б комплекс апчиња.Зошто и како ги користите?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од feminauser123, 8 декември 2013.

  1. feminauser123

    feminauser123 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Видов дека нема посебна тема само ги спомнувате па затоа отворив :)
    Па зошто ги користите овие мали кафенки апченца? За која возраст се најпотребни и погодни? Можат ли да се пиат без никаков проблем туку онака чисто за одржување на убавината..? Кое време ги пиете , по колку на ден и пред или после јадење? И за што друго ги употребувате( прочитав некои ставаат во шампон едно друго? И едноставно кои се придобивките и дали имаат лоша страна? :?:
     
  2. feminauser123

    feminauser123 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Нека пише некој барем дека прочитал -_-
     
  3. feminauser123

    feminauser123 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Абе оти не реагирате? Сигурно сте чуле или земале од овие апчиња зарем до толку никој незнае?
     
  4. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Најпрво да разјасниме на што се се однесува поимот`` витамин``
    Витамините се скупина на есенцијални нутриенти кои ги задоволуваат следните увјети.
    -органски се спој кој не спаѓаат во протеини,масти и јагленохидрати
    -природни компоненти на храната (каде се обично присутни во многу мали количини)
    -оние кои се синтетизираат во нашиот организам не се доволни да ги задоволат физиолошките потреби
    -есенцијални се за нормални физиолошки функции(раст,репродукција,добивање енергија)
    -нивното недостасување предизвикува специфични симптоми
    И можеби уште еднаш треба да разјасниме дека витамините НЕ СЕ лек.Тие секако помагаат во чувањето на здравјето ,но не се волшебно решение на проблемот.
    Витанини во суплементите или низ храната?
    Секој кој барем малку стручно се занимава ,најпрвин ќе ви препорача внес на сите нутриенти преку храната.Затоа што со витамините преку храната ќе ги внесите и останатите нутриенти .Инаку конкретно за витамините ,внесот на суплементи (таблети,прашак и слични приправци) може да биде опасен,ако не се пази на дозирањето(на што посебно се однесува на витамините топиви во масти,затоа што тие подолго се задржуваат во телото од оние што се топиви во вода).

    Сега кога разјаснивме неколку клучни работи за витамините ,да се вратиме на насловната тема-витамин Б комплекс.
    Главна карактеристика им е дека сите се топиви во вода

    Во групата витамин Б –комплекс спаѓаат.
    -витамин Б1 (тиамин)
    -витамин Б2 (рибофлавин,витамин G)
    -витамин Б3 (ниацин,витамин P)
    -витамин Б5(пантотенска киселина)
    -витамин Б6(пиродиксин)
    -витамин Б7 (биотин,витамин Н)
    -витамин Б9(фолна киселина ,витамин М)
    -витамин Б12 (кобаламин)

    Витамин Б1
    Важен е во метаболизмот за јагленохидратите,за нормално функционирање на мембраната на неуронот,при нервомускуларниот пренос,со што овозможува нормален тек.Исто така им помаг на спортистите како превенција на уморот,и во разни состолби проследени со напрегање.Служи за подобрување на концентрацијата и подобро искористување на металните способости.
    Недостатокот од овој витамин е узрок на болеста бери – бери, која прави пореметување на средниот живчен состав и ослабнување на мускулите.Некогаш била проширена на далечниот исток заоа што луѓето користеле само олуштен ориз.Денес е ретка ,мо во развиените земји узрок е алхохолизмот.
    Препорачана дневна доза е 0,9-1,5мг тиамин за мажи, и 0,8 -1,1 мг за жени.Дневно во телото се апсорбира окулу 1 мг.Вишокот се излачува.
    Извори на тиаминот се ,производи од цјеловитих житарици,семки од сончоглед, грашак, свинско.
    Осетлив е на долго готвење,може да се сочува со готвење на пареа,а исто така е стабилен и во смрзната храна.

