода за да облечам таков фустан. Не ми е за петок/сабота навечер, ептен само ако ми е роденден