има разлика од шљокици до шљокици....мене ми се крајно кичести и не ги загледувам,ме потсеќаат на есма.. ама сум ЗА фустан од манго,обично се во боја на песок-камила,со одбрани циркони и како и да се викаат светкиве,и секое е внимателно одбрано каде стои..тоа во комбинација со убави лаковани чевли без никакви додатоци и накит е полн погодок,за некоја свеченост или ексклузивен нокен клуб..не било каде а и сега новиов моден тренд е со ситни светки,како пред 10тина години,има убави џемперчиња балетанки со дискретни и нежни светки..
Фармерка салонка или балетанки и ваква маичка зошто да не. Ама тие хаљините целите со шљокици не фала. Бугарка певаљка не сум. хахах
Кога ќе ми се спомне шљокици веднаш ме асоцира на шопингхоличарки, кога одат на шопинг и тоа нивното "хаљина са шљокицамa"... Не преферирам да носам и се трудам секое парче што го носам да нема шљокици.. Највеќе ме нервираат оние фустанчиња со пола дупе надвор, па уште и лупнати некои шљокици, оуу мај гад Се сетив дека имам една летна блузичка со малку светљуцав изглед и ја немам облечено никогаш.. Не е мој стил,што знам.. Можат денешните девојки и подобро..
Шљокици Колку сум се смеела еднаш на свадба кога бев и доаѓа една млада девојка со фустан од горе до доле цел со светки И едно дете така 7-8 годишно застанало ја гледа и вика: -Си се дотерала, ама со светкиве малку си претерала многу ме насмеа детенцево Сигурно од оваа песна тоа го научил Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=ZkvD6AXsfNU
Мене шљокициве ми даваат многу симпатичен шмек на аутфитот. Ако знаеш да ги носиш - многу се фраерски Што им фали на овие комбинации? Мене ептен ми се штосни.. Па дури и оваа (поголемка е па ќе ја ставам во спојлер) : Спојлер
Иако ми изгледа фино по некоја ваква „светка“ на парче облека, не ги купувам од практични причини. Ако се лепени циркони, отидоа по едно перење, имајќи го во предвид квалитетот на облеката кај нас. Истото важи и за лошо сошиените.. Така и ден денес си ја гледам една блуза што ја платив скапо, ја облеков едвај неколку пати и сега само по дома може да ја носам. Затоа, шљокици ако се вкусно ставени, кај други ок, кај мене веќе не
Убави се,ама да не е претерано светкаво.Би носела на некој посвечен настан такво нешто, или пак негде ако излегувам,ама не како за на кафе,туку вечерно излегување.Ако е убаво искомбинирано,делува елегантно.
Дајте бе луѓе зборувајте македонски , а не српски , не се вика шљокици туку СВЕТКИ! Инаку и јас обожавам светки,имам неколку алишта со светки, здолниште, една блуза летна, сега последно земав од ибеј цел фустан со светки на кратки ракави,еве овој првиот е
...би носела но само колку да привлечам внимание кон некој дел од тело-можеби кој како сака нека си носи. Како и да е... интересни се привлекуваат внимание , но не мора да се претерува... зависи и од тоа што сака личноста да постигне и за каква прилика е..што знам... Секој со свој стил!
Некои девојки навистина знаат да искомбнираат и најголеми „глупости“ на себе и сето тоа така да го спакуваат и да изгледаат толку добро... им се восхитувам на таквите јас не сакам светкави работи, накити, па ни алишта, но имам по некое парче кое ми е мило и си го носам а ова светките некои девојки баш знаат да си ги носат и баш да се топ
Ми се допаѓаат, има убави парчиња со шљокици. Јас имам еден фустан кој има малку шљокици во пределот на градите и ми се допаѓа како стои и си го носам.
Не сакам никакви светки на облеката, безвезе ми е коа ке видам некои дотерани као лампиони. Не сакам ништо што ,,боде,, очи.
Имав фустан за матура таков .. Со такви светки точно како лампиони никогаш веќе нема да го облечам никогашшш ! хахаха