    Витамин Б2
    Уклучен е во метаболизмот со сите макронутриенти.Има клучна илога во конверзијата на аминокиселини и масти во АТP односно во погонска енергија и во активирање на витаминот Б6 и фолната киселина.Токму поради тоа на спортистите им треба во поголеми количини.Суделува како коензим во оксидативно-редукциски реакции во телото.
    Недостатокот делува на здравјето на кожата и слузницата,рожницата на окото и живчаните овојници.Се појавуваат испукани и црвени аглови на усните ,воспалени капаци ,преосетливост на светло,глоситис(болен,гладок и гримизно црвен јазик)
    Препорачана дневна доза е 1,4 – 1,7 мг за мажи,и 1,2 -1,3 мг за жени.

    Најбогати извори на рибофлавин се млекото и млечните производи.Следат и производи од цјеловитог жито и темнозелен лиснат зеленчук(кој е главен извор на рибофлавин за вегетаријанците и оние кои не конзумираат млеко).

    Витамин Б3
    Единствен од витаминот Б-комплекс кој се јавува во два облика,како никотинска киселина и нејзина сол-никотинамид.Важен дел е коензимот потребен во метаболизмот на глукозата,мастите и алкохолот.Исто така е единствен по тоа што во телото мпоже да се синтетизира од аминокиселини триптофан(60 мг триптофан+ 1 мг ниацин)
    Никотинската киселина помага кај покачениот холестерол и триглицериди,при болни менструации,кај акни ,фотосензитивности и уште некои слични состојби.
    Недостатокот од никотинска киселина доведува до болеста позната под името пелаграПелагра често се нарекува 3Д болеста затоа што ја обележуваат како дерматитис,дијареја и деменција.Често се јавува кај особи чија прехрана е сиромашна со протеини ,а тоа најчесто е кај хроничните алкохоличари .Сепак поголема количина на никотинска киселина ,за разлика од никотинамидот,можи да биди токсична.
    За овој витамин нема строго дефинирана препорачлива дневна доза ,туку границите се движат околу 15-20 мг.

    Најбогати извори се печурки,аспарагус и лиснат темнозелен зеленчук,и пивски квасец,кикири ,риба и месо.

    Витамин Б5
    Составен е дел коензимот А,кој е важен за метаболизмот за сите три макронутриенти.Игра улога во синтезата на холестеролот.Многу е распростран во природата ,па по правило нема потреба за негова суплементација.
    Постои во два облика,чиста пантоненска киселина и нејзина сол калцијев-пантотенат.Пантотенатот помага во регулацијата на високиот холестерол и триглицериди во крвта, а чистата пантотенска киселина помага кај реуматоидниот артритис и во превенција на акни.
    Често препорачана дневна доза е 4-7 мг за возрасни и 3-4 мг за адолесценти.

    Извори се,месо, риба (посебно лосос), житарици и грашак

    Витамин Б6
    Можеме да кажеме дека е најзначајниот витамин во телото.Многу е важен за изградбата на аминокиселините и со самото тоа и протеините .Ако знаеме дека протеините го изградуваат комплетноиот оргаанизам (станици и ткива,хормони и тн.)јасно ни е зошто овај витамин има толку важна улога.
    Со оглед на своите функции во организмот,витаминот Б6 се користи кај аутизмот, депресија, високиот холестерол, ,висок хомоцистеин,бубрежни камења, астма, атеросклероза, ПМС, а се препорачува кај акtивни спортисти.
    Неговиот недостаток е многу редок ,но во случај да дојде до тоа можеме да го препознаеме по ослабениот имунитет,оштетување на кожата и конфузија. Дефицит е можен заради мала aпсорпција во цревата која е последица од некои болести.
    Препорачани дневна доза за мажи е 2.0 мг. А за жени 1.6 мг при нормална исхрана.

    Топлината го уништува витаминот Б6. Неговата биоасположивост од животински намирници е поголема отколку од намирниците од билно потекло.

