дали се разочарувате?

Дискусија во 'Канта' започната од Tanjamm, 18 септември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.629
    Допаѓања:
    14.075
    Дали и од кого се разочарувате? Јас од многу луѓе и во последно време гледам дека се е од корист. И пријатели и дечко, и претпоставени. Најдобро човек да може брзо да ги преболува разочарувањата.
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.169
    Допаѓања:
    175.415
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе очекувам од некој или нешто - толку повеќе се разочарувам. :?:
     
  3. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Секој ден се повеќе и повеќе :sweat:
     
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Еле нема да е интересно ако не се најдат такви луѓе на патот да те пореметат |(
    Meне разочарувањето ми е лекција, а не крај на светот.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Секогаш постои личност која те разочарува и повредува!
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.629
    Допаѓања:
    14.075
    Па да и јас таак, колку повеќе очекувам, помалку добивам од луѓето и се разочарувам. Или таман некого ќе го пофалам дека е добар, коректен, на крај ќе ми докаже дека не е така, дека е баш спротивно. Многу се менуваат меѓучовечките односи, ама на полошо.
     
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Да.
    И понекогаш,тооолку многу што мислам дека е крај на светот. :(
     
  8. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Никогаш не се разочарувам- ниту од луѓето околу мене, нивните постапки, ниту од денешницата, или пак од било што друго... Едноставно никогаш не очекувам ништо од никого- а кога не очекуваш ништо, не можеш да се разочараш... Го живеам животот без многу да размислувам за другите и да очекувам било што од нив...
    Никогаш се немам разочарано ниту од самата себе, точно знам кои ми се можностите и знам што и како правам... :)
     
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Во последно време,ептен сум разочарана.
    А најмногу болки тоа разочарување што е од блиските луѓе.
     
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Многу често се разочарувам, таква сум. Не знам, можеби е заради тоа што животот ми доделил многу неприлики, па понекогаш ми е дојдено преку глава од се. Колку и да викам дека не треба така, сепак потклекнувам. Од кој се разочарувам, најчесто од небитни, и затоа највеќе се нервирам што сум таква.
     
  11. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Личност сум која секогаш премногу очекува и во повеќето случаи не испаднало онака како што сум очекувала. Така да безброј пати сум се разочарала.
    Од се и од секој. Било да е дечко,пријател,член на семејството...
    И мислам дека не постои начин да се преболи за брзо и да се соочиш со вистината. Со тек на време поминува се, па така и разочарувањето.
    Времето лечи се, нели?
    Од една страна е тешко, но од друга и тоа е еден вид искуство во животот. Еден вид на лекција која животот ни ја дава, за подоцна да бидеме посилни и полесно да ги препознаваме работите и луѓето и да не очекуваме премногу.
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    150
    Да. Порано многу повеке за разлика од сега. Како што минува времето така се повеке ги согледуваме вистинските намери на луѓето. За тоа сега гледам и слушам се, но тоа некако не допира до мене повеке :lol: :hai:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.