    Витамин Б7
    Косата и ноктите бараат биотин за свој раст и развој.Сепак негова поважна улога е процесот глуконеогенеза(стварање глукоза од лактат и аминокиселина),при синтеза на масни киселини и синтеза на гликогенот(сладишен облик на глукоза).
    Неговиот недостаток е исто така редок, но во случај да се случи првиот знак е опаѓање на косата,а следи и црвенило околу ноктите.
    Препорака за биотин е 150 мг дневно за возрасни особи
    Биотинот се ствара и во цревата под дејство на цревната микрофлора.

    Витамин Б9
    Важна е во симтезата на нуклеинската киселина,за раст и развој на станиците и во одржавање на нормална еритропоеза.Фолната киселина ја примаме повеѓе во бременоста заради нејзиното дејство на спречување на развојот на дефекти неурални цијеви на детето.Се покажало и дека фолната киселина може да помогне и кај целијакие,цхрохнове болест и кај заболење на забното месо (гингвитис).
    Дефицит на фолна киселина можен е кај алкохоличарите и кај жени кои подолго време користат антибеби таблети.Кај такви случаеви доаѓа до анемија, оневозможена е синтеза на протеинот и станичната диоба, и отежната е регенерацијата на станицата на пробавниот состав.
    Препорачана дневна количина за возрасни е 150-200 уг фолати.Сите жени кои се трудни или намераваат да бидат,би требало да земаат од 400-800 уг.Интересно е тоа што фолната киселина од природни извори послабо се искористува од синтелската фолна киселина во готови препарати.Фолната киселина топло се орепорачува на сите постари особи.
    Главни извори се махунарките ,јетра, портокалот,пченични клици тие од темнозелен лиснат зеленчук посебно спанаѓ и прокулица.
    Фолната киселина е осетлива на загревање и оксидација во текот на припремање на храната.

    Витамин Б12
    Овај витамин е потребен каде и да се множат станиците .Се синтетизира во дебелото црево,но таму не може да се апсорбира ,па како и останатите мора да се внесува преку храна.
    Витаминот Б12 с фолата ја отстранува метилната скупина и на тој начин го активира ,па истовремено таа матилна скупина се врзува на коензимот витаминот Б12 и така го активира.
    Неговиот недостаток предизвикува настанување на хроничен умор, а состојбата се поправа со суплементација на витамини или негови инекции.Со добро контролиран покус утврдено е дека 2,5 -5 мг цијанокобаламинсекои 2 до 3 дена може видно да ја поправи состојбата кај хронично уморните кај 50 до 60 испитаници.
    Исто така се забележани успеси при превенција кај крохновата болест, депресија, атеросклероза,неплодноста на жената и хиперколестеролемија.
    Недостатокот може да доведе до анемија и некои неврилошки оштетувања,умор и преосетливост на кожата.
    Препорачана дневна доза е 2,4 уг.
    Се наоѓа исклучиво во намирниците од животинско потекло(месо,риба,млеко,јајца).Вегетаријанците се загрозена група кога се зборува за овај витамин.Тие треба да конзумираат соино млеко збогатено со витамин Б12 како замена за месо или пак да надохнадат со земање на суплементи.
    Овој витамин е како останатите осетлив е на губење при готвење ,исто така и на загревање во микровална печка.
    Заклучокот е дека сите витамини се неопходни за нормално функционирање на целиот организам,независно од тоа колку ни се чинеле препорачаните дози мали.
     
  5. bubac

  6. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    КОИ ВИТАМИНИ СПАЃААТ ВО Б КОМПЛЕКСОТ?

    Кога зборуваме за витамини Б, всушност зборуваме за Б комплексот. Тој ги вклучува следните витамини:

    Б1 (тиамин). Значаен е за создавањето на енергија во телото. Влијае и врз работата на нервниот систем, срцето и другите мускули.

    Б2 (рибофлавин). Овој витамин е значаен за одржување на добар вид, создавање на црвени крвни зрнца, зачувување на силен имунолошки систем и нормално функционирање на нервниот систем.

    Б3 (ниацин). Ја подобрува циркулацијата на крвта и го намалува нивото на лош холестерол. Исто така помага и во одржувањето на здрава кожа.

    Б5 (пантотенска киселина). Значаен е за одржување на здрава кожа, влијае врз работата на нервниот систем и помага при стрес.

    Б6 (пиридоксин). Помага при разградувањето на протеините и го одржува здравјето на нервниот систем.

    Б7 (биотин). Помага за нормализирање на нивото на шеќер кај дијабетичарите. Ги зацврстува ноктите и ја одржува косата здрава.

    Б9 (фолна киселина). Помага при стрес и малаксаност. Учествува во создавањето на ДНК и ја подобрува крвта.

    Б12 (кобаламин). Го зголемува апетитот и помага во превенцијата од анемија.

    ЗОШТО НИ СЕ ПОТРЕБНИ ВИТАМИНИТЕ Б?

    Леб и жито
    Витамините Б најмногу се застапени во зрнестата храна.
    Секој од споменатите витамини има своја уникатна, биолошка улога во организмот. Но, како група овие витамини имаат многу заедничко. Тие во телото дејствуваат заедно, како комплекс и многу од нив се застапени во една и иста храна.

    Витамините Б се искористуваат скоро во секој дел на телото како коензими (клучни компоненти на ензимите). Тие се особено важни за одржување на здрави нерви, кожа, коса, очи, џигер и уста. Исто така го помагаат и согорувањето на јаглените хидрати, со што се создава глукоза. Тоа му дава енергија на организмот.

    Различните истражувања пронаоѓаат нови и нови функции на витамините Б. Така, докажано е дека Б комплексот има огромна улога за нормално функционирање на нервниот систем. Експертите сметаат дека внесувањето на поголеми количества витамини Б помагаат во лекувањето на полесни форми на депресија, анксиозност, раздразливост и слабо паметење. Голем број на доктори користат поголеми од препорачаните дози на Б комплекс за успешно лекување на шизофренија и други психички растројства.

    КАКО ДА ПОЗНАЕТЕ НЕДОСТИГ НА ВИТАМИНИТЕ Б?

    Како што веќе споменавме, витамините Б се комплекс од различни витамини, па затоа и симптомите при нивен недостиг се најразлични. Некои од тие симптоми се:

    Анемија;
    Депресија;
    Загуба на апетит;
    Болки во стомакот;
    Грчеви во мускулите;
    Опаѓање на косата;
    Неправилности во развојот на фетусот кај бремените жени.
    До денес не се познати случаи на предозирање со витамини од Б групата. Но, пред да започнете да консумирате поголеми количества, консултирајте се со доктор.

    ВО КОЈА ХРАНА СЕ ЗАСТАПЕНИ ВИТАМИНИТЕ Б?

    Витамините Б можете да ги внесувате преку различните додатоци како мултивитамините. Но, експертите советуваат да ги примате основно преку исхраната.

    Витамините Б најмногу се застапени во зрнестата храна како пченица, ориз, овес, ’рж и во џигерот. Исто така се среќаваат и во зеленчуците со зелени лисја, месото од домашни птици, рибата, јајцата, јаткасти плодови и гравот.
     
  7. feminauser123

    feminauser123 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Вииии благодарам многу :)))) Можам да ги користам она без никаков проблем во вид на апченца? Имам 14 год.
     
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.554
    Пол:
    Женски
    Девојче колку години нај сериозно имаш? Овде пишуваш дека имаш 14, а кога си се регистрирала на форумов си напишала дека имаш 16 години. :^)

    А многу ми е чудно да не знаеш што е тоа тврда, а што мека корица (на книга или пак тетратка).
    Еве ти линк да видиш каде си го искоментирала тоа. http://forum.femina.mk/knigi/igrite-na-gladnite-suzan-kolins-t5783/20.html#p1890691
     
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    На мене ми кажа докторката да ги пијам бидејќи сум слабокрвна.
    Исто така имам слушнато дека помагаат за растење на косата и зацврстување на ноктите. :)
     
  10. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    За подобрување на имунитетот воопшто, а мислам дека го зголемуваат и апетитот малку.